Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Трудниците повеќе сонуваат
Жените повеќе сонуваат додека се бремени, отколку во било кој друг период од животот. Причината делумно се крие во нашиот мозок кој ги обработува промените низ кои поминуваат трудниците, а делумно и во тоа што првите две тромесечија ги поминуваме во спиење.
Трудниците најчесто сонуваат дека возат гломазна кола (заради тоа што се се покрупни) и дека водат љубов. Соновите за секс не се условен од психолошки, туку од физиолошки причини: повеќе крв тече низ карлицата, па жената полесно се возбудува сексуално.
Денови на убавата коса
Веројатно знаете дека косата ќе Ви опаѓа по породувањето, но затоа во бременоста ќе Ви расте побрзо и ќе биде посјајна од обично. За жал ситуацијата се враќа на старо кога ќе дојде бебето, но сепак ситуацијата не е толку драматична. Освен тоа, ќе бидете толку зафатени што нема ниту да забележите дека Ви опаѓа малку повеќе коса.
Заматен вид
Задржувањето на течности во организмот доведува до отекување на рожницата. Заради тоа таа станува помалку провидна и може да се случи да видите ореол околу изворот на светлина или светлите точки во ноќта да Ви изгледаат заматено. Тоа ќе Ви прави проблем и додека седите на компјутер, па заради тоа почесто трепкајте, за да ја надминете сувоста на очите.
Затнат нос
Има трудници на кои девет месеци носот им е затнат. Тоа се случува од причина што крвните садови во телото се шират, а кога тоа ќе се случи во носната шуплина, имате чувство на затнат нос. Причина е зголеменото лачење на естроген, но за жал вообичаенот лечење на ринитис со спреј во нос, не се препорачува во текот на бременоста. Инхалирањето за време на туширање или капењето во топла вода ги ублажува симптомите.
Зголемено чувство на мирис
Во суштина, трудниците немаат зголемено чувство за мирис, но некои мириси повеќе им пречат. Не само што веднаш ќе откриете расипано млеко по мирисот и што ќе Ви пречи чадот од цигарите, туку и возењето со градски превоз ќе Ви претставува проблем. Се препорачува секогаш во уста да имате мастика или бомбона од пеперминт, па мирисот кој од грлото доаѓа во носот, ќе ги надвладее надворешните мириси.
Повеќекратни оргазми
Многу жени доживуваат повеќекратен оргазам дури во бременоста. Не може да се каже дека трудниците се претвораат во сексуални манијаци, но многу од нив откриваат дека хормоналните промени, заедно со зголемениот проток на крв во карлицата, условуваат зголемена желба и подобар секс. Освен тоа некои жени, заради зголемената осетливост на градите, за прв пат ги чувствуваат дојките како вистински ерогени зони.
Грчеви во нозете
Грчевите во нозете најчесто се јавуваат ноќе и тоа во третиот триместар од бременоста. Причината е што мускулите се изложени на зголемен притисок заради зголемената тежина на трудницата. Некои научници тврдат дека грчевите настануваат затоа што бебето го троши калциумот од мајката, а тој ја регулира контракцијата на мускулите. Затоа секојдневно на трпезата нека Ви бидат млекото, млечните производи и темно зелениот зеленчук. Може да Ви помогне и ако ги истегнете мускулите пред да си легнете.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?