LunaSyrene во 21:24
Што е булинг?
Редакција Рингераја, 6.12.2018



Едно американско истражување вели дека дури над 20% од учениците од петто оделение па сè до средношколските денови, биле жртви на булинг. Тоа е загрижувачка бројка поради психичките последици кои остануваат кај детето.
Постојат три типа на булинг:
- Вербален булинг со користење навреди, закани, и злобни и непристојни коментари.
- Социјален булинг, повредување на нечија репутација и однос со останатите врсници, со ширење лаги и наговарање на друштвото да отфрлат некого.
- Физичкиот булинг го инволвира физичкото насилство.
Овој неколку минутен филм за стопирање на булингот ги поттикнува децата да дадат поддршка и надеж на врсниците кои се малтретирани од соучениците. Да го пријават секој настан на булинг за да не станат дел од играта на насилниците.
Секоја форма на насилство треба да се пријави кај наставниците, психологот, директорот… Секој училишен психолог е должен да изнајде решение за проблемот, да му помогне на детето кое го доживеало булингот и да ги подготви неговите родители како да се справат со стресната ситуација во која се наоѓа детето. Секако и разговор со детето-насилник и неговите родители за да се дознае причината за неговото однесување и да му се понуди помош. Никако не смее да се затворат очи пред ваквиот настан со префрлање на вината помеѓу персоналот на училиштето. Работната обврска на секој наставник и психолог во училиштата е да помогнат на секое дете, кое поголемиот дел од неговиот ден го поминува во тоа училиште.
Децата се чудни мали битија, полни со фантазија и креативност. Во тој свој свет тие ги замислуваат и гледаат работите п...

Нашата способност за говор често ја земаме здраво за готово, но кога ќе добиеме дете за прв пат стануваме свесни за теко...

Пази да не се извалкаш…внимавај ќе паднеш…немој да скокаш…пази вода……еј, немој ќе се удриш…, облечи, соблечи….и се така ...
