|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Snow Queen: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 24.2.2014
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Snow Queen

Датум на породување: 27.12.2013 година

Тип на породување: природно

 

На 26-ти доживеав ужасна нервоза, заради која мислам дека и се случи породувањето...иако дента сите од кај маж ми, свекрва ми, моите...се обидуваа да ме смират, сепак нервозата си го направи своето.
Ноќта околу 23 часот со маж ми зедовме филм да гледаме и јас воопшто не се чувствував добро...но мислев дека тие болки си се онаа честа појава на 3-4 дена. Знам дека филмот не го догледав зошто се стуткав и се обидов да заспијам. 

 
27.12.2013. - петок

 
Во 2 часот ноќта станав до тоалет да одам, болките беа сеуште исти...но што ќе видам, на тоалетната лигав розев исцедок - ми стана јасно дека чепот испаднал. Отидов одма го разбудив маж ми и му велам викни ја мајка ти, тој од збунетост 3 пати излезе од соба и се врати ... а свекрва ми ја нема. Велам, мајка ти ја викна....аааа сега сега и целиот збунет. Дојде свекрва ми и кажав што како, ми рече, ти избери сакаш да почекаш болки или да одиме на лекар.
Ама јас бидејќи фала богу немав компликации во бременоста и тоа малку розево што го видов ме јадеше. Така да се спремивме и отидовме во ГАК, таму во 3 часот, ме ставија на ЦТГ и ме прегледаа, ми кажаа болките се мали не си за да те задржиме и си 3 прста отворена...точно е дека чепот испаднал, така што викендов очекувај бебе.
Збунета, излегов му кажав на маж ми и свекрва ми и си се вративме дома. Одма легнав да спијам, но за едно 3 саати, во 7 сабајлето јаки менструални болки ме разбудија, веќе беа болки кои препотуваат - но издржливи, и интервалот им беше 4-6 минути, за разлика ноќта беа на 10 минути.
Јадев, се истуширав и го разбудив маж ми, тој пак ми вели...чекај нели рекоа викендов. Му велам болките ми се на 5 мин, дефинитивно сме за во болница.
На излегување, девер ми вели и јас ќе дојдам со вас за да не бил маж ми сам.
Отидовме таму...на ГАК поголема гужва не сум видела. Ме ставија на ЦТГ болките беа драстично различни и веќе бев 5 прста отворена.
Маж ми отиде на шалтер да ги среди документите, јас за тоа време се пресоблеков, и ме качија горе во предродилна сала - 10 часот.
Од боксот се слушаат вриштења, некои шетаат, некои лежат...само мене болките со ист интезитет.
Во 12 часот се уште исто, а 7 прста отворена. 
Ај велат уште малку ќе почекаме....дремев на телефон, малку на нет малку со мајка ми/свекрва ми. Никако ништо не се менува, а жена и после мене што дојде се породи.

 
Е околу, 12:30 дојде сестрата (која ми е комшика се знаеме), и ми вели јас сум до 14 часот тука, мора да те породам инаку ако те оставам ќе се мачиш.
Ми го пукнаа водењакот и ми стави провокација, леле за неколку минути кога рекоа болки...почнав раката да си ја гризам само за да не викам, дури еднаш и со тупаница мавнав по тоа фиоките до креветот.
Мореее, почнав и да дувам и да офкам...ај ми дадоа перница доле да клекнам, не биваше тука силата ми се тресеше и почна многу полошо да ми биде, па ми дадоа и кислород.
Во 13 часот ме качија на бокс...но болките кои беа во преден дел ги издржував ама тие во кичма - мислев готово конци кинам во секој момент. 
Ми вели 8 прста на кај 9 си отворена, глатко грло дај молим те напни одма ќе се породиш...ама  јас не можам болката ми мати памет...и така ме остави 10-тина минути со болки на бокс, знам дека цела се изместив и главата надвор...побарав вода, не ми дадоа но ми дадоа мокра газа колку да се забришувам.
И на 2-3 пати губев и глас....некаде кај 13:40 - 13:45 леле кога ме фатија уште посилни болки, ни кислород ни газа помага .... сум се дерела (ама епен кога е неиздржливо) зошто се сеќавам на зборовите - не ја троши енергијата.
Знам солзи ми тргнаа и и реков, дај ми епидурална инаку готова сум, не ми е гајле колку ќе чини.  
Ми рече теорија нема, затоа што си идеална со 2 напона ќе се породиш, да ме слушаше и до сега ќе беше породена, прсти ако треба искрши ми ама ќе те породам природно. Болки толкави си издржала, не вреди сега да ти ја ставаме.
И нон стоп повторував - не можам, не можам, не можам, пријде сестрата и ми вели- само еднаш речи ми можам, погледни ме и речи ми можам...ајде Сноу бебето е на чекор да излезе, а веќе тоновите ми се различни не го мачи.  Леле кога чув дека бебето се губи ли што точно по тоа нивното...незнам ни јас како реков Ајде! ( во мисли ми помина, ако Господ решил 50 болки да доживеам, со секоја наредна сум поблиску до крајот), дојдоа двајца кои ме стискаа од лева и десна страна на стомакот, друга сестра ми ја масираше левата нога зошто имав ужасни грчеви, и мојата сестра ми рече ајде Сноу одиме, на следна болка напни - напнав, и рече браво, извика докторке...почувствував олеснување и сфатив дека со самиот спуст на детето се ослободувам од болката. Тргнав одма да напнам уште еднаш, ми рече НЕ земи неколку пати воздух и одиме уште еднаш, на второто напнување излезе мојата среќа....во 14:05 часот.

    
Одма се исправив да го видам, што да видам модро, мало, слатко....ме обли топлина која не се опишува, а солзите сами одеа, ама не плачев, одма прашав што е, сестрата ми вели се е во ред мирно бебе, за пола минута почна малку да кенка и толку беше.
Ми го дадоа го гушнав, бакнав и одма го зедоа да му го покажат на тато и да го средат потоа.

 
Ете тоа е мојата приказна.

 

1

 

Рингераја му посакува среќно детство на Никола! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

 


 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
4
Воспаление на гингивата (непцата) во текот...
Воспалението на гингивата претставува еден од најчестите стоматолошки проблеми во текот на бременоста.
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
Алекма: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?