|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што доведува до прекумерна тежина кај децата?

Редакција Рингераја, 6.7.2017
Прекумерната тежина или дебелината е состојба што се карактеризира со огромно количество акумулирани телесни масти во организмот која во последниве години дури добива размери на епидемија

image
/11


 

Според податоците на Светската здравствена организација бројот на лица со прекумерна тежина го надминува бројот на луѓето кои гладуваат, аподатоците пак на Министерството за здравство во Македонија покажуваат дека една третина од децата на возраст до 7 години се со надпросечна тежина.

 

Основната причина која доведува до зголемување на тежината е енергетскиот дисбаланс помеѓу внесените и потрошените калории, односно се јавува најчесто како резултат на зголемено внесување на калории, намалена физичка активност, но и генетска предиспозиција. Всушност, најголемиот број од вишокот калории доаѓа од зголемена консумација на јаглехидрати преку екстра големите порции на брза храна и засладени пијалаци. Исто така, и времето поминато во гледање телевизија и пред компјутер пропорционално го зголемуваат ризикот од појава на дебелина и кај децата и кај возрасните.

 

Причините се добро познати на сите родители, но сепак, кога дополнително ќе го земеме предвид и брзото темпо на живот, стресот и огромниот број обврски, некогаш најлесен и најбрз начинсе чини употребата на брза и неадекватна исхрана. Но, тоа не е решение! Со чести несоодветни оброци го изложуваме нашето дете на ризик во иднина да се соочи со проблем со тежината. Добро познато ни е дека исхраната е најважниот фактор за правилен раст и развој на децата и истата мора да содржи многу витамини, минерали и железо.

 

Така, заради неговата голема нутритивна вредност, калиумот, калциумот, аминокиселините и витамините, особено е важно млекото да биде дел од исхраната кај децата.Покрај изградбата на мускулната маса и зацврстувањето на коските и забите, консумацијата на Битолското млеко го смирува вознемирениот стомак и желудочните киселини и го чува здравјето на срцето, асо тоа влијае на добар метаболизам и го намалува ризикот за зголемување на тежината.

 

Дополнително, когазборуваме за дебелеењето кај децата, за нив е од исклучителна важност да се внесуваат и дополнителни витамини, па токму затоа се препорачуваат намирници кои се збогатени со потребните витамини. Добар пример е Битолското витаминско млеко кое содржи 10 витамини и воедно е првото македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.

 

Предностите од консумација на млеко можеме да ги набројуваме до недоглед, но она што е најважно е дека млеката богати со белковини, јаглехидрати и млечни киселини какво што е Битолското се неопходни за идеално избалансирани оброци на секоја возраст.

 

Затоа, не заборавајте - млекото е првиот најдобар другар за силно и здраво дете!

А ако сакате да се осигурате дека ризикот од прекумерна тежина ќе го сведете на минимум, од најрани години воведете му здрави навики и избалансирана исхрана. Отстранете ги слатките и калорични искушенија колку што е можно повеќе, охрабрувајте го детето да пие доволно вода и да практикува физичка активност, обезбедете доволно зеленчук, овошје и производи од цели зрна, а се разбира вклучете и млеко и млечни производи за дневна доза здравје.


Обврските не се изговор кога се работи за вашето дете, па малку труд и многу љубов ќе бидат гаранција за здраво дете кое ќе прерасне и во здрава личност.А вие несомнено ќе бидете среќен родител кој го извел детето на добар пат.

5 работи кои му штетат на детското здравје
Погледнете ги овие 5 работи кои носат повеќе штета отколку корист, па дури и може да доведат до непоправливи последици з...
50
Необични знаци дека имате надарено дете
Тие се разликуваат од останатите деца во тоа дека од рана возраст пројавуваат интерес кон науката, уметноста, покажуваат...
46
Дали денешните деца знаат да си играат?
Рекламите за „најновите и најдобрите“ играчки се секаде околу нас – во весниците, на телевизија, на интернет. Голема е в...
20
Честит 8-ми март!
Секогаш стреми се кон врвот, колку и да чини тоа! Секогаш труди се да победиш, без оглед на цената! Биди инспирација, би...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Nadimak
Yummy Mammy

Koj nadimak od Mihaela najmnogu vi se dopaga?

Nela (44%)

Mici (7%)

Meli (17%)

Mili (11%)

Lela (16%)

Leni (4%)


Број на сите гласови: 243

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!