|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што ако бебето не напредува?

Редакција Рингераја, 6.2.2022
Еден од најважните показатели на здравјето на бебето е добриот прираст во тежина и висина. Кога бебето добро напредува, крупно е и задоволно и тука нема многу дилеми – се работи за здраво доенче. Но што ако бебето не напредува како што треба?

image
/11


Што му треба на бебето за убаво да напредува?

На тукушто родено бебе потребна му е мајката и нејзиното млеко! Тоа е идеална комбинација. Се подразбира редовно преслекување и здрав сон, кој е испрекинат со “гладно” плачење и подои. Ако мајката има доволно млеко, а бебето нема здравствени проблеми – се е лесно и сите се задоволни.

 

Што е поважно, тежината или должината?

Во првите месеци од животот, пред се треба да се следи тежината на бебето. Важно е и напредувањето во должина, но тоа се следи многу потешко, бидејќи не е лесно да се одреди вистинската должина на новороденчето. Телесната тежина е многу поедноставен параметар за следење. Бебето до првиот роденден треба тројно да ја зголеми својата тежина, а ќе порасне само 25 cm. Јасно е што е полесно да се измери. Секако, тоа не значи дека не треба да ја мерите должината на бебето, само тоа треба да го правите поретко и на подолг временски интервал.

 

Како најдобро се следи напредувањето на бебето?

Најдобар начин за тоа е мерењето на телесната маса на бебето. Идеално би било доколку имате сопствена вага за мерење на бебето, затоа што пречестото мерење на бебето кај педијатарот е крајно непрактично. Можење да ја земете и кујнската вага на баба Ви, која мери до 10 кгр.

Новороденчето  во првите четири недели од животот, мерете го еднаш неделно. Првото мерење направете го по доаѓањето на бебето дома. најдобро е тоа да го направите пред да го капите бебето, во топол амбиент и бебето мора да биде голо. Подгответе табела во која ќе ги запишувате вредностите. Пред се, важно е да се споредуваат вредностите на телесната маса во тек на следните недели.

Следните мерења се вршат еднаш неделно, под исти околности и на истата вага. По четири недели споредете ја петтата измерена вредност со првата, па ќе дознаете колку бебето добило на тежина во првиот месец.

Од вториот месец, бебето мерете го еднаш во две недели, а по пар недели на добро напредување – еднаш месечно. Кога мама и тато ќе научат од око да препознаат напредно и задоволно дете, мерењето ќе се одвива само на редовните контроли на педијатар.

 

Дали бебето рамномерно ќе напредува во тежина?

Во првите неколку месеци, добивањето во тежина е многу неправилно. Има бебиња кои најдобро напредуваат во последната недела од првиот месец. Често се случува мајката да нема доволно млеко во првите неколку денови, па и напредувањето на бебето е побавно. Мора да се истакне дека вистински, антропометриски мерки за напредување во тежина на нашето подрачје не се направени. Ние користиме таблични вредности на познати странски автори, па затоа мерките не треба да се сфатат како искуствени.

Бебето во првиот месец треба да добие најмалку 700 гр. Се што е под тоа покажува дека бебето не напредува доволно.

 

Кои се најчести причини на недоволно напредување во првите шест месеци?

Не е секогаш лесно да се открие причината за недоволно напредување. Сепак постојат два најважни причинители:

-        Секогаш прво треба да се посомневате дека бебето не внесува доволно млеко. Во тој случај детето е нервозно, бара да цица, често се буди, има зелена столица, иако пие само мајчино млеко. Подоите траат долго.

-        Другата група на причини се болести кои можат да предизвикаат недоволно внесување на млеко, но и поголема потрошувачка на енергија. Инфекциите се на прво место, но листата на можни болести е долга и исклучиво во домен на педијатриите, па нема да се занимаваме со тоа.

 

Што да се преземе ако бебето не напредува?

Ако се утврди дека бебето недоволно напредува во тежина, неопходно е родителите да се обратат кај педијатарот. Тоа е најдобар начин за да се утврди причината. Мошне е корисно да се направи крвна слика, како и обичен преглед на мокрача.

Кај бебињата кои изгледаат сосема добро, често се будат за подој, лакомо и силно цицаат – треба да се посомневате на недостаток на мајчино млеко. Постои едноставен тест за да се провери тоа: направете две мерици на адаптирано млеко (60 мл.) и после подојот понудете му на бебето да пие. Доколку го испие млекото, тоа е сигурен показател дека има недостаток на мајчино млеко.

Тогаш мајката треба да направи се', за да ја поттикне лактацијата. Пред се' со добра исхрана со многу течности, но и со редовно одморање и добар сон. Ако и понатаму мајката нема доволно млеко, оброците на бебето треба да се надополнат со адаптирано млеко, но со нагласок на доењето.

 

Кога да се побара лекарска помош?

-        Во случај детето да спие предолго, тешко да се буди за доење, кратко и тешко цица, по неколку минути заспива на мајчините гради – веднаш треба да се одведе кај педијатарот!

-        Ако бебето има покачена телесна температура.

-        Ако бебето често повраќа меѓу подоите, или има бројни и течни столици.

-        Кога бебето по секој подој обилно повраќа (да не се зема во предвид блуцкањето кое е нормално), а посебно ако повраќа во млаз и еден час по подојот.

За среќа, повеќето бебиња убаво напредуваат во првите неколку месеци од животот. Најчеста причина за недоволно напредување е што мајката нема доволно млеко. Само мал број на бебиња имаат некаква болест која им пречи во нормалниот развој. Најважно е веднаш да се консултирате со педијатар штом ќе препознаете ваков проблем.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?