Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кога детето нема други знаци на болест, освен течење на носот, жолтеникаво – зелениот секрет не е причина за антибиотска терапија. Има вируси кои влијаат на создавање на жолто-зелен секрет, но и сапрофитните бактерии (кои нормално живеат во носот), можат да го заматат секретот кој бил бистар.
Дали носот може да биде дом за бактериите?
Носот тоа и е!
Во носот живеат бактерии на кои им е таму местото. Стручно се нарекуваат сапрофити, а во брисот се гледаат како физиолошка флора. Како надворешен дел од телото, носот е на удар на се што се наоѓа околу детето. Да не споменуваме дека носот е секогаш омилена дестинација за детските прстиња, а тие често се валкани. Така бактериите од околината многу лесно стигнуваат до носот на детето.
Кога надворешните бактерии ќе стигнат во носот, наидуваат на поволна подлога, посебно ако на детето му е веќе растечен носот. Слузот кој тече од носот е одлична подлога за размножување на бактерии. Уште ако детето оди во градинка, спектарот на разменети бактерии е широк, па не е реткост во брисот да се најдат неколку различни.
Можат ли бактериите од носот да се расеат по организмот и да направат поголема штета?
Слузницата на носот има војска од клетки на имунолошкиот систем, која користи антитела во борбата со бактериите. Овој имунолошки бедем на носот ги ограничува бактериите на површинскиот дел од слузокожата. Заради тоа не можат да се расеат понатаму, па нема причина за страв дека ќе направат некоја поголема штета во организмот на детето.
Исклучително ретко се случува имунолошкиот систем на детето да е толку слаб што ќе можат бактериите од носот да преминат во организмот. Во главно тоа е случај кај деца кои боледуваат од имунодефиценција – за среќа, многу ретка болест.
Зошто децата и понатаму имаат бактерија иако испиле лек кој според антибиограмот е вистински лек?
Со оглед на тоа што бактериите се наоѓаат во површинскиот дел на слузокожата, до нив антибиотикот (земан орално), стигнува многу тешко. Заради тоа се случува децата кои испиле антибиотик, по неколку седмици повторно да ја имаат истата бактерија во носот. Всушност, бактериите само се прикриле, па повторно се активирале.
Има ли смисла инфекцијата да се лечи со антибиотска маст или антибиотски капки за нос?
Оваа терапија одамна е напуштена! За тоа постојат две добри причини:
Прво, се покажало дека кај малите деца локалната примена на антибиотик во носот е неефикасна. Резултатите се привремени и медицински е неоправдано да се става со недели антибиотик во носот.
Второ, оваа локална антибиотска терапија може да биде опасна. Во носот се наоѓаат бројни клетки на имунолошкиот систем кои можат да предизвикаат алергија на лекови. Многу често се случува детето да стане алергично на антибиотикот даден преку нос. Ако истиот антибиотик, кој веќе предизвикал алергија повторно се даде во вид на сируп или инекции, може да предизвика опасни алергиски реакции.
Што тогаш да се прави со бактериите во носот?
Како што рековме, се работи за бактерии кои не се опасни. Децата кои немаат висока температура, не кашлаат, а имаат бактерија во носот, НЕ ТРЕБА да се лечат со антибиотска терапија. Се работи за здрави деца, а не за пациенти. Течењето на носот е резултат на вирусна инфекција (ретко на алергија), а тука антибиотикот нема што да прави.
Кога има потреба за антибиотик?
Ако детето има главоболка, покачена температура, кашлица, а од носот тече гноен секрет, ситуацијата е поинаква.
Тогаш е задолжителна консултацијата со педијатар.
НЕ ДАВАЈТЕ антибиотици на своја рака. Тоа е исклучиво надлежност на лекар!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?