|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Шампињони - за имунитет каков што посакувате

www.doktori.mk, 15.11.2013
Шампињоните се најлесно достапни од сите други видови на печурки. Се користат во салати, чорби, специјалитети, пици, и каде ли уште не. Луѓето често се прашуваат дали прават добар избор кога ќе ги додадат во ручекот и дали тие се добри за здравјето?
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Кога зборуваме за печурките, ќе наидеме на големи разлики меѓу луѓето. Во едни краеви се готви една врста на печурки, во други некоја сосема друга. Не е реткост да не знаеме за кој плод станува збор кога ќе слушнеме име на некоја печурка. Но, ова дефинитивно не е случај со шампињоните, овие печурки ги знае целиот свет и ги употребува масовно. Дознајте дали се здрави и дали се корисни за нашиот организам?

Шампињоните се најлесно достапни од сите други видови на печурки. Се користат во салати, чорби, специјалитети, пици, и каде ли уште не. Луѓето често се запрашуваат дали прават добар избор кога во ручекот ќе ги додадат овие печурки и дали тие се добри или штетни за здравјето? 

Научниците во последното истражување дошле до заклучок дека не само што шампињоните не се штетни за конзумирање, туку се и многу корисни. Акцентот на нивната корисност е врз имунитетот. Истражувањата покажале дека шампињоните го подигаат имунитетот и тоа во најкритичните точки, што го прави посилен, и помоќен за одговор. Ова докажува дека редовното користење на шампињоните влијае позитивно врз правилната функција на имунитетот.

Според научниците, шампињоните влијаат врз создавањето на правилни и здрави Т-клетки, кои се клуч за здравиот имунитет. Т-клетките убијци, се исто така клуч за заштита од малигни алтерации на некој тип на клети. Тие ги напаѓаат и убиваат сите клетки кои добиваат таков потенцијал. Па поради ова можеме да кажеме дека шампињоните се намирница која е навистина корисна за борба против ракот, на било кој орган или ткиво.

Сепак научниците велат дека шампињоните имаат особена улога во сузбивање на карциномот на градата, кај жените, тие велат дека само 100 грама шампињони во текот на денот се доволни да се сузбие растот на туморот на дојка кај жените. Шампињоните имаат и други здравствени поволности, богати се со многу корисни состојки и минерали, но сепак главната и најголемата корисност од конзумирањето на овие печурки е нивното влијание за подобрување на имунитетот, односно нивниот анти-канцероген ефект.

Шампињоните можете да ги приготвувате исто како и досега, се советува да не ги пржите бидејќи пржената храна не е од корист за организамот, исто така се препорачува да не ги солите или да не ги јадете солени, бидејќи солот е непријател на организамот.

 

1

 

Денеска научивте дека вашите омилени печурки се многу корисни за вашето здравје. Ние ве советуваме, да не помине недела, а барем двапати да немате оброк богат со овие вкусни и здрави печурки. 

 

 

doktori.mk.logo

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?