|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да направите кога детето е љубоморно?

Vinita Zutshi, 24.11.2014
Се верува дека детето чувствува љубомора ако родителите не му обрнуваат доволно внимание. Дури и ако детето е единец и нема “конкуренција” ќе чувствува љубомора ако вниманието на родителот е насочено на нешто друго
Клучни зборови:

image
/11


 

Повеќето родители ја разбираат љубомората. Или нивното дете е љубоморно, или тие биле љубоморни кога биле деца. Не е потребно да имате брат или сестра за да бидете љубоморни. Постојат деца единци кои не можат да поднесат нивните родители да посветат внимание на друго дете.

Се верува дека детето чувствува љубомора ако родителите не му обрнуваат доволно внимание. Дури и ако детето е единец и нема “конкуренција” ќе чувствува љубомора ако вниманието на родителот е насочено на нешто друго, но нема да ја покажува. Но доколку се појави брат, сестра или друго дете, тогаш ќе почне да покажува љубомора.

Љубомората кај детето не расте бидејќи родителите обрнуваат внимание на друго дете, туку дека нему не му обрнуваат доволно внимание. Прочитајте ја и добро запомнете ја оваа реченица. Ако имате, или познавате љубоморно дете, ќе видите дека ова е вистина.

Како тинејџерка бев бебиситерка на 5 деца, на кои им бев многу драга. Најстарото имаше седум, а најмалото имаше 3 години. Нивните родители одеа на собиранки еднаш на неколку месеци и тогаш јас ги чував децата. Организирајќи ги да играат, едно од девојчињата дојде да ми каже нешто што и кажала баба и. Кога дојде да ми шепне на уво, најагресивното дете од сите (4 години), го тргна шалот кој ми беше околу вратот и за малку ќе ме задавеше. Веднаш делував превентивно и и го извадив шалот од рацете.

Откако зедов здив и и кажав дека толку силно ме стегна со шалот, што имав тешкотии со дишењето. Нејзиниот одговор беше: ”Ќе го направам тоа повторно ако споделуваш тајни со некој друг, освен со мене. Ќе те задавам. Ти НЕМА да бидеш пријател на сите, туку само мој”.

Ја игнорирав и се завртев кон детето кое ми шепотеше на уво. Агресивното девојче се обиде да ми го стегне шалот повторно, но го извадив од вратот. Тогаш почна да ми ја тегне облеката и да ме удира по нозете, викајќи дека нема да ме остави да слушнам што ми кажува другото девојче. Се завртев  ја прашав, “Сакаш да те слушам само тебе?”

Таа викна – “ДА”!

“Мораш да престанеш да ми ја влечеш облеката и да викаш и тогаш ќе те слушнам.”

Таа продолжи да ме удира и да вика: “Мораш да ме слушаш мене, само мене. Мораш да бидеш само моја пријателка. Нема да се оставам да играш со никого.”

Ја напуштив просторијата, ја затворив вратата зад мене и ја заклучив. Таа почна да тропа на вратата. По неколку минути ја отворив вратата и повторно влегов во собата. Таа беше во целосен тантрум, од очите и излегуваа светкавици, носот и течеше и врескаше.

Ја зедов во цврста прегратка и ги стегнав рацете околу нејзиното тело. Додека ја држев ја погалив по грбот и испуштав смирувачки звуци. Откако ќе смири по некое време, ја прашав дали се чувствува подобро. Таа кимна со главата.

 “Те сакам многу, знаеш”, реков. Ги стави рацете околу мојот врат и рече дека многу и се допаѓам.

“Ме боли кога ме повредуваш и викаш”, реков.

“Но ти ја слушаше неа!”, рече.

И објаснив дека не припаѓам никому и дека сум тука за да ги чувам сите.

Таа инсистираше дека сака да бидеме поблиски. “Ти си ми омилена, па треба и јас тебе да ти бидам омилена.”

И објаснив дека работите не одат така. “Како да ми станеш омилена?”, прашав. “Удирањето и викањето по мене не се добар начин.”

Се смиривме и вечерта помина.

Нејзините родители беа многу попустливи. Секоја нејзина желба беше задоволена. "Таа е толку агресивна и затоа се и дозволуваме", рекоа родителите. Но и покрај тоа, детето повторно беше љубоморно, бидејќи не добиваше доволно внимание од родителите. Никогаш не забележав дека родителите и обрнуваат внимание. Никогаш не слушнав да го испочитувале она што го прави, иако таа доби многу наставни и академски пофалби.

Вашето дете дете го сака тоа.

Како што растев и го набљудував ова дете како расте, забележав дека остана љубоморно дури и откако дипломира. Во разговор  наидував на зрела, начитана, возрасна личност, но вниманието на родителите и сите околу неа, требаше да биде насочено кон неа.

Значи вашето дете е можеби љубоморно бидејќи не му посветувате доволно внимание. Кај вас тоа може да предизвика зачуденост: “Што?! Јас не обрнувам доволно внимание на моето дете? Глупости!”.

Извинете, но тоа што мислите вие не е важно. Како вашето дете гледа на тоа и која е неговата вистина, тоа го прави неговиот карактер.

За да бидат работите полоши, вие го покажувате за пример братчето или сестричето на детето.

На вашето малечко му велите:

“Гледај го X. Тој е толку одговорен. Ги враќа работите на свое место, ја пишува домашната, оди во хор, учи, ми помага...А ти? Ти дури и не го ставаш капачето на пастата за миење заби. Треба да учиш од...”

На постарото братче кое беше за пример му велите: “Погледни ја Y. Таа е толку мала, но сепак има толку убави манири. Таа вели ве молам и ви благодарам... А ти? Ти си намуртен цело време. Едвај те разбирам што мрмориш. Ги прекинуваш луѓето кога разговараат. Си одиш додека некој се уште разговара со тебе. Еј, каде одиш? Врати се! Не сум завршила.”

 

Ова се трите чекори кои ќе ви помогнат да постигнете мир во домот

  1. Обрнувајте му на секое од децата доволно внимание. Можеби на некое ќе му треба посебно внимание. Во различните фази од нивниот живот, ќе им треба различен вид на вашето внимание. Дадете се од себе за да разберете каков вид на внимание му е потребно на детето и пружете му го. Поминувајте време со детето еден на еден. Одредете време за дружење Мама-Дете и Тато-Дете.
  2. Поттикнувајте го вашето дете да биде тоа што е. Нека знае што ви се допаѓа кај него. Не ги споредувајте децата. Фокусирајте се на добрите карактерни страни и истакнувајте ги.
  3. Никогаш и НИКОМУ не кажувајте на кое дете сте му понаклонети. Зачувајте го својот фаворит меѓу децата за себе и третирајте ги сите деца подеднакво.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска Новогодишна работилница
Детската еуфорија за Нова Година е огромна, а нивната желба за учествуваат во подготовките за празникот – незапирлива. И...
5
Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
5
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Тетка – засолниште за детската душа!
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена,...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?