|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се` им забрануваме на децата?

Маја Јурин, 28.1.2015
Сите ние родителите им сакаме само најдобро на нашите деца. Да треба би умреле за нив сега веднаш, без ниту едно прашање. Но дали сте сме свесни колку забрани и ограничувања им наметнуваме? Овошјето е здраво, бомбоните се штетни, бла, бла, бла...

image
/11


 

Немој да јадеш толку благо!

Не можеш да носиш истовремено три ланчиња околу вратот!

Фустаните не се за по дома!

Фустаните не се за секој ден во градинка!

Кичестото не е кул!

Не се влечкај со колената по плочките.

По цел ден играш игри, стани од компјутерот!

Не го валкај стаклото со рацете!

 

Знам, сите ние родителите им сакаме само најдобро на нашите деца. Да треба би умреле за нив сега веднаш, без ниту едно прашање. Но дали сте сме свесни колку забрани и ограничувања им наметнуваме? Овошјето е здраво, бомбоните се штетни, бла, бла, бла...

И сега, ве прашувам јас вас, освен тоа што така ние сме зацртале, што има лошо во тоа да се носи фустан секој ден во градинка? Или во тоа дете од шест години да се слизга по паркетот?

Дали некогаш сте виделе, на пример, сериозен претставник на компанија како се слизга по подот во костим? Или адвокатка во фин костим чија сукња се влечка по подот а на рабовите се закачени бисери? Или готвачка со три ланчиња и по два прстени на секој прст? Или келнер кој нарачките на гостите ги пишува на стаклата од прозорците?

Нема такви, да... А сите ние некогаш одамна бевме деца и научивме што смее да се прави и на која возраст. Значи, дозволете им на децата да бидат деца. Баш ништо нема да им биде ако одат на колена, или сакаат да носат фустан со пердуви секој ден. Толку скокаат што еден мафин повеќе, или гумени бомбони нема да им наштетат.

Сигурна сум дека многупати во детството ќе слушаат приказни за важноста на овошјето и зеленчукот и за витамините и сами ќе сфатат што е за нив добро.

Секако, тоа не значи дека треба да им се дозволи да јадат само колачи и да одат месец дена во едни панталони или фустан, но факт е дека ефектот на нашите зборови ќе биде поголем, ако им дозволиме да бидат деца.

Ќе повторам, само ние (родителите) мораме да излеземе од рамките на сопствените ставови и, што е уште поважно, од рамките на сопствениот комодитет. А светот ќе ги поздрави и прегрне самоуверените млади луѓе кои еднаш, кога биле мали, имале право да бидат деца, да истражуваат и да си играат.  И тогаш сигурно ќе бидеме горди на нив, иако можеби сега ни пречи лизгањето на колена и кичестите фустани.

Всушност, ако веќе велиме дека би направиле се за нив, тогаш тоа нека не бидат само работите кои влегуваат во сферата на нашиот личен комодитет и прилагодување. Бидејќи тие не се ние, тие со тек на време ќе станат слика на нашата љубов, нашето воспитување, вложеното време и заложби. Правете го она на што знаете дека еден ден ќе бидете горди – дајте им на децата да пораснат во среќни деца.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
5
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?