|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Да се биде самохран родител е тешко и стресно, без оглед на фактот дали родителот сам решил да се разведе, односно дали одлуката сам ја донел да го одгледува детето или станал самохран родител поради смрт или напуштање од страна на другиот партнер.

image
/11


Да се организира семејството , работата и децата е тешка работа за сите родители, но посебно е тешко за сите самохрани родители, бидејќи немаат до себе партнер кога би требало да се појават на две места.

Да се биде самохран родител е најчесто тешко и стресно, без оглед на фактот дали родителот сам решил да се разведе, односно дали одлуката сам ја донел да го одгледува детето или станал самохран родител поради смрт или напуштање од страна на другиот партнер или пак поради некоја друга причина.

Без оглед на се, самохраните родители се среќаваат со многубројни проблеми одеднаш, од кои некои се очекувани, а некои не. Често се прашуваат дали некогаш повторно ќе бидат среќни, опуштени и ќе имаат контрола врз сопствениот живот. Некои можат да бидат толку изненадени од новата ситуација при што стануваат парализирани и неспособни за функционирање. Но и покрај се, тие мораат да го прнајдат вистинскиот начин за најдобро да се грижат за своите деца, дури и кога не се сосема сигурни дали можат да се грижат за самите себе. Многу е важно самохраните родители да прифатат дека одреден степен на стрес е дел од родителството, без разлика на тоа дали детето го воспитува сам или со брачниот партнер. Но факт е дека како самохран родител доживува поголем стрес, бидејќи е потешко кога еден родител се грижи за се. Доколку самохраниот родител чувствува дека е под стрес, тоа не значи дека е лош родител или слаба личност. Стресот е дел од животот, дел од карактеристични ситуации и веројтано ќе биде присутен во трите основни периоди низ кои минува секој самохран родител: период на губење, период на прилагодување и период на опоравување и создавање нови односи. Многу е важно самохраните родители да знаат дека првиот период е исполнет со несигурност и страв, бидејќи не знаат што ги чека во иднина, односно не знаат како да се прилагодат на новонастанатата ситуација и на нов начин да го организираат својот живот. Може да научат како да се справат со стресот кој не може да се елиминира. Стресот е дел од животот. Важно е да се најде сила и храброст да се соочат со него.

Многу самохрани родители мислат дека доколку имаат повеќе пари, би имале повеќе време и сила да им посветат на своите деца и нивните чувства. Тоа може, но не мора да биде вистина, сепак факт е дека финансиските проблеми се честа причина за стрес кај самохраните родители. Разделените родители остануваат без приходите на едниот партнер, а тоа е секако застрашувачка ситуација кога со една плата мора се да се покрие, посебно во период на прилагодување. Алиментацијата дури и кога редовно стигнува, ретко да ги покрие реалните трошоци за растење и потребите на детето. Некои мораат да бараат дополнителна работа, при што им онемовозможува повеќе моменти поминати со децата, а дополнително им го зголемува чувството на вина, бидејќи создава тага и лутина кај децата што постојано се сами дома. Во тој период мислат дека никој не ги разбира. Затоа најдобро е да се јавите во центарот за социјални работи или некоја невладина организација за да дознаете дали можеби детето има право на некаква дополнителна помош, бесплатно летување, бесплатни учебници, запишување во градинка и слично, а Вие на бесплатна правна или психолошка помош.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Чај кој го зајакнува имунитетот
Не чекајте да ви се растече носот, да ве заболи грлото или да добиете температура, туку на време послушајте ги советите ...
4
Науката потврди: Вие сте друга личност по ...
Повеќето од нас би можеле да признаеме дека сме доживеале избезумени мисли во текот на бременоста со кои го доведувавме ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?