Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Не го правете тоа додека сте во кревет
Веројатно сте го фатиле вашето дете како си седи во кревет со скрстени нозе и гледа во екранот. Но, оваа позиција може да биде проблем. Кога седат со скрстени нозе, над компјутерскиот екран, целиот ‘рбет е искривен према напред, со тежината од горниот дел на телото, додека главата влече надолу. Ова го прави ‘рбетот да биде во неприродна позиција, наместо да биде во правилна и исправена позиција.
Пижамите се за спиење
Учењето од дома природно укажува на поопуштен пристап кон тоа. Но, децата треба да избегнуваат да стануваат од кревет и веднаш да започнат со својата онлајн настава. Да се имаат рутини кои прават граници помеѓу училишното и не-училишното време е многу потребно. Будењето секој ден во исто време, проследено со доручек и пресоблекување, е знак за мозокот дека е време за работа. Оваа навика може да им помогне и во понатамошните фази од животот.
Не го правете тоа додека сте на социјалните мрежи
На децата многу лесно им одлетува вниманието. Особено во моментите кога ќе треба да го искористат својот смартфон за нешто, на пример за дигитрон, или да направат повик кон некој свој соученик. Но, разликата е многу голема помеѓу правење повик кон својот соученик во врска со заеднички проект и користење на смартфонот за гледање видеа на ТикТок или скролање на Фејсбук. Ако вашето дете не може да се оддалечи од тој телефон, би можело да биде корисно да се спроведат строги граници и да им се дозволи само да го користат додека се на паузи.
Немојте да го правите тоа ако сте настинати
Тука постои мала заблуда, бидејќи вашите деца сега не треба физички да влезат во училиштето за да присуствуваат на часови. На крајот на краиштата, тие веќе се дома, што претставува болен ден во виртуелен амбиент за учење? Гледањето во екран со температура, главоболка или гадење, нема да резултира со ефикасно учење. Всушност, тие виртуелни минути за учење најверојатно ќе треба да се повторат кога вашето дете ќе се чувствува подобро. Затоа, ако вашето дете не се чувствува добро, подобро е да го оставите да одмори, отколку да присуствува на виртуелната настава.
Не правете го тоа без паузи
Запомнете дека кога вашето дете физички присуствуваше на училиште, тоа сигурно таму имаше некаква физичка активност. Затоа, исклучително е важно децата и додека се дома да имаат одредено време за некаква физичка активност. Редовните интервали на движење можат да ја подобрат когнитивната функција, да го зголемат вниманието и меморијата и да ги зголемат нивоата на енергија. Колку повеќе децата седат и остануваат неактивни, толку е помала веројатноста да останат фокусирани и да ги задржат информациите што ги учат.
6
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Психички развој на бебето во мајчиниот стомак
Психичкиот развој на бебето започнува многу порано отколку што често м...
Интернет опасности за кои родителите не размислуваат
Ризиците не доаѓаат секогаш од „лоши луѓе“, туку од секојдневието....
Најчести грешки при користење овулациски тестови
Зошто тестот покажува негативен резултат кога овулацијата е тука?...
Најчести грешки при воведување дохрана
Воведувањето на дохрана е голем чекор и за бебето и за родителите. Чес...
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...