|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што би променила во првите 7 години како мајка?

Редакција Рингераја, 8.8.2022
Веднаш се сеќавам за првото - сигурно сте забележале дека времето лета брзо и доаѓа момент во кој ви се чини дека деновите кои сте ги поминале со бебето биле сурово кратки...
Клучни зборови:

image
/11


 

Јас секако не бев подготвена за ова сознание и ете, неколку години подоцна мислам со носталгија: "Ех, каде отиде моето мало бебе?" А дури и да не стануваше збор само за бебето - со возраста спомените се повеќе бледеат и бидејќи сум на поодминати триесет и шест ...

1. Сигурно би снимила повеќе видео

Предговор: до ден денешен се прашувам зошто со мојот сопруг не изнајмивме видео-оператор за свадбата, за да чуеме пак како си велиме "да"? Можеби и на златната годишнината ќе му напоменувам за овој мал пропуст.

Како повеќето современи луѓе, и јас имам тон слики во телефонот, фотоапаратот и во архива на диск, но тие остануваат без зборови. А колку е позабавно да откриеш заборавено клипче и детето да види како се ниша, како штотуку проодило или да чуе како точно звучеше неговиот глас, кога беше на две години ?! Или пак на неговото раѓање да сте ги снимиле неговиот прв поглед, првиот плач. Еве, сега сакав и тоа да имаме во архивата, а не само слики кои секоја година гледам со радост, за да пуштам по еден солзичка во пресрет на неговиот роденден.

Сигурно е, би сакала да снимавме повеќе видео! Во последната година желбата ми се засили и веќе не заборавам во клучните моменти да ги запечатам непроценливите спомени на тој начин.


2. Ако можев, би "ги редуцирала" посетителите во почетокот, освен оние кои ни носат готвена храна

Знаете како е – се раѓа бебето и сите блиски се радуваат, сакаат веднаш да го видат. Но дали е време за гости во овие први денови на адаптација? Ова го одредува секоја мајка, според потребите и ставовите. По моето прво искуство како мајка знам дека посетителите можат да бидат пријатни (и корисни) и излишни особено во почетокот. И ако ми се случи да родам по втор пат, нека се знае дека добредојдени кај нас ќе бидат гостите кои носат топла супа и свеж зеленчук. За да не изгледам грубо, да објаснам:

Во нашиот почеток како родители, со мојот сопруг искусивме не само радост, туку и потешкотии. По царскиот рез имав повеќе од два месеци крварења и развив анемија, па мојот сопруг активно се вклучи во грижата за бебето, но и секој ден одеше на работа. А детето ноќе многу спиеше, па реки од млеко течеа од моите гради (за капак имав и хиперлактација!) Сигурно и кај вас е слично на почетокот - заедно со убавините и љубовта кон бебето се акумулираат и замор и недостаток на сон. Во ритамот на бебешкото секојдневие секогаш нема време за готвење, а новите мајки често пропуштаат да јадат.

Затоа, драги гости, бидете добри, ако сакате бебето да биде добро со вас, прво донесете оброк за неговите родители. Сепак нив ги чека ноќна смена, додека вие спиете мирно во тивкиот дом.

3. Ќе користам повеќекратни пелени за бебето

Покрај бременоста ги замразив сите миризливи материи и предмети. Речиси шест месеци не можев да поминам покрај штандовите со козметика и хемија во супер-маркет без да ми предизвикаат гадење. Имам чувство дека се здобив со беспрекорно вграден радар, кој на трепкање лоцира сето штетно и вештачко - од миризливи свеќи, до "овошна" газирана вода.

 

Но да се вратам на пелените - со нив доаѓаат на вештачки-додадените мириси и не можев да ги поднесам откако родив, а и до денес. Следниот пат уште пред раѓањето ќе ги купам потребните сетови од повеќекратни бебешки гаќи! Освен што се произведени од природни материјали и не содржат алергени, тие се и безопасни за природата во која живееме ... Очигледно одговараат на моето разбирање на светот.


4. Би започнала со воведувањее на цврста храна на "друг" начин

Како многу мајки и јас започнав со кашички. Полека воведував едно, после друго, трето, четврто - низ неколку дена и после регистрираното отсуство на алергиски симптоми. Читав чекор по чекор инструкции во докажани книги и форуми, се информирав за сите алергени. Во почетокот поминував повеќе време во избор на зеленчукови и овошни бебешка храна, како и во читање на етикети, отколку во тоа да сварам компир, тиква или брокула.


Станува збор за едни избори кои сум ги правела тогаш, врз основа на тогашните мои знаења и искуство и други, за кои сум зрела сега. Второ, природно, дека не можам да променам детали од минатото, ниту пак ќе земам да жалам по толку време за нив. И до ден денес се исправам пред избори, кои се однесуваат на одгледувањето на мојот син и секојдневно се прашувам дали се правилни. Внатрешно знам дека го давам најдоброто од себе. Всушност, ми се допаѓа да сум токму таква каква што сум - автентична и добра ...


Што би промениле вие од првите месеци со бебето, ако може да се врати времето назад?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Агресивност кај децата од предшколска и шк...
Како да реагирате доколку вашето дете се однесува агресивно, прочитајте во овој текст на Мр. Логопед Светлана Трнинкова
4
Ти се уште си прекрасна мајка, иако...
Модерно родителство: Кога тоа стана толку конкурентна дисциплина? Од кога е секој ден нов предизвик? Дали е тоа бидејќи ...
4
4 главни фактори за здрав имунитет на детето
Како да ги заштитиме детето од настинки и вируси?
4
Совршена лазања торта
Лазања тортата е нешто што ќе го обожавате оваа зима!
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?