|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Секој ден треба да се започне со лажичка мед?!

Редакција Рингераја, 3.1.2016
Секојдневната употреба на медот ја јакне имунолошката способност на организмот и не штити од бактерии, вируси и слободни радикали, трите најголеми непријатели на здравјето. Заради тоа многу тешки болести ќе бидат минато, ако денот го започнеме со мед

image
/11


 

Медот како имуностимуланс е незаменлива природна храна. Благодарение на неговиот хемиски состав и односот на витамини, минерали, ферменти и прости шеќери, медот влијае на формирање на сите крвни елемети, како од црвената, така и од белата лоза. Тие имаат заштитна улога и поседуваат способност за уништување на непријателот. Затоа секој ден треба да се започне со лажичка мед.

Медот е богат со јагленохидрати, а најмногу со прости шеќери, глукоза и фруктоза, кои претставуваат енергетски материјал. Содржи бројни ензими, скоро сите витамини и минерали, етерични масла и органски киселини, кои благотворно делуваат на органите за варење и ја потпомагаат  апсорпцијата на хранливи материи.

Медот може да им се дава на децата од навршената прва година, а најдобро е да се започне со багремов мед. Медот обезбедува здфравје и виталност, подобар раст и напредок и отпорност на инфекции. За разлика од белиот шеќер, медот не ги оштетува забите, туку го штити калциумот и го спречува кариесот.

Редовната употреба на медот значително го подигнува нивото на антиоксиданси во човековиот организам.

 

Како да го одберете вистинскиот мед за вас?

Багремов мед

Погоден е за болни со дигестивни пречки и делува смирувачки на цел организам. Можат да го јадат и деца помали од три години.

Ливадски мед

Содржи повеќе етерични масла и посебно им се препорачува на болните од срце, а може да помогне и при респираторни болести.

Липов мед

Има антисептичко дејство и се користи кај грип, бронхитис и други респираторни болести. Најдобро е да се консумира заедно со чај од лековити билки.

Шумски мед

Содржи 13 пати повеќе минерални материи отколку цветните врсти на медот. Посебно е богат со железо, па се препорачува на анемични лица.

 

4 клучни прашања за медот

  1. Кој смее да јаде мед?

Медот како храна може да го користи секој од првата година од животот, под услов да не е алергичен на мед и да не боледува од дијабетес.

  1. Кога се консумира?

Медот може да се зема секој ден, половина час пред јадење. Посебно се препорачува во сезоната на настинки и грипови, во комбинација со чај.

  1. Како?

Медот секогаш треба да се раствори во вода, чај, млеко или сок. Немојте да го јадете го густа, концентрирана состојба и потоа да се напиете чаша вода. Медот не се јаде, туку се пие. Лажичето со кое го земате треба да биде дрвено или пластично, а никако метално.

  1. Зошто?

Затоа што е идеална храна со лековити својства.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали повивањето е корисно за бебето?
Повиеното бебе е помирно и подолго спие. Меѓутоа повивањето има и свои лоши страни...
4
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?