|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Самопреглед на дојка

www.rak.mk, 16.4.2011
Секоја жена би требало да научи како се изведува самопреглед на дојка и во текот на својот живот редовно да врши контрола врз себе. Со тоа се овозможува навремено откривање на било каква промена која би се појавила.

image
/11


 

Самопрегледот започнува така што најпрвин ќе застанете пред доволно големо огледало, како целосно ќе можете да ги посматрате обете дојки истовремено. Дојките ги посматрате во неколку позици:

  • најпрвин со рацете спуштени покрај телото,
  • потоа со дланките потпрени на колковите,
  • па со рацете кренати над глава,
  • и на крај со рамената зафрлени наназад.

Откако ќе завршите со посматрање на дојките, самопрегледот продолжува во легната положба.

  • Легнете на грб и ставете јастук под десното рамо. Десната рака ја подигате и ја ставате под главата.
  • Самопрегледот на дојките го изведувате со јагодиците на показалецот, средниот и домалиот прст на левата рака. При секој притисок изведувајте кружни движења. При тоа користете од мал па се до поголем притисок со прстите, зависно од тоа дали прегледувате површни или длабоки структури на дојката. Ако постои некоја тврдина или оток во десната дојка, тој може да се напипа.
  • Притисокот со прстите треба да е така прилагоден да може да се почуствува и запознае структурата на дојката. Треба да се запомне какво е тоа чувство, бидејќи е важно да се препознае и осети секогаш исто. Така ќе може полесно да се приметат и некои неправилности во структурата на дојката.
  • Со врвовите на прстите треба да се прават движења и тоа, може да се изберат кружни движења, движења горе–доле или движења кон и од брадавката. Важно е да се користи секогаш ист начин, бидејќи така секогаш ќе ја прегледате целата дојка и ќе може да го запамтите каков е осетот под прстите.
  • Направете го истиот самопреглед и на левата дојка, прегледувајќи ја со десната рака.
  • Самопрегледот на двете дојки треба да се повтори со истата техника и во стоечка положба, со едната рака подигната и ставена позади главата. На овој начин полесно се прегледува горниот дел на дојката и делот према пазувата. Бидејќи некои промени се полесно откриваат кога е кожата мокра и насапунета, се препорачува самопрегледот да се изведува при туширање.

Доколку се примети или напипа било каква промена, потребно е веднаш да се отиде на лекар.

Причина за овие промени не мора секогаш да биде ракот. Може како причина на некои од овие наброени промени да бидат и други болести и состојби во дојката, како: цисти, фиброаденом, дисплазија. Но, сепак, секоја сомнителна промена треба да се дополнително испита, за да се постави дефинитивна дијагноза.

 

Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддршка за мајките кои хранат со млечна ф...
Мајките кои избрале да го хранат своето бебе со млечна формула често се осамени на својот пат, пат полн со вина, без раз...
4
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
4
Пази, ќе паднеш!
Кога детето самостојно ќе прооди, наместо да го охрабрат да се движи, родителите во главно трчаат по него и викаат “Пази...
4
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?