|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скратување на ноктите на бебето

Редакција Рингераја, 22.1.2013
Многу пати сте се запрашале зошто Вашето бебе постојано се гребе? Причина се некоординираните движења на рацете и неговите мали, остри нокти
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Многу бебиња се раѓаат со прилично долги нокти на рацете, па се случува да се изгребат по лицето или очите, предизвикувајќи ранички кои лесно можат да се инфицираат. Заради тие причини потребно е скратување на ноктите на бебето.

Ноктите на нозете (иако растат далеку побавно од ноктите на рацете), исто така можат да бидат прилично долги уште од раѓање, но можноста бебето да се повреди е далеку помала. Сепак и тие треба да се скратуваат бидејќи нивните краеви можат да зараснат во кожата. 

За да не се случи сето ова, се советува уредно скратување на ноктите, без страв дека нешто лошо може да се случи. Хигиената и безбедноста на Вашето бебе е најважна.

 

Каков алат Ви е потребен?

  1. Ножички со заоблен врв
  2. Ноктарче
  3. Турпија

 

Кое е вистинското време за скратување на ноктите?

После бањање! Тогаш ноктите на бебето се далеку помеки и полесни за сечење. Најголема пречка може да биде тоа што бебињата се прилично немирни, што ќе Ви ја отежне работата, па заради тоа родителите често се одлучуваат тоа да го направат додека бебето спие. Тогаш е важно се да се направи многу внимателно за бебето да не се разбуди, бидејќи секое Ваше движење го скокотка бебето.

 

Постапка

Водете сметка сето тоа да го правите многу внимателно, за да не дојде до незгода. Се' правете крајно нежно!

Погрижете се просторијата во која ги сечете ноктите да биде доволно осветлена, за да гледате колку точно сечете и да ја следите природната линија на ноктите.

-        Цврсто но нежно фатете го рачето и прстето на бебето.

-        Притиснете го нежно врвот на прстето за да може ноктот јасно да се види

-        Со нежни движења наместете ги ножичките меѓу ноктето и прстето.

-        Сечете ги ноктите благо заоблено

 

Скратување на ноктите кај мали деца

-        Детето нека Ви седне во крило, на едната или другата нога, во зависност со која рака ќе ги скратувате ноктите.

-        Зборувајте му цело време - објаснете што правите и за која намена се ножичките. На тој начин создавате пријатна атмосфера, а детето се чувствува сигурно.

-        Поставете ги нозете на детето меѓу Вашите.

-        Со едната рака фатете го детето за рака, а со другата внимателно сечете му ги ноктите.

-        Можете да му дадете на детето да држи дел од  приборот, додека Вие му ги сечете ноктите. Детето ќе биде задоволно што може да помогне.

Ако Вашето дете се плаши од ножичките кога ќе ги приблиите до неговите прсти, свртете му го вниманието на нешто друго. Нека не гледа. Можете да му дадете нешто друго во раце да се занимава се додека не завршите со сечењето.

Ова се само неколку идеи

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Како да се преживее поместувањето на часов...
Утре, во раните утрински часови, почнува летното сметање на времето, што значи дека ќе мораме да го поместиме часовнико...
4
Чудо на природата: бебе родено под превез!
Гинеколог сподели неверојатна фотографија! Редок феномен кога бебето се раѓа потполно обвиено со превез и се уште не е с...
4
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?