|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да јаде моето дете во лето?

Мирјана Велева, 19.6.2013
Што да му дадам да јаде на моето дете во лето, кога повеќе од времето го поминува во игра надвор, а многу често се случува играјќи да заборави дека треба да јаде?
Клучни зборови:

image
/11


Летото е  најубаво годишно време за повеќето од нас, а особено за децата. Тогаш   децата  можат да си играат  игри на отворен простор, а таквите игри ја трошат нивната енергија. Се разбира секој родител ќе си го постави прашањето: Што да му дадам да јаде на  моето дете во лето, кога повеќе од времето го поминува во игра надвор, а многу често се случува играјќи да заборави дека треба да јаде?

Иако во лето има изобилство на омилена храна за децата, треба да бидеме многу претпазливи со изборот, купувањето и чувањето на намирниците, затоа што високите температури во лето можат многу бргу да ја расипат храната особено ако при подготовката употребуваме јајца, мелено месо и слично. Свежото  овошје и зеленчукот се намирници кои секојдневно се консумираат, но тие многу бргу ја губат свежината и се расипуваат под дејство на високата температура на воздухот.

Игрите со топка, трчањето и другите игри на отворен простор многу бргу ја трошат енергијата и калориите кај детето. Тоа, секако немајќи време од играње, многу повеќе би сакало да јаде брза храна како хамбургер, хот-дог или сладолед.

На детето од предучилишна возраст  му треба  поголемо внесување на енергија , која ја добива преку редовните оброци, како и преку ужината.

Секогаш треба да внимаваме, а тоа треба и да си го поставите како правило, оброците на детето треба да бидат мали во однос на количината а почести, затоа што ако детето  со еден оброк внесува повеќе храна, постои можност тоа да стекне нездрави навики во исхраната или да се здебели. Затоа на детето му е потребна правилно избалансирана храна преку целата година , особено во летниот период кога е и  физички најактивно, за да има правилен раст и развој.  

Кога зборуваме за правилна исхрана на детето, тоа не значи дека  не треба да му дадеме избор да го јаде и тоа што нему му се допаѓа. Правилната исхрана подразбира разновидност на продуктите и умереност во количината.

Изборот да јаде и она што му се допаѓа е потребен за неговото подобро здравје од причина што ако секогаш го јаде тоа што помалку му се допаѓа тогаш ќе изеде помала количина отколку што му е потребна за тој оброк. Затоа понекогаш на детето дозволете му  да избира што сака да јаде. Но секогаш да се внимава  редовните оброци  да ги содржат сите потребни хранливи материи потребни за развојот на детето. Потребно е во летниот период да му понудиме повеќе течности како млеко и сокови без шекер, затоа што е физички многу активно, а и заради топлото време.

Кравјото млеко може да го замените со  млеко од бадем кое може многу лесно и брзо да го подготвите дома. Бадемовото млеко давајте го на децата после навршена една година а после тоа постепено, по малку навикнувајте го, за случајно да не се појави алергија на него.

Водата е најдобра од сите течност кои што детето ги прима. Таа му обезбедува  доволно хидрираност на организмот без да внесува додатни калории и секако дека најдобро ќе ја изгаси жедта.

Еве неколку  совети како и со што да се хранат малите деца во лето, а да не го изгубат континуитетот на оброците, а исто така, многу  важно да не му се намали имунолошкиот статус, кој е многу битен за здравјето на детето.

1.Направете  им  питулица и наполнете ја со изрендан свеж зеленчук, малку тенко исечена суви пилешки гради, или тенко парче кашкавал, овој оброк ќе ја замени потребата за брзата храна, а ќе биде здрав оброк за детето.

2.Свежото сезонско овошје секако е неодложен оброк најмалку три пати во денот. Но пред да го дадете на детето измијте го и ставете го да постои неколку минути во вода со неколку лажици оцет или сода бикарбона, а потоа исплакнете го со млаз вода. На овој начин ќе се уништат паразитите, а и делумно ќе се отстранат песицидите и разните препарати со кои што се прска овошјето и зеленчукот.

3. Да не ги заборавиме и житарките кои ја градат основата на пирамидата на исхрана, а обезбедуваат  поголем дел од енергијата која му е потребна детето. Во прашање се сложени јагленохидрати кои претставуваат главен извор на енергија  во организмот, а токму  тие му ја обезбедуваат енергијата за игра и за разни други активности на детето особено во лето. Ваквиот вид на оброк треба да се збогати и со витамини, а нив ќе ги обезбедите така што во оброкот од житарки ќе додадете неколку коцки сезонско  или суво овошје.

4. Сите совети за здрава храна кои ги даваат нутриционистите велат дека слатките  и шеќерите се на врвот на пирамидата за исхраната, што значи дека треба да бидат најмалку застапени во исхраната. Но сепак во лето можете слободно во исхраната да додадете малку колачиња или омиленото слатко на децата - сладоледот. Ако детето почесто сака да се разлади со сладолед тогаш можете да направите домашен сладолед со  млеко од бадем и овошје. Децата во лето  многу  бргу ја трошат енергијата, така што неколку коцки чоколадо или некое колаче ќе ја надокнади изгубената енергија, а во умерени количини нема да му наштети на детскиот организам.

5. Да не ги заборавиме течностите: вода во доволна количина и незасладени свежи сокови со кои за кратко време ќе ги надокнади изгубените течности кои му се неопходни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
4
Работи кои не треба да им ги забранувате н...
Психолозите веруваат дека поставувањето граници го прават детето да се чувствува многу заштитено и спокојно. Сепак, неко...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?