|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што треба да знаете за новороденчињата?

Редакција Рингераја, 16.10.2017
Ако очекувате дете, сигурно сте ги прочитале сите книги за родители кои сте ги нашле.Но, постојат неколку работи за новороденчињата кои никој нема да ви ги каже, а добро е да ги знаете
Клучни зборови:

image
/11



1. Не им е студено колку што мислите

Замислете некој да ви стави капа, шал и огромно ќебе кога веќе ви е топло. Многу луѓе сметаат дека нивните бебиња смрзнуваат дури и во топлиот дом. Сигурно намерата ви е најдобра и сакате да му биде топло на вашето малечко, но не размислувајте премногу. Ако вам не ви е студено, сигурно и вашето бебе е во ред.


2. „Поврзаноста“ не се случува веднаш

Можеби навистина не постои љубов на прв поглед, дури и кога станува збор за вашето дете. Многу родители очекуваат веднаш да се поврзат со нивните новороденчиња, но оваа врска се создава со текот на времето. Сепак, гледањето бебе кое бара постојано внимание не е лесно како што е прикажано на телевизија.


3. Нема недостаток од совети

Имате прашања за пелени, доење, спиење, колички… за што било? Околу вас секогаш ќе има „експерти“ кои ќе ви кажуваат што да правите и како да го одгледувате вашето бебе. Можете да ги прифатите советите, но ако не ви се допаѓаат слободно заборавете ги.


4. Во пелените се случуваат чудни работи

Кога ќе му ја менувате пелената на вашето малечко, може навистина да се изненадите. Материјата што се исфрла од дебелото црево на новороденчето се нарекува мекониум и има црна боја. Ако имате девојче, можно е да забележите и крв во нејзината пелена.


5. Многу ќе размислувате за изметот на бебето

Дали е редовно? Дали е премногу често? Дали треба да има таква боја? Движењето на цревата на вашето дете е добар индикатор за неговото здравје, па немојте да бидете изненадени што само ова ќе ви се врти во главата.


6. Тие се „лизгави“

Дури и кога навистина ќе се подготвите, првото бањање на бебето може да биде вистински тест за вашата трпеливост. Кога е влажна и со сапуница, меката бебешка кожа станува навистина лизгава. Немојте да се плашите, и слободно побарајте помош. Четирите раце подобро ќе го искапат малиот човек.


7. На вината ќе ? нема крај

Без разлика дали ќе одберете формула наместо да го доите бебето, или пак ќе го однесете во градинка, големи се шансите да се чувствувате виновно. Дури и ако сте најдобриот родител, вината е неизбежна. Постојано ќе се сомневате во себе и ќе се обвинувате за вашите одлуки.

8. Бебешки акни

Кожата на вашето бебе нема секогаш да биде мазна. Акните кај бебињата се честа појава бидејќи нивните мали пори се изложени на многу нечистотија и отрови. Се разбира, немојте да ги чепкате акните на вашето дете и секогаш консултирајте се со лекар.


9. Може да ви изгледа како бебето да губи коса

Често се случува на бебињата да почне да им паѓа косата. Дури и ако се родени со многу густа коса, нормално е да падне дел од неа, особено на тилот бидејќи најмногу време поминуваат во лежење.


10. Ќе се пресоблекувате многу често

Сигурно очекувате постојано да перете бебешка облека. Но вистината е дека и вие ќе ја менувате облеката неколку пати на ден. Протекување на млеко, ноќно потење, повраќање… сето ова завршува на вас.


11. Ќе ја надраснат целата скапа бебешка опрема

Ако размислувате да вложите многу пари за бебешка опрема, како колички, монитори, високо столче и слично, немојте. Сето ова ќе го користите многу краток период бидејќи бебињата растат многу брзо. Подобро вложете во нешта кои знаете дека ќе ги користите подолг период.


Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Дохрана - како, кога и што?
Дали е готово Вашето бебе за дохрана со цврста храна? Новите проучувања покажуваат, дека најдобрата можност за воведувањ...
4
Мамичке, ова е вистината за моето спиење
Спиењето е еден од главните проблеми кој го имаат младите родители. Еве неколку информации како мојот сон да не биде ваш...
4
Дифтерија
Дифтерија е сериозна бактериска болест, која се шири преку респираторниот систем, но исто така се шири и со директни кон...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Дали ви се одпаѓа името Бисера?
*Daniela*



Го обожавам тоа име (11%)

Многу ми се допаѓа (11%)

Да (33%)

Не (24%)

Не ми се допаѓа (8%)

Воопшто не ми се допаѓа (14%)


Број на сите гласови: 95

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!