|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Аутизмот предизвикува децата да го доживуваат светот поинаку, од повеќето други деца. Нив им е тешко да разговараат со другите и потешко се изразуваат со зборови. Децата со аутизам се држат за себе и не можат да комуницираат без посебна помош.

image
/11


 

Кога Ана дојде во куќата на својата нова пријателка Марта, го запозна нејзиниот четиригодишен брат Андреј. “Здраво”, рече Ана, смеејќи се. Андреј гледаше во неа и не рече ништо. Тогаш погледна во играчката која ја држеше во раце. Подоцна, во собата на Марта Ана рече “Мислам дека не му се допаѓам на брат ти”

“Не си ти виновна”, рече Марта. “Андреј има аутизам”.

Ана сакаше да знае што значи аутизам, што го предизвикува, како е да се има аутизам и уште многу други работи. Да дознаеме и ние.

 

Што значи зборот аутизам?

Аутизмот предизвикува децата да го доживуваат светот поинаку, од повеќето други деца. На децата со аутизам им е тешко да разговараат со другите и потешко се изразуваат со зборови. Децата со аутизам воглавно се држат за себе и не можат да комуницираат без посебна помош.

Тие можат да реагираат на она што се случува околу нив на невообичаен начин. Вообичаените звуци често можат да ги вознемират децата со аутизам – толку силно за да ги затнат ушите. Дури и нежните допири можат да им бидат непријатни. Децата со аутизам често не можат да воспостават контакти со други луѓе. На пример, кога некој ќе Ви се насмевне, знаете дека е среќен и пријателски расположен. Децата со аутизам имаат проблем при поврзувањето на насмевката со расположението на таа личност.

Детето со аутизам често има проблем со поврзување на зборот со неговото значење. Замислете дека се трудите да разберете што Ви говори мајка Ви, а всушност не знаете што значат нејзините зборови. Двојно повеќе вознемирува ако детето не може да пронајде вистински зборови кои ќе ги изразат неговите чувства.

Аутизмот предизвикува децата да се однесуваат на невообичаен начин. Можат да плескаат со раце, постојано да повторуваат ист збор, да имаат испади на бурно расположение, или постојано да си играат со една играчка. Повеќето деца со аутизам  не сакаат промени во секојдневната рутина. Секогаш сакаат да имаат ист распоред. Можат да инсистираат и на тоа играчките секогаш да им бидат наредени на одреден начин и да се вознемират ако некој ги пререди или премести.

Кога некој има аутизам, неговиот или нејзиниот мозок има проблем да заврши одредена работа: да пронајде смисла во светот кој го опкружува. Секој ден Вашиот мозок ги објаснува движењата, звуците, мирисите и останатите чувства кои ги доживувате. Ако Вашиот мозок не може да Ви помогне да ги разберете тие работи, тогаш ќе имате проблеми со однесувањето, говорот, одењето во училиште и извршувањето на секојдневните работи. Децата може да имаат благ облик на аутизам и да да имаат мали проблеми во животот, а може да бидат и повеќе погодени од аутизмот и да им треба постојана помош.

 

Што го предизвикува аутизмот?

Аутизмот напаѓа едно од 150 деца, но никој не знае што го предизвикува. Научниците сметаат дека постои поголема веројатност за аутизам, ако тој, или слични на него пореметувања, веќе ги имало во семејството. Многу е тешко да се пронајде вистинската причина за аутизам, бидејќи човечкиот мозок е многу сложен.

Човечкиот мозок се состои од повеќе од 100 милијарди мозочни клетки кои се нарекуваат неврони. Секој неврон може да има стотици или илјада линкови кои пренесуваат пораки до другите мозочни клетки. Тие линковски врски и преносителите (кои се нарекуваат невротрансмитери) им дозволуваат на невроните да ни помагаат да гледаме, чувствуваме, помниме и нормално да ги извршуваме своите обврски.

Заради некоја причина, некои мозочни клетки и линкови во мозокот на детето со аутизам – особено оние кои овозможуваат комуникација, емоции и чувства – не се развиваат како што треба или се оштетуваат. Научниците сеуште се обидуваат да разберат како и зошто се случува тоа.

 

Како се утврдува дека детето има аутизам?

Може да биде тешко да се открие дека детето има аутизам. Родителите се обично првите кои ќе се посомневаат дека нешто не е во ред. Можеби детето е доволно старо за да може да зборува, а сепак не го прави тоа, делува незаинтересирано за луѓето, или се однесува необично. Но аутизмот не е единствениот проблем кој може да предизвика такви симптоми. На пример, децата кои имаат проблеми со слухот, може да имаат и проблеми со говорот.

Обично кај децата со аутизам се нормални другите медицински испитувања, но лекарите би можеле да ги направат за да се уверат дека нема некои други проблеми. Овие тестови можат да проверат крв, мокрача, слух, Еег (тест кој ги мери мозочните бранови) и МРИ (слика која ја покажува структурата на мозокот). Може да се испита и степенот на интелегенција (IQ).

Често специјалистите треба да работат тимски за да сфатат што не е во ред. Тимот може да вклучува педијатар, невропедијатар, развоен педијатар, детски психолог, терапевт за говор и останати. Членовите на тимот проучуваат како детето игра, како учи, комуницира и како се однесува. Внимателно слушаат што забележале родителите. Со насобраните информации можат да одлучат дали детето има аутизам или некој друг проблем.

 

Како се лечи аутизмот?

За аутизмот нема лек, но лекарите, терапевтите и посебните учители можат да им помогнат на децата со аутизам да би пребродат потешкотиите, или да им се прилагодат. Колку порано ќе се почне со третманот, толку резултатите ќе бидат подобри.

На различни деца им е потребна различна помош, но да го научите детето на меѓусебно разбирање е првиот и најважен чекор. На децата со аутизам може да им биде тешко да научат да зборуваат. Повеќето од нив подобро ќе ги разберат зборовите ако визуелно ги поврзат со некаков предмет, па терапевтите ги учат со помош на слики, или преку знаковен говор. Тоа им го олеснува учењето на другите работи и дел од децата со аутизам ќе научат да зборуваат.

Терапевтите исто така им помагаат на децата да ги научат социјалните вештини, како што се поздравување на луѓето, чекање на ред, следење на упатства. На некои деца им е потребна посебна помош и за животните вештини (миење заби или местење на креветот). Други деца имаат проблем со мирно седење или контролирано однесување и потребни се лекови за да им помогнат во тоа. Некои деца примаат лекови кои ќе им помогнат во расположението или однесувањето, но не постои лек кој ќе го излечи аутизмот.

Учениците со поблаг аутизам понекогаш можат да одат и во редовно училиште, но на повеќето деца им е потребна мирна и за нив прилагодена средина. Им требаат учители кои се тренирани да ги разбираат нивните проблеми со комуникацијата и учењето. Можат да учат и дома, или во посебни паралелки.

 

Да се живее со аутизам

Некои деца, со поблага форма на аутизам, како возрасни ќе бидат способни да живеат самостојно. На тие кои имаат посериозни проблеми секогаш ќе им биде потребна некаква помош. Но сите деца со аутизам имаат светла иднина со поддршка и разбирање од родителите, лекарите, учителите, браќата, сестрите и пријателите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?