|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

simonamone: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 29.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/141


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: simonamone

Датум на породување: 07.12.2009 година

Тип на породување: царски рез

Болница: во Струга

 

 

Крајниот рок на породување ми беше 1ви декември, но помина и први и втори и никако да се породам, а од болки ни б. Дома сите беа во исчекување прво внуче, а и не знаевме што е, така бевме договорени со маж ми да биде изненадување. На 5ти декември, во петок почнав да чувствувам некакви минимални болки, отидов кај гинекологот кој рече дека  викендов ќе се породам бидејќи веќе сум два прсти отворена. Саботата помина, ништо не ми беше немав никакви болки, а веќе во неделата од сабајлето почнаа болките на 3 саати, па на два, па саат, па вечерта кај десет саат дојдоа на 5 минути. Меѓутоа болките не беа многу силни. Отидов на лекар ме прегледа докторката ми вика ајде на клиника ти си три прсти отворена до сабајле ќе се породиш. Ајде ние се потегнавме маж ми и свекрвами со торбите и одиме на клиника на гинекологија. Ме прими докторот ме стави на ЦТГ и вика  ова се мали болки ништо не е. Ме прегледа на ехо и ми вика имаш време за една недела ќе се породиш, ајде да си одиш сабајле дојди пак џабе да не седиш овде. Ајде ние со торбите назад. Утрото во 8 часот ме примија на гинекологија,  ми дадоа инфузија, провокации и кај 12 часот почнаа невидени болки, ама јас ни глас пуштам, ни ништо. Сестрите доаѓаат ми викаат ти имаш болки, имам, па викни да те слушнеме, да слушнеме дека се пораѓаш мајка лесно не се станува. Дојде 2 часот, имав болки цело време, бев отворена 6 прсти, а водењакот уште не пукнал. Докторката да ме прегледа гинеколошки и ми го пукна водењакот. Поминаа уште 2 часа, веќе ми идеше главата од ѕид да си ја удирам, ама детево мое мрзливо, нема абер, а отворена 8 прсти. Тогаш ме однесоа на бокс, ме прегледа пак докторката и ми вика да не се малтретираш јас мислам најубаво со царски рез, ова твоево нема ни абер ни глас за излегување. Јас реков што сакаш прави само веќе ова не се издржува или вади го или јас ќе го вадам :). Ме однесоа во операциона сала, и последно што памтам беше број до 20, стигнав до 5 и ме снема :).

Додека траеше операцијата сонував некои чудни соништа, како сум трудна како се породувам, а во сонов не сум свесна за тоа, си викам нема шанси ова се глупости... Кога ме разбудија докторката ми вика ајде честито имаш синче 3850кг и 54см, јас матно гледам и викам што и е на оваа што ми зборува каков син, какви глупости. Ме однесоа во постоперациона соба, доаѓаат сестрите ми честитаат а јас си викам што им е на овие каков син, какви глупости, какво дете.

После ми го донесоа моето прасенце, ама веќе бев освестена од анестезијата и се ми беше јасно.Го видов тоа дебелко бебче како се мршти и мижи, не плачеше а и до ден денес не знае да плаче, само ќенка и цивка. Вечерта после породувањето имав ненормални болки, мислев дека со прстот ако мрднам уште толку ме боли. Никакви инекции не ми помогнаа. После ова реков ништо полошо нема од породување со царски рез. Меѓутоа сега веќе се е тоа бледа слика и се е заборавено, поголема среќа и љубов од детенце нема. 

Кога да го видам Андреја се чувствувам исполнето, ништо друго не ми треба освен тој.

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Андреја !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не ги правете овие 7 работи додека се поро...
Еве ги моите 7 совети за тоа што НЕ треба да правите за време на породувањето:
4
Сончање во бременоста
Пред на го изложите своето преубаво трудно тело на сонце, прочитајте што (не) им се препорачува на идните мајки, кога е ...
3
Чоколадото и бременоста
Како чоколадото помага да се роди среќно дете?
3
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?