|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што јадат децата низ светот за појадок?

Редакција Рингераја, 19.1.2015
Фасцинантен фото доказ за тоа што јадат децата низ светот за појадок, во седум различни култури
Клучни зборови:

image
/11


 

#1 Saki Suzuki: Tokyo

За првиот нејзин оброк во денот, 2-годишната Саки јаде ферментирана соја, бел ориз, мишо супа, печена тиква прелиена со соја сос, кисела краставичка, омлет и риба лосос на скара. Нејзината мајка вели дека кога Саки прв пат пробала соја сос, веднаш повратила. Сега тоа и е омилено јадење наутро.

 

1

 

#2 Viv Bourdrez: Amsterdam

 

Појадокот на Вив е она за што сонуваат сите деца. Чаша млеко со леб намачкан со путер и што е најважно, слатки струготини. Ги има во повеќе вкусови (чоколадо, ванила, овошје) и во повеќе големини.  Холанѓаните најмногу јадат леб прелиен со чоколадо, што е познато и многу вкусно национално јадење.

 

2

 

#3 Aricia & Hakim: São Paulo, Brazil

 

Дали знаевте дека многу бразилски родители им даваат кафе на децата со појадокот бидејќи тоа е културна традиција? Aricia пие чоколадно млеко, но нејзиниот брат Hakim пие млеко со кафе. Братот и сестрата јадат леб со путер, шунка и кашкавал.

 

3


#4 Birta Gudrun Brynjarsdottir: Iceland

 

Birta го јаде својот омилен појадок, овесна каша, во која има додадено кафеав шеќер, јаворов сируп, путер, овошје и кисело млеко.  Уште поинтересно е што 3-годишното девојче пие по цела лажица рибино масло, кога нема сонце на Исланд и кога нема друг извор на витамин Д. Ако некогаш сте пробале течно рибино масло, ќе знаете колку е тешко за консумирање. Во Исланд децата тоа го пијат уште од 6-месечна возраст.

 

4

 

#5 Phillip & Shelleen Kamtengo: Chitedze, Malawi

 

Phillip и неговата сестра Shelleen го започнуваат денот со слатка пченкарна торта. Појадокот на близнаците исто така вклучува варени компири и црн чај со многу шеќер.

 

5

 

#6 Oyku Ozarslan: Istanbul

 

Четврто одделенката јаде кафеав леб со зелени и црни маслинки, Нутела, исечени домати, тврдо варени јајца, џем од јагоди, путер, мед и низа турски сирења: фета сирење, старо кравјо сирење и козјо сирење.

 

6

 

#7 Nathanaël Witschi Picard: Paris

 

6-годишниот Nathanael  во работните денови за појадок јаде киви, леб со путер и џем од капинки. Исто така може да избере меѓу млеко и свежо исцеден сок од портокал. Во викендите јаде кроасани за појадок, а исто така сам знае да подготвува десерти.

 

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Mлечните заби ги чуваат трајните
Многу од родителите знаат да дадат одговор дека не ги поправале млечните заби на нивните деца затоа што тоа се млечни за...
4
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Детски бонтон
Примерот на однесување научен до седмата година од животот најдолго се помни. Децата и пред да станат ученици треба да ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?