|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се` знае новороденчето?

Редакција Рингераја, 2.1.2023
Бебето излегува од стомакот со замаглени очи и збунето се обидува да сфати каде е. Повеќето луѓе претпоставуваат дека тукушто родените бебиња се како празен лист хартија и немаат никакви сознанија. А што би можеле да знаат, се прашувате и вие?
Клучни зборови:

image
/11


Но бебињата по се изгледа се раѓаат со извесни предзнаења. Понекои сознанија им се генетски всадени, додека другите ги стекнуваат престојувајќи во топлата, затемнета материца, во која неколку месеци пред раѓањето можеле да гледаат, да слушаат и да чувствуваат допир и вкус.

Можеби некој ќе се запраша како може да се утврди што знаат и што чувствуваат малите бебиња, ако тоа очигледно не можат да го кажат. Постојат неколку техники кои ги користат истражувачите и кои, иако не се совршени, ни даваат некаква претстава што се крие во главата на бебето. Едниот метод е да се следат движењата на очите и главата на бебето. Уште еден начин да се утврди што им се допаѓа на бебињата е да се употреби направа која, преку јачињата на нивното цицање, ќе утврди кој глас му е подраг на бебето (дали гласот од мајката или глас од непозната личност). Бебињата ја менуваат брзината и јачината на цицањето кога зборува мајката и кога зборува непозната личност.

 

Ова е приказ на седумте столбови на предзнаењето на бебето. Новороденчето од раѓање поседува знаење за:

 

Која му е мајка

 

Изгледа дека бебињата го познаваат мајчиниот глас, а веројатно и нејзиниот мирис штом се родат, бидејќи со месеци се навикнувале на неа. Бебињата во второто тромесечие почнуваат да слушаат  и иако звуците од надворешниот свет стигнуваат изобличени до нивните нежни уши, многу звуци ќе се пробијат до нив. Посебно впечатлив ќе биде гласот на мајката, бидејќи неговите вибрации се пренесуваат до материцата.

Новороденчето го привлекува и мирисот на мајката. Во едно истражување испитувачите ставале триесет бебиња на градите на својата мајка неколку минути по раѓањето, но откако едната дојка ја измиле со сапун без мирис, за да го прикријат природниот мирис на мајката. Дваесет и две бебиња почнале да цицаат од неизмиената дојка, а не од чистата.

На новороденото бебе, фрлено потполно во нов свет, сигурно му е голема утеха да го препознава гласот и мирисот на мајката, а после неколку часа и нејзиното лице. Бебињата по се' изгледа се раѓаат со вроден интерес за човечкото лице. Во една болница во Глазгов е направено испитување во кое се вклучени две мајки со слична боја на коса, кои седат една покрај друга зад проѕирна пластична преграда која го прикрива нивниот мирис. Потоа во собата се внесувани едно по едно нивните бебиња. Независниот набљудувач објаснува дека бебињата прво ја вртеле главата кон едната, па кон другата жена, за потоа да го концентрираат погледот на нивната мајка. И покрај незрелиот вид, бебињата стари од 12 часа до 4 дена знаеле која им е мајка и со воодушевување се вртеле накај неа.

 

Што значи да се биде човечко битие

Барем неколку недели пред раѓањето, бебето ќе биде во состојба да види каде се наоѓа – посебно ако мајката во еден убав топол ден го изложи својот стомак на сонце, па поголема количина на светлина се пробие низ слоевите на кожата, масните наслаги и мускулите се до материцата.

Иако бебето во стомакот не гледа човечки суштества, се чини дека од моментот кога ќе се роди им придава значење  на триаголно распоредени точки, кои со својата местоположба потсетуваат на очи и усни. Во испитувањата без престан се потврдува дека новороденчето ја врти главата кон шематскиот приказ на човечко лице, а не кон некоја бесмислена шара. Исто така, новороденчето гледа подолго во човечко лице. Изгледа како новородените бебиња доаѓаат на свет во вроден детектор за лица.

Исто така за нив се значајни отворени очи. Направено е истражување во кое на бебе и е покажана слика на жена со отворени и затворени очи. Бебињата повеќе гледале во сликата на жена со отворени очи.

 

Што се' знае новороденчето - 2 дел

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
4
Како да одгледате паметно дете?
Постојат голем број на работи кои можете да ги направите на почетокот на детскиот живот, за да му помогнете на неговиот ...
4
Прошетка со бебе во зима
Многу мамички се прашуваат дали можат да излезат со бебето на прошетка во зимските денови, колку долго да останат надвор...
3
Лино Стар пелени за деца
Кожата на бебето е многу нежна, тенка и чувствителна. Правилната нега на кожата е многу важна за здравјето, затоа таа тр...
3




Анкета

koe vi e poubavo masko ime
Maria



Filip (44%)

Andrej (56%)


Број на сите гласови: 217

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!