|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скриени писма: Љубете барем еднаш повеќе од еднаш

Анонимен автор, 11.2.2015
Вечната љубов кон едно битие е измислица на фрустрирани и грди баби. Баби кои едвај нашле само еден кој ги сакал. Вечната љубов кон едно битие е лажлива конструкција на болно љубоморни умови. Стапица во која паѓаат неупатените...

image
/11


 

Лага е дека само еднаш вистински се љуби! Мрска лага која ни ја пласираат средношколските споменари, љубовните романчиња, текстовите на песните напишани за свежо заљубените, безочна лага на која не треба да и се верува. Вашето срце не е кутивче за накит во кое се чува само еден скапоцен камен. Вашето срце не е темен казамат, стокмен по мерките на една личност.Вашите срца се широки како планина, со длабочина која се мери во наутички милји.

Вашите срца не можат и не треба да тропаат само во еден правилен такт. Да се предадат на златен послужавник на една гладна личност. Да се сервираат, заедно со нож, вилушка и салфета на кралот, кој само ќе си ја забрише устата по оброкот. Кралеви кои владеат со срца не постојат. Постојат кралеви кои владеат со територии. Вие не сте територија.

 

Ви треба и по некоја аритмија, по некоја тахикардија, забрзан пулс со кој срцето ќе ви пренесе живот низ вените. Ви треба адреналин за да се почувствувате живи, ендорфин за да бидете среќни. Ви треба ладна струја низ телото, топли голфски струи во мозокот, гејзери од кои извира врела вода во длабочините на вашата душа. Не сакате цел живот да го поминете под дејство на кортизол, кој ќе ве направи несреќни, тажни и под постојан внатрешен притисок на темпираната бомба наречена заљубување.

Вечната љубов кон едно битие  е измислица на фрустрирани и грди баби. Баби кои едвај нашле само еден кој ги сакал. Вечната љубов кон едно битие е лажлива конструкција на болно љубоморни умови. Стапица во која паѓаат неупатените.

 

Ако ја прифатите таа безочна лага и се заколнете да живеете љубејќи само еднаш, се осудувате на целибат. Нели и целибатот е љубов само кон Бога? Постојат ли на земјата Богови? Му пишува ли на некој во личната карта дека е Бог? Дали воопшто може да се идентификува таква личност некаде на земјава?

Ако ја прифатите таа безочна лага и се заколнете да живеете љубејќи само еднаш, се заколнувате на идолопоклонство. Да имате само еден идол и вечно нему да му се клањате. Темане да му правите. Да бидете алајка на сопствената глупост. Слуга во казаматот. Личност без дискурс и идентитет.

Ако ја прифатите таа безочна лага и се заколнете да живеете љубејќи само еднаш, ќе станете длабоко фрустрирана личност. Личност затворена во своите догми, во сопствените окови, личност со очи широко затворени.

 

Слушајте ми го зборов: Ер кога да е, ќе дојде денот кога срцето ќе дојде на власт. А тоа знае како да ве ослободи. Ќе ви пушти малку кислород низ вените која за брзо ќе бувне и во мозокот. Тогаш вашиот атрофиран центар за заљубување ќе почне да се полни со течност. Да набрекнува и да се враќа во нормала. Тогаш ќе почнат и сите сетила да се враќаат во функција, а вие во живот.

Љубовта не е вечно замрзната санта мраз, која стои на едно место и не мрда со години, со векови. Љубовта е пупка која пупи секоја пролет, кокиче кое никнува и цвета во снегот, љубовта е течност која тече низ вените и зарад која сте живи. Љубовта е искрата во вашите заљубени очи, љубовта е таа заради која сте убави, заради која зрачите, заради која имате ореол околу главата. Отворете ја вашата душа и љубете, живејте, уживајте! Напијте се од пехарот кој ветува вечна младост, вечна блескавост на вашата душа, ваша бесмртност во срцата на другите. Напијте се барем еднаш повеќе од еднаш за да бидете вечно млади, вечно полетни, вечно убави!

 

На оваа планета сме дојдени заради нејзините убавини. За да почувствуваме многу, за да љубиме многу, за да сториме многу, пред  да се престориме во пепел и прашина. На оваа планета сме дојдени за да љубиме и твориме, за да создаваме и говориме, за да се париме пред да остариме.

После се е џабе, бамбадијала.

 

Не се заколнувајте на вечна љубов, не се колнете дека цел живот ќе љубите само еднаш.

Не сте дојдени зарад тоа на оваа планета.

Љубете барем еднаш повеќе од еднаш!

 

1


Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.

Рингераја.мк гарантира НЕоткривање на нивниот идентитет.


Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк

Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
5
8 Невестински фустани на познатите личности
Ви претставуваме неколку невестински креации на познатите личности, кои можеби ќе помогнат во вашиот избор на невестинск...
3
Fluffy Egg Шумливи купки
Многу слатко, многу чудесно и МНОГУ розево шумливо јајце
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?