|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Смути или свежо цеден сок?

Редакција Рингераја, 23.4.2018
Кога станува збор за здрава храна, овошјето и зеленчукот секогаш го имаат приматот на пиедесталот и се најважните состојки кои никогаш не треба да ги тргнеме од нашата дневна исхрана

image
/11


Најважните витамини, минерали и хранливи состојки нашето тело најлесно ги конзумира преку плодовите, па токму затоа во комбинација со протеини и јаглехидрати, тие секогаш треба да ја исполнуваат барем половина од чинијата.

Брзиот начин на живеење и модерните навики кои ни ги создава секојдневието, придонесе трендот на смутиња и свежо цедени сокови да стане најчестиот начин за редовно конзумирање на овошје и зеленчук. Токму тука се поставува најчестото прашање: Дали е подобро да се консумираат смутиња или свежо цедени сокови? Одговорот на ова прашање е малку покомплексен бидејќи и двата начини си имаат свои придобивки, но сепак можеме да ги издвоиме главните бенефити, па да оставиме вие да направите избор според вашите потреби.

 

1

 

Многумина се фокусирани на бенефитите и нутритивните вредности на свежо цедениот сок. Веројатно веќе имате слушнато нешто како „толку е здрав, можеш да пиеш колку и да сакаш“. Меѓутоа, иако соковите се несомнено здрави и добри за брзо добивање на енергија и витамински буст, пиењето на свежо цедени сокови често и во големи количини може да биде штетно, особено кога ги конзумирате на празен стомак. Голем проблем со соковите е тоа што тие всушност ги исфрлуваат корките, семињата и мембраните на овошјето – делови кои содржат најмногу хранливи влакна како и антиоксиданси, фитонутриенти, витамини и минерали. Кората на јаболкото, семките на малините, мембраните кои ги држат парчињата портокали заедно – сите тие се здрави и добри за нас. Хранливите влакна се добри за желудникот; заситуваат и ја забавуваат апсорпцијата на шеќери, придонесувајќи за помали менувања на нивото на инсулин. Хранливите влакна го задржуваат протокот на шеќер редовен, како што телото го апсорбира и навлегува во крвотокот.

Смутијата се генерално спој на цели парчиња:

Со блендање на овошјето и зеленчукот ги разложуваме хранливите влакна, со што му помагаме на организмот полека да ги обработува и да не дојде до нагло покачување на шеќерот во крвта. Смутињата заситуваат и се идеален појадок или ужина помеѓу ручекот и вечерата. Голем бенефит кај смутињата е што можеме да додадеме и други состојки.

 

2

 

Доколку сте загрижени за флуктуирање на нивото на шеќерот во крвта, обидете се да додадете зеленчуци како краставици, спанаќ или марула.

Овие зеленчуци се богати со вода и имаат малку калории, па така имаат минимален ефект на шеќерот во крвта.

Дополнително, можете да го зголемите нивото на протеини со додавање на Грчки јогурт, во густа или прашкаста состојба. Исто така можете да додадете здрави масти во форма на авокадо, чиа семиња или путер од бадем. Збогатете го блендирањето со состојки со богат спектар на нутритивни вредности како свежо рендан ѓумбир, мача или какао прашок, свежо нане или цимет. Нутритивниот баланс на смутито е тоа што го прави вистинска замена за оброк или одличен пијалок за освежување и зајакнување по тренинг.

 

Уште една многу важна работа, особено за младите мајки, е тоа што most децата обожаваат смутиња, а сите знаеме колку е тешко да ги натерате малите дечиња да внесуваат доволно овошје и зеленчук во својата исхрана.

Со редовното конзумирање на смутиња конзумираме повеќе овошје и зеленчуци со кои го зајакнуваме имунолошкиот систем и со тоа го намалуваме ризикот за чести разболувања и нагло губење на енергија. Смутињата ни овозможуваат да се чувствуваме сито, енергично и инстантно го подобруваат расположението на оној кој го консумира.

Многу смути „почетници“ ја прават грешката на развивање на смути од само овошје или зеленчук. Резултато може да биде премногу густо и тешко за пиење смути. Тајната до совршено смути е баланс на овошје, зеленчук и течности. Препорачуваме 1/3 овошје, 1/3 зеленчук и 1/3 течност (може да биде вода, сок, млеко).

Бидејќи смутито направено од плодови е полно со витамини и минерали помага да останеме подолго фокусирани и умот да ни е изострен и мирен. Со редовно консумирање на смути можете да заборавите на маглата во главата и на чувството на поспаност и напнатост. За крај, нормално и најголемиот бенефит е подобрената дигестија и смалувањето на тегобите и подуеноста во стомакот. Ова се случува благодарение на блендирањето на плодовите, со што се намалува работата на дигестивниот систем, додека паралелно голем број од нутритивните својства и хранливите влакна завршуваат во организмот.

 

3

 

Уште еден многу важен фактор во подготовката на совршеното смути е блендерот кој го користите за правење на смутито. Не секој блендер ќе направи одлично смути. На пазарот постојат таканаречени high speed блендери кои даваат подобри резултати за блендирање. На пример, high speed блендерот на Philips има моќен мотор from 1400W и револуционерна ProBlend 6 3D технологија на блендирање која издвојува повеќе хранливи состојкиод овошјето и зеленчукот. Со своите 35.000 ротации на сечилата во минута, овозможува целиот процес на правење на смути да е брз и лесен, а смутито да има мазна текстура за лесно пиење.Доаѓа во комплет со голем бокал доколку сакате да направите доволно смути за целото семејство, како и со две чаши за носење, со што можете да си направите вкусно смути за на работа или за на спортување. Најдобриот дел е што можете да си направите смути директно во преносните чаши така што нема да има потреба од дополнително чистење.

 

4

 

Повеќе информации за овој производ можете да видите тука.

 

5

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Втори април - Светски ден на лицата со аут...
Светот денеска го одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Целта е да се подобри квалитетот на животот на лицата с...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?