|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сама со бебе? Денес се повеќе жени се наоѓаат во ваква ситуација. Како да се справите со тешкотиите на самохраното родителство? Можете ли да го одгледате Вашето бебе без татко? Одговорот е само еден: ”ДА!”

image
/11


 

Бременоста, сама по себе, е вистински предизвик: утрински мачнини, хормони, купишта испитувања и многубројни нови работи за бебето. Се разбира, 9-те месеци се прекрасен и возбудлив период, што го споделуваат сопружниците. Но денес многу жени немаат партнер кој ќе ги држи за рака на првиот ехо-преглед, или во породилната сала. Тие се соочуваат со бременоста сами, раѓаат дете и го одгледуваат без маж покрај себе.

Секоја година милион жени во светот се одлучуваат на овој чекор. Некои забремениле случајно, а други свесно се подложиле на ин-витро оплодување. Има мажи кои не можат да ја преземат одговорноста да станат татковци и ја напуштаат партнерката по позитивниот тест за бременост. Има и татковци кои заминуваат во странство, или загинале во несреќа. Која и да е причината што сте сами, не се фрустрирајте. Првичниот шок за бремена жена која останала сама е многу силен. Таа си поставува десетици прашања: “Кој ќе ми помага сега?” “Кој ќе ме однесе во породилната сала кога ќе започнат контракциите?” “Кој ќе се грижи за мене кога ќе ме испишат од болница?” “Кој ќе ме поддржува финансиски за да го одгледам детето?”

Не и подлегнувајте на паниката. Таа негативното влијае на Вас и на бебето. Докажано е дека ако е мајката изложена на стрес во 9-те месеци, детето може да има проблеми со однесувањето кога ќе порасне.

 

Сигурна поддршка

Важно е уште на почетокот на бременоста да изградите здрава мрежа од луѓе кои ќе бидат до Вас цело време. Тоа може да биде Вашето семејство, пријателите, па дури и колегите. Вистинските пријатели и семејството ќе Ви дадат поддршка за која не сте сонувале. Понекогаш ќе се посветат на Вас дури и повеќе од идниот татко.

Од значење е да се потпрете на луѓе на кои безрезервно им верувате. Тие треба да бидат до Вас во деликатни моменти – за време на породувањето, по царскиот рез, во три часот по полноќ кога бебето плаче. Важно е да се чувствувате сигурна и мирна во нивно присуство и да немате конфликти по клучните прашања. Не заборавајте да им се заблагодарите што се до Вас и што Ви помагаат.

 

Кога Тој е далеку

Има многу жени чиј партнер е далеку од дома, заради различни причини. Тој е спречен да ја преживее радоста на 9-те месеци и раѓањето на детето. Во такви случаи е многу важно идната мајка да го информира партнерот за искуствата поврзани со бременоста. Ако Вашиот љубен не е до Вас во овие месеци, постојано соопштувајте му ги сите вести – по телефон, по пошта, или преку интернет. Искористете ги предностите на модерната технологија, испратете му некоја сликичка од ехо. Ова ќе му помогне да ја сподели со Вас радоста на 9-те месеци. Дискутирајте дури и за најмалите детали, како што е бојата на детското креветче. Не донесувајте одлуки сама. Не заборавајте дека по некое време тој ќе се врати кај Вас. Не треба да се чувствува како туѓинец во сопствениот дом.

 

Проблеми и решенија

Ако останете сама во бременоста и не можете да најдете пријатели и роднини кои ќе Ви помогнат, постојано сте тажна и загрижена, најдобро е да побарате професионална помош. Во овој период исцрпеноста и стресот можат да Ви наштетат исклучително многу. Не се борете со чувствата. Предпородилната депресија е вообичаена кај осамени идни мајки. Ако почувствувате дека губите мотивација, дека наутро Ви е тешко да станете од кревет, дека немате апетит и страдате од несоница, најдобро е да се консултирате со психолог. Во бременоста организмот е подложен на хормонален атак, кој ја зајакнува депресијата.

 

Запомнете дека не сте сами во бременоста! Во себе имате некој кој секогаш ќе Ве поддржува. Уживајте во 9-те месеци. Не заборавајте дека под срцето носите невино суштество кое наскоро ќе Ви подари многу насмевки и многу љубов!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Црвенило на газето
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети брзо ќе го совладате црвенилото на бебешкото газе.
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
3
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?