|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

sanja spirkovski: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 2.4.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: sanja spirkovski

Датум на породување: 13.12.2011година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница Скопје

 

 

Се' започна 4 недели пред мојата свадба. Ми доцнеше но мислев дека е поради свадбата... стрес, возбуда... сепак решив да направам тест и се појавија 2 цртички. Бев премногу среќна, толку возбудена што заборавив на свадбата и се окупирав со малото ангелче што расте во мојата утроба.

Поминаа 9 месеци а мојот немирко се уште беше карлично  поставен и немаше намера да се сврти. Сите доктори ми рекоа дека мораме царски затоа што сум многу малечка и породувањето ќе оди тешко. Терминот ми беше на 21.12.11 а царскиот ми го закажаа на 17.12.11, но на мојот немирко му се брзаше... Бевме на гости таа вечер  а бебето цело време мрдаше  толку многу што јас се пошегував и му реков: не мрдај толку ке ми го пукнеш водењакот... и како да ме слушна. Отидовме дома доцна, околу 1ч.  Не ни се спиеше и со маж ми гледавме филмови до 3.30ч. Дури и се пошегував со него велејќи му: ајде да се сликаме за последен пат сами. Само што си легнавме ме разбуди жешката вода што течеше од мене. Станав и отидов до тоалетот, беше 4.15. Водењакот ми пукна...започна, не ми се веруваше... Го разбудив маж ми, а тој веднаш скокна целиот во паника со еден куп прашања... сигурна си? И сега? Одма да одиме? Се истуширав, си ги спремив работите и веќе почнаа болките...беше 6.00 часот и ние тргнавме кон болницата. Таму ме прегледаа, ми рекоа дека сум отворена 4 прсти и ме пратија на патолошка бидејки сум прворотка и немало да биде така брзо.  Моите болки беа преголеми, и се јавив на другарка ми која работи во болницата и таа веднаш дојде. Ме однесоа во породилна сала и кога ме прегледаа бев веке 8 прсти отворена. Сите се чудеа како толку брзо, а прворотка. Немаше време ниту за царски ниту за анестезија, бебето доаѓаше. Ме качија на бокс во 9.15 а во 9.30 излезе моето најубаво бебе на светот. Незаменливо искуство, бесценет момент - јас се претворив во ние, неизмерна љубов, го гледав и не можев да верувам. Донесов на свет здраво машко дете тешко 3.260 и 50 см долго. Тие убави очи ме маѓепсаа....тоа е љубов.

Сега имаме 3 месеци, се сакаме, се гушкаме, се смееме и гугаме, уживаме во секој поминат момент заедно. Прекрасно е да си мајка!

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство синчето на sanja spirkovski !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
4
aksor82: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Најлесното раѓање некогаш: вистинска приказна
Некои од вас може да бидат малку исплашени, во ред, преплашени од раѓање. Секој сака да ви раскажува за ужасните породув...
4
Посветено на татковците...
Со насмевка и најтопли чувства.Во некои моменти и со најтопло сочувство.
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?