|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се` открива ултразвукот во бременоста?

Редакција Рингераја, 21.7.2014
Како дијагностичка техника ултразвукот е во секојдневна употреба околу 25 години, а неговата безбедност е одамна докажана. Последната препорака на Европското здружение за пренатална медицина, подразбира најмалку 3 ултразвучни прегледи во бременоста

image
/11


 

Квалитетот и можностите на ултразвукот во денешно време се значително подобрени, а посебно во последните десетина години. Во согласност со тоа се менувале критериумите за бројот и начинот на ултразвучните прегледи, кои треба да бидат неизоставен дел на медицински надзор во текот на бременоста. Денешните генерации на ултразвучни уреди технички обединуваат неколку начини на преглед. Прегледите во бременоста  можат да се извршуваат со трансвагинална сонда и со трансабдоминална сонда. И двете техники даваат основна можност на црно-бел приказ во живо. Пософистицираните уреди имаат можност за примена на техниката обоен доплер (ултразвук во боја), со кој првенствено се прегледуваат крвните садови и протокот на крвта. Последен збор на техниката е тродимензионалниот ултразвук, кој се уште не е составен дел на стандардната ултразвучна опрема.

Препораките за задолжителниот број на прегледи во бременоста не се исти во сите земји и најмногу зависат од стандардите на целокупната здравствена грижа во средината.  Последната препорака на Европското здружение за пренатална медицина, подразбира најмалку 3 ултразвучни прегледи во бременоста:

-          Прв преглед на крајот на првото тромесечие (меѓу 10. и 14. недела од последната менструација) и тоа со трансвагинална сонда, бидејќи квалитетот на приказ и можноста за препознавање на анатомските детали на фетусот  е значително подобар во однос на трансабдоминалниот преглед.

-          Втор преглед во периодот меѓу 18. и 22. недела, со трансабдоминална сонда (преку стомакот).

-          Трет преглед меѓу 30. и 34. недела од бременоста, исто така трансабдоминално.

 

Прв ултразвучен преглед (10-14 недела)

Овој преглед е темелен  и со него се утврдува дали се работи за нормална бременост во материцата, дали плодот има срцева акција, колкава е точната возраст на плодот, како и преглед на анатомските делови на плодот и ткивата на постелката.

Најпрво се прегледува дали плодот има срцева акција и дали мрда. Потоа следи ултразвучна биометрија – метод на мерење на одредени анатомски структури, споредба на добиените резултати со стандардните вредности за одредена возраст од бременоста и проценка дали фетусот одговара по својата големина со периодот на бременоста. На првиот преглед се мери должината на нухалниот набор, што е основна мерка за проценка на староста на плодот. Кај жени со нередовна менструација и неправилна, задоцнета овулација, староста на бременоста може да биде и неколку недели помала во однос на времето од последната менструација. Почноста на ултразвучното мерење е најголема во првото тромесечие од бременоста. Во тој период грешките при мерењето и природната различност на плодовите е најмала.

Потоа следи основната анатомија – преглед на главата, трупот, невралната цевка и ткивото на постелката. Во согласност со модерните сознанија од подрачјето на УВ дијагностиката, органите треба да се прегледаат поединечно со намера за правовремено откривање на аномалии, прородни болести и хромозонски пореметувања. На првиот преглед треба да се обрне посебно внимание на  мерењето на нухалниот набор  и  количина на течност која нормално може да биде насобрана под кожата во нухалната регија. Со сигурност се знае дека зголемената количина на течност е честа појава кај фетус со Даунов синдром (трисомија 21 или монголоидизам), но може да постои и кај потполно здрави фетуси. Се мери во овој период бидејќи може природно да исчезне во текот на напредувањето на бременоста, па ако не е забележана меѓу 10-14 недела може да се испушти податокот за можното постоење на хромозомски болести, кои се за жал неизлечиви и можат да бидат причина за одлука за прекин на бременоста. Важно е да се знае дека со УЗВ преглед не се поставува точна дијагноза, туку само сомнеж за постоење на некоја болест. Најлесно и најточно се препознава повеќеплодна бременост и се утврдува дали се работи за еднојајчани или двојајчани близнаци. Тоа е многу важно заради предвидување на можни компликации.

 

Втор ултразвучен преглед (18 – 22 недела)

Главна задача во текот на овој преглед е детална анализа на анатомската градба на фетусот, односно исклучување на можноста од постоење на аномалии.  Покрај тоа, повторно ќе се направи и фетална биометрија, односно мерење на одредени делови од телото. Задолжително треба да се измери обемот на главата, зафатнината на стомакот и должината на грбната коска, врз база на што ја потврдуваме староста на бременоста и нормалниот раст на детето.

Прегледот се извршува со абдоминална сонда. Прво се прави наведената биометрија, а потоа следи преглед од глава до петици. Се започнува со преглед на главата, лицето и мозокот, па се продолжува со преглед на останатите органи и срцето. На крајот треба да се види и полот на бебето, протокот на крвта од постелката и да се процени количината на плодовата вода.

 

Трет ултразвучен преглед (30-34 недела)

Се ближиме кон крајот и веројатно се е во ред. На првите два прегледи со сигурност ја потврдивме староста на бременоста и го исклучивме постоењето на аномалии и хромозомски болести. Единствено што ни преостанува  е да го провериме нормалниот раст на детето. Но зошто воопшто се сомневаме во можни отстапувања во растот? Одговорот лежи во фактот што кон крајот на бременоста постелката старее, а со тоа слабее и нејзината функција. Понекогаш ваквото отстапување од нормалната работа на постелката може да предизвика застој во растот на детето. Доколку се откријат вакви пореметувања, потребен е болнички надзор, зачестени контролни прегледи, а можно е и предвремено породување.

Да не заборавиме дека третиот ултразвучен преглед е можеби и последен пред породувањето, па затоа треба да се утврди местоположбата на постелката и положбата на детето.

Овде наведените медицински проблеми можат да се сретнат кај околу 15% од бремените жени, додека останатите 85% поминуваат без компликации, но сепак заслужуваат да бидат надгледувани на најдобар можен начин.

Среќно!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените почесто бираат машки гинеколог?!
Жените почесто бираат машки гинеколог, а еве зошто
6
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
3
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
3
Антидепресиви во бременоста - ДА или НЕ?
Страдате од депресија и земате антидепресиви, еве што треба да направите доколку дознаете дека сте бремени
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?