|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да јадете кога ви е ослабен имунитетот?

Редакција Рингераја, 12.6.2014
Имунитетот е предуслов за добро здравје и долг живот, а ако сакате да го одржите моќен, внесете промени во вашата исхрана

image
/11


 

Во денешно време не е лесно да се одржи имунитетот здрав и моќен. Нечистиот воздух, нездравата храна и стресот секако оставаат траги врз имунитетот. Како да си помогнете себеси?

Најпаметен е природниот начин – со храна. Стручњаците препорачуваат продукти кои докажано го јакнат имунитетот:

 

Спанаќ

Спанаќот отсекогаш важел да одличен продукт. Во него се сокрива вистинско витаминско богатство – од витамин А, Б2, Б6 до витамин Ц, К и Е. Исто така спанаќот изобилува со антиоксиданси, фитонутритиенти, протеини, омега-3 масни киселини и калциум.  Со други зборови толку е здрав, што мора да се најде во некој оброк од неделното мени.

 

1

 

Ореви

Не треба да јадете голема количина на ореви секој ден за да осигурате моќен имунитет, доволна е само една рака на ден и резултатот ќе биде видлив. Оревите содржат многу витамини, омега-3 масни киселини и други нутритивни вредности, кои му обезбедуваат заштита на здравјето на срцето и мозокот. Некои истражувања покажаа дека оревите го забавуваат развојот на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Можете да го јадете меѓу оброците, за да ја задоволите вашата желба за грицкање.

 

2

 

Грашок

Грашакот е исто така здрав продукт кој изобилува со витамин Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е добро за здравјето на мозокот и кожата, а помага и во намалување на крвниот притисок. Исто така грашокот е добар и за превенција од мозочен удар.

 

3

 

Лосос

Лососот е неверојатно здрав продукт, а посебно се препорачува дивиот лосос кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е одличен извор на протеини, витамин Д и комплекс на витамин Б, но и омега-3 масни киселини. Научните докази упатуваат на тоа дека лососот штити од карцином, кардиоваскуларни тегоби, депресија и уште долга низа на болести. Треба да се јаде барем еднаш неделно и тоа ако сте во можност див лосос.

 

4

 

Боровинки

Освен што се вкусни, боровинките се полни со фитохемикалии кои служат за борба против најразличните болести. Исто така боровинките содржат флавоноиди и влакна, а сето тоа може да помогне во борба против сериозните болести како карцином, дијабетес, срцеви болести, чир на желудник и висок крвен притисок. Боровинката го намалува и нивото на лош холестерол во организмот. Добро е да ја земате како десерт, во замена за колачи.

 

5

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Искрено: Што помислив кога го видов бебето?
Што помисливте кога првпат го видовте вашиот син/ќерка? Дали на тоа слатко се смеете денес?
6
Десетте вистини на мајка ми!
Лекции за животот, раскажани од една мајка
5
Избираме најубава творба: Петровска Флора
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Петро...
5
Детски сексуални игри
Многу честа игра на децата од предучилишна и рана училишна возраст е испитување на гениталиите на други деца. Ваквото од...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?