Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Одејќи кон дома од градинка, се држевме со моето сонце за рака и си разговаравме за изминатиот ден. Од десна страна – продавница. „Мамо, сакам сокче“, ми рече жедното усте. „Ајде уште малку издржи, мило, ќе стигнеме дома, ќе се напиеме“. А знаев дека до дома нема уште малку, туку уште цели 30 минути.
„Мамо, многу ми се пие сокче. Те молам купи ми“. „Ама, мило, продавницата е затворена, гледаш дека не работи“, излажав. „Ете има луѓе внатре, мамо, отворена е“. Свртев тема и се оддалечивме, а милото мое почна да плаче по сокче...
Стигнавме и дома. Го отворам фрижидерот, внатре само маргарин, сирење и половина литар млеко. Нема сокче.
„Еве мама ќе ти направи чајче, ти оди пресоблечи се и поиграј си малку“. Ставив вода на шпоретот. „Мамо, сакам сокче! Не ми се пие чај“. Реков „И мама ќе пие. Намести ги куклите на кревет, и тие ќе пијат со нас“. Моето насмеано сонце замина и почна да ги реди куклите.
Знаев дека дома нема сок. Ќе поминеме и со чајче. Поздраво е, се тешев. Сварив чајче и пиевме заедно. Го испивме со сласт. Најубавото чајче во мојот живот! Си го испив со милото мое злато.
„Ајде да одиме да купиме лепче, мило“. Облековме јакна и излеговме. Помина детенце кое си јадеше лижавче, ние влеговме во продавница. „Мамо! Сакам и јас!“
Ја ставив раката во џеб и извадив 30 денари. Не ни почувствував како почнаа да ми течат солзи. Продавачката ми понуди палома. „Ми влезе нешто во очи, извинете“, реков јас. „Дајте ми половина лепче и едно лижавче“. Платив 23 денари. Останатите седум ги ставив во џебот. „Одиме дома, сонце, сега ќе дојде тато од работа“.
Моето злато со трчање влезе во собата, се гушна со тато.
„Ќе го јадеме ли лепчето, мамо? Ајде направи ми сендвич. Имаме ли сиренце?“ Очите ми светнаа од радост! „Да! Имаме, злато. Веднаш мама ќе ти направи сендвич“. Конечно, имаме нешто што посака моето дете.
„Многу е убав сендвичот, мамо. Дојди и ти да јадеш со мене“. Погледнав во фиоката, остана четвртина лепче. „Не, мило, мама јадеше на работа. Јади си ти“. Направив уште еден сендвич и го ставив пред тато. „Јадете вие, мама ќе оди да се бања“.
Се затворив во купатилото и се бањав цел час. Не можам ни да избројам колку солзи изронив. А цревата гласно ми крчеа, желудникот ми беше празен. Ама срцето полно. Моето сонце е најадено, ќе спие со полно стомаче. Тоа е храна за мојата душа. Мама ќе јаде утре, ако успееме да купиме еден цел леб. Ако не посака милото душиче чоколадо. Не е важно, моето срце пак ќе биде полно, ако желудникот е празен.
„Барем тоа е добро за линијата!“, реков гласно и се насмеав. Не е важно, важно сме сите тројца дома, важно богати сме со љубов. Богати сме што имаме здраво и право детенце. Па што ако имам само седум денари во џеб? Срцето ми е полно! Јас сум најбогатата личност на светот!
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...