|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Со бабини деветини изигруваат доктор Хаус

Наташа Бошковска Златкова, 30.10.2014
Вадење шлајм со пердув, црви од уши со цевче, чистење вошки со газија, решавање воспаление на уво со домашно цвеќе, запек кај бебе со ставање лист од билка во анусот на бебето се само дел од примерите што родители ги прават на болните деца

image
/11


 

Лекувањето со бабини деветини, како што ги нарекуваат лекарите, го прифаќаат многу родители. Иако може да биде многу опасно, предупредуваат тие. И за традиционална или за народна медицина мора да се има знаење, велат, иако ваквите „третмани“ се далеку од неа. Човек на мака е подготвен сешто да проба, но мора да се биде крајно критичен, особено кога станува збор за деца

 

Ги лекуваат децата со опасни надрилекарства

Вадење шлајм со пердув, црви од уши со цевче, чистење вошки со газија, решавање воспаление на уво со домашно цвеќе, запек кај бебе со ставање лист од билка во анусот на бебето се само дел од големиот број примери што родители ги одобруваат или ги прават за своите болни деца. Лекувањето со бабини деветини, како што ги нарекуваат лекарите, с? уште го прифаќаат многу родители. Иако може да биде многу опасно, предупредуваат тие. И за традиционална или народна медицина мора да се има знаење, велат, иако ваквите „третмани“ се далеку од неа. Човек на мака е подготвен сешто да проба, но мора да се биде крајно критичен, особено кога станува збор за деца.

Меѓу луѓето се шират многу лажни, непроверени и ризични методи за лекување. Бајачката нема да ги реши бронхитисот и воспалението на белите дробови, тоа нема да го стори ни лој од гуска, сокот од диви краставички наместо да ги исчисти синусите може да направи проблем со срцето, а сирупите со живи јајца може да ги затрујат децата, предупредуваат и познавачите на традиционалната и народна медицина.

Бараат бајачки, надрилекари...

Во дворот пред куќа на жена во скопско Лисиче често има метеж. Чекаат родители со деца за третмани за вадење секрет со пердув. Веруваат дека може да им помогне на болните деца. Луѓе што го прават тоа има и во други населби и низ цела држава. Наплаќаат до 600 денари, а третираат со пердуви, кои ги вријат и потоа со нив го дразнат грлото на детето. Некои со еден пердув третираат повеќе деца. Некои на пердувите и масло ставаат.
- Така н? лекувале нас, така и јас го лекувам детето. Што ни фали. Не може никој да ме убеди дека не дејствува. За мое дете јас решавам и најдобро знам што е добро за него. Сите се прават паметни на муабет, а ги носат децата и на бајачки. Лично видов колку шлајм поврати. Од мака го носам тука, два месеца не можеше да се оправи претходно. Јас сум правник, ако ви значи нешто тоа, и пак верувам - вели Маја, која синчето го носи на третман во населбата Ѓорче Петров.
За бабини третмани, бајачки или самолекувања се разговара и на форуми и на социјални мрежи на Интернет и се разменуваат телефони. Се чини дека ретко кој може да ги разубеди оние што решиле така да го третираат детето, иако многумина им пишуваат дека е опасно.
- Пред неколку месеци ја носевме таму ќерката, наполни годинка. Претходно речиси две недели пробувавме со разни природни лекарства, ама с? повеќе ? се правеше секрет и кашлаше. Како прво, искуството е многу трауматизирачко за детето. Пердувот практично сосила ги провоцира да повраќаат. Во една премала собичка на тркалезна маса седат 3-4 деца на различна возраст и плачат на цел глас, а родителите ги држат. Ги провоцира со пердувот да го повратат секретот. Значи ем трауматично ем баш не многу хигиенски, вируси фрчат на сите страни - пишува мајка на форум.

Друга, пак, вели да не ја слушаат.
- Ништо не ни помогна ко пердувот. С? имавме пробано, де бел слез, де лен, де синап, катран на градите, инхалации, инјекции... Цели два месеца не можевме да го оправиме, две недели во болница, една дома. И се решивме на крај со пердувот. Веднаш имаше промена на подобро - вели таа.
Мајка раскажува дека го носела синчето кај жена да му ги стиска крајниците зашто често се разболувало од ангина.
- Му се појави циста на едниот крајник и моравме да ги извадиме. Не би ви предложила да одите никаде освен кај доктор - советува таа.
На социјалните мрежи бараат совет и за добра бајачка. Ирена бара некоја баба што знае да бае од урочено, ама, како што пишува, да е добра.
- Од август сме по болници со 6 антибиотика, 8 инјекции и капки за нос. Од бајачки си го излекував детето. Во Драчево има една стара бабичка, ќе прашам и ќе ти пишам - одговара друга мајка.
На Интернет разменуваат и искуства за вадење шилци, клинови, како што ги нарекуваат дебели влакна од грбот на бебе и прават третмани со пепел и со ракија.

 

Прочитајте го целиот текст на НОВА МАКЕДОНИЈА

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Васил Гавранлиев претставник за Евросонг 2021
Изборот за песна на Евровизија 2021 година треба да биде 65-то издание на Евровизија. Натпреварот ќе се одржи во Ротерда...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?