Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Бидејќи мојот син за неколку денови ќе полни една година, ова се причините заради кои јас ќе прославувам:
Го преживеав периодот кога 12 часа на ден поминував сама со новороденче и две успани мачки.
Дипломирав во пишување на телефон додека дојам – и тоа поуспешно во темница.
После три недели доење во јавност престанав да се грижам што мојата брадавица му е добро позната на секој келнер и шанкер во моето маало.
Плачев само пет минути што заборавив да ставам влошки на градите од кои течеше млеко како од Нијагарини водопади.
Ги намалив нарачките на Амазон, на два пати неделно.
Научив како да му направам храна на бебето и да не го отрујам.
Не му купував секогаш органска храна на бебето и не го отрув.
Ми се спие само секоја втора вечер кога го дојам (и за среќа никогаш не сум го испуштила бебето од раце).
Мојот син само два пати ме има измочкано на лице.
Мојот син никогаш се нема покакано во кадичката.
Ги прифатив ноќите со експлозии од каки, во замена за ноќите со вино и сирење со пријателките.
Ми требаа само седум обиди за да сфатам како се користи кенгурот за бебето.
Имавме само една епизода на проектил повраќање.
Не заборавав дека имам бебе, па да го оставам некаде.
Заклучив дека може да пешачам километри со лев чевел на десна нога и десен чевел на лева нога.
Не се разведовме со маж ми (а помислив на тоа неколку пати).
Мојот син не проголта влакно од мачка.
Мојот син не изеде измет од куче.
Го прифатив фактот дека половина од облеката повеќе нема да можам да ја носам.
Испаничив и се јавив кај докторот откако прочитав дека бебињата треба да лазат на 9 месеци, а мојот син не лазеше.
Мојот син удри само едно дете.
Мојот син не се задави и немаше некаква тешка ситуација со гушење.
Отидов на плажа и успеав да се изгорам само себеси, додека бебето остана здраво и право.
Не ја изгубив работата, иако три недели го планирав неговиот роденден по цело работно време.
Не го загушив сопругот со перницата (иако мислев) додека мирно спиеше, кога нашиот син врескаше во 3 часот.
Не го задавив следното утро кога ми рече дека сме поминале “мирна ноќ” со бебето.
Не ги смачкав луѓето кои ме прашуваа дали син ми проодел, бидејќи не беше прооден.
Мојот син никогаш не падна од масата за менување пелени.
Прифатив спуштени гради и побелена коса, со замена за мојот прекрасен син.
Е па нека ни е среќен првиот роденден!
Извор: Scary Mommy
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?