Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Но всушност, зад ова „не сакам“ не се крие само инает, туку личност што расте.
Одбивањето е дел од развојот
Детето кое вели „не сакам“ не ве провоцира. Тоа почнува да сфаќа дека има глас, став, избор. И тоа е здрав дел од развојот, особено во периодот помеѓу 2 и 6 години.
Ова е фазата кога мозокот учи дека постои „јас“ и „ти“, дека може да се размислува различно, и дека не мора секогаш да се следи.
Кога одбивањето станува порака?
Зад секое „не сакам“ стои порака. Прашањето не е само што одбива, туку зошто.
- „Не сакам да одам во градинка“ може да значи: „Страв ми е, ми недостигаш, ново и непознато ми е“
- „Не сакам да спијам“ може да значи: „Сè уште не сум спремен да се разделам од денот“
- „Не сакам да јадам“ може да значи: „Сакам јас да изберам кога и што ќе јадам“
Наместо да се борите со зборот, разберете ја причината.
Како да реагирате смирено и паметно?
1. Не го сфаќајте лично. Детето не ве предизвикува вас. Тука само експериментира со сопствената волја.
2. Дајте му избор, не ултиматум. Наместо „Облечи ја оваа блуза“, кажете му:„Сакаш сина или жолта?“. На тој начин му давате да избере и така се чувствува моќно и посклоно да соработува.
3. Разберете ги неговите чувства, а не однесувањето. „Знам дека не сакаш сега да се одделиме, и тоа е во ред. Тешко е.“. Кога ќе го чуе дека ги разбирате и прифаќате неговите чувства, детето нема потреба да се бори.
4. Не влегувајте во битка за секое 'не'. Понекогаш, вреди да се прашате: „Мора ли сега баш да инсистирам?“
5. Поставете граници, но со разбирање. „Знам дека не сакаш да одиш во кревет, ама телото ти треба одмор. Ќе читаме бајка, па легнуваме.“. Тука постои јасна граница и поврзаност, а со тоа и соработка од страна на вашето дете.
Кога да се загрижите?
Ако детето постојано и интензивно одбива сè, особено над 6 години, и тоа влијае на неговото здравје, социјален развој или учење, може да биде знак на подлабоки тешкотии (анксиозност, отпор поради траума, проблеми со сензорна интеграција). Во таков случај, консултирајте се со детски психолог или педагог.
Она што за возрасните е фрустрација, за децата е обид да станат личност.
Наместо да се борите со „не сакам“, одете накај него. Слушнете го.
Зад тој краток збор се крие цела внатрешна приказна.
А токму вие сте тука за да дадете простор да биде раскажана.
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Сите го правиме. Понекогаш неволно, понекогаш заразно, а понекогаш дур...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: