|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Седум столбови на здрава исхрана кај децата

Редакција Рингераја, 19.9.2022
Исхраната кај децата претставува клучен фактор во нивниот раст и развој. Таа во голема мера влијае во сите аспекти на созревање: физички, емотивен, социјален и ментален развој. Еден од најбитните фактори е моќта на концентрацијата и учењето

image
/11


Кога ќе решите да почнете да му давате нова храна потребно е новата храна да му ја дадете кога ќе биде малку нахрането, бидејќи доколку е гладно може да нема желба да проба нов вкус. Не употребувајте метална лажичка, туку пластична. Доколку се случи на почетокот да одбие некој вкус, по некое време обидете се со истата кашичка. Секогаш кога ќе лапне пофалете го бидејќи и децата чувствуваат задоволство кај родителите и тоа им годи.

Мора да знаете дека децата за да прифатат одредена намирница треба да ја пробаат минимум 10 – 15 пати. Секогаш храната сервирајте им ја во невообичаена-шарена чинија или пак декорирајте ја на интересен начин. Бидете упорни и не отстапувајте од нудењето на таа храна, но направете пауза од неколку дена.Порцијата на дете од предучилишна возраст треба да биде околу една четвртина од онаа на возрасните.Ограничете ги порциите на вашето дете, со исклучок на свежиот зеленчук. Тој може да биде консумиран во големи количини, без да предизвикува непосакувано зголемување на телесната тежина. Додека пак овошјето треба да се консумира 2 – 3 пати дневно.
Децата не треба во своето секојдневно мени да имаат монотона исхрана, бидејки само со разновидна нутритивна исхрана детето го добива она што навистина му е потребно.
Ограничете го внесувањето на солена храна (децата на возраст од пет до седум години не треба да конзумираат повеќе од три грама сол дневно).Бидејќи децата сакаат да ги имитираат возрасните и ги следат нивните примери, треба вие да се храните здраво и преку пример да им ја наметнете навиката за здрава исхрана.

  • Вода - сочинува околу 70% од телесните течности кај малите деца. Доенчињата потребната вода ја добиваат преку цицањето, но кога се работи за потопло време и кога детето има покачена телесна температура потребите за вода се зголемени. Децата на возраст од 4-6 години потребно е да внесуваат 30-50% повеќе течности од децата на возраст од 1-3 години.

 

  • Витамини - Витамините А, Д и Е - играат важна улога во одржувањето на добриот вид, здравата кожа и оксидацијата што ја предизвикуваат слободните радикали. Витамините B1,B2,B6,B12,фолна киселина, пантотенска киселина, нијацин, витамин Ц - вклучени се во основните активности на организмот како што се производство на енергија на ниво на клетка, биосинтеза на ензими и хормони, имунолошка функција и заштита на водениот дел на клетките од слободните радикали.

  • Минерали - потребни се во многу процеси во детскиот организам: изградба на коските, забите, регулирање на течности, регулирање на нивото на шеќерот како и производтсво на хемоглобин.

  • Јаглени хидрати - служаат за добивање на енергија. Постојат две категории јаглени хидрати: рафинирани (шеќер, благи производи, мед) и комплексни (житарици, овошје, зеленчук). Потребно е родителите на своите деца да им ги даваат претежно комплексните јаглени хидрати кои побавно ја ослободуваат енергијата и подолго го држаат организмот во стабилна состојба.

  • Белковини ( протеини ) - претставуваат градивни елементи на сите клетки во организмот, оставени се од аминокиселини. Mораат да се внесуваат со исхраната ,бидејки организмот неможе да ги произведе. Најдобриот извор на белковини во исхраната кај децата се: месо,јајца, риба, млеко и млечни производи.

  • Масти - неопходни се за работа на органите, функцијата на мозокот, но исто така и за производство на енергија, хормони и ензими. Постојат 2 типа на масти: заситени (месо, јајца, млечни производи), и незаситени (растително масло, маслиново масло, рибино масло, јаткасти плодови). Незаситените масти се сметаат за здрави масти и истите треба да бидаат вклучени во исхраната на децата.

  • Влакна – претставуваат битен дел од исхраната и имаат голема улога за правилна работа на дигестивниот систем, за подобро здравје на цревата . Влакната се составен дел од растенијата и истите можаат да бидаат растворливи( грав, грашок, јачмен) ја абсорбираат водата во цревата, ја мешаат храната и ја намалуваат брзината на варење на шекерите и нивната абсорпција во крвотокот, и нерастворливи (во листовите и стеблата на зеленчукот, житарките) кои не се разградуваат во вода,туку учествуваат во помагањето на подобра дигестија преку омекнување на столицата и нејзина побрза и полесна елиминација.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
6
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
4
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?