|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што кога носето е затнато?

Редакција Рингераја, 15.11.2012
Зимата е сезона на настинки, а инфекциите на горните дишни патишта кај децата се многу почести отколку кај возрасните. Дури ни сосем малите бебиња не се поштедени

image
/11


 

 

Најчести причинители на инфекциите на горните дишни патишта се многубројните вируси кои се шират низ воздухот  преку ситни, невидливи капки од устата и носот на заболените, во околината. Во ладните денови повеќе се престојува во затворени простории, па концентрацијата на микроорганзмите во воздухот е значително поголема отколку во лето. Заради тоа ретко кое доенче, или мало дете не е настинато. Прв симптом по правилоп е – затнато носе.

 

Дали кивањето претставува вовед во настинка?

Кивањето не значи дека задолжително ќе се појави кивавица. Бебето кое кива не значи дека е настинато. Кај новороденчињата квањето може да значи реакција на некоја силна дразба, на пример силна светлина. Доенчето кива и кога му е ладно. Ако набрзо не го загреете, може да настине.

 

Како правилно да го исчистите секретот од носот на бебе?

Во првата година од животот носот се испира со физиолошки раствор (0,9% раствор од кујнска сол во стерилна вода). Бебето ставете го со грбот легнато на подлога, во висина која најмногу Ви одговара (најдобро околу 80 cm.) Ако е во прашање постаро доенче, тоа ќе дава отпор на вашите обиди да му ставите било што во носот.  за да не го повредите многу е важно добро да го држите. Ставете од растворот во двете ноздрви на бебето. Ако бебето кивне после тоа, избришете го со пелена или марамче. Во спротивно аспирирајте го'со аспиратор или со мала пумпица за нос.

Аспираторот се користи така што едниот дел го ставате во носот на бебето, а другиот дел во својата уста и повлекувате. Потоа на ист начун ја чстите и другата ноздрва. Доколку секретот е густ почекајте да неколку минути откако ќе ставите физиолошки раствор додека омекне, а потоа аспирирајте.  По чистењето на носето, направата која ја користевте расклопете ја на делови,  добро измијте ја со топла вода и детергент за садови и оставете ја да се исуши. Немојте да ја вриете, бидејќи таа пластика не трпи висока температура, а и не е потребно ако ја користи само едно дете. Можете да ја дезинфицирате со шумливи таблети на база на активен кислород, кои служат за ладна стерилизација.

 

Дали е дозволено носето на бебето да се чисти со стапчиња за уши?

Само надворешно! Но тоа не е доволно за ифрлање на секретот од внатрешноста.

 

Дали на бебето кое има затнато носе треба да му се даваат антибиотици?

Обичната настинка секогаш е предизвикана од вирус, кој е имун на антибиотици, така што не е потребно да давате. Доколку редовноп го чистите носето, настинката ќе помине за 7 дена. Иако постојат капки за нос за возраст над шест месеци, треба да се избегнуваат во првата година освен ако лекарот не одреди поинаку. Испирање на носот со физиолошки раствор е дозволено во сите возрасти. Доколку бистриот секрет се замати и стане густ и зелен, состојбата се комплицира. Тоа може да биде причина за воведување антиботска терапија, за што одлучува лекар. Ако се развијат компликации, најчесто лекувањето завршува со антиботик.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Доење и кариес
Доилките често се сретнуваат со тврдењето дека доењето предизвикува кариес кај децата. Ова тврдење не е точно. Статистич...
4
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
4
Само една е мама
Стигна и научна потврда дека мајката има посебно место во нашето срце...
4
Дехидратација - летна опасност
Под дехидратација се подразбира негативен биланс на вода во организмот. Ако се работи за губиток на чиста вода, хиперосм...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?