|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Саем за деца и родители во Skopje City Mall

Why not communications, 18.5.2017
Од утре во Skopje City Mall започнува Саемот за деца и родители и ќе трае с? до недела
Клучни зборови:

image
/11


 

Благодарение на различните активности кои се атрактивни за сите возрасти, настанот кој преминува во традиција, ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите, особено за најмладите.

Од трговскиот центар најавуваат натпревари со многу подароци, тимски игри, предизвици, караоке, диско за деца и креативни работилници. Магионичар ќе ги забавува сите со своите трикови и ќе го доближи магичниот свет до децата. Тука е и Kids Disco каде што децата заедно со маскоти ќе се забавуваат на диско музика. Своето знаење ќе можат да го покажат на филмски квиз со прашања од детските филмови каде ќе се доделуваат бесплатни билети за кино. Еден од поинтересните натпревари ќе биде натпреварот на семејствата, каде што ќе се натпреваруваат семејствo против семејствo во извршување на задачи како што се: препознај го своето дете со врзани очи, најбрзо сложување на сложувалка итн. На натпреварот за брзо повивање мажите ќе ги покажат своите татковски способности и ќе се натпреваруваат еден против друг.

И оваа година, сите кои ќе го посетат Skopje City Mall од 19 до 21 мај, ќе уживаат во шопинг на попуст со многу изненадувања во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои ќе достигнат и до 70%. Дел од нив се Sport Vision Kids, Extreme intimo, Просветно дело, Krsh, Carters, Baby blue, AMC, Wenice, Baby centar, Okaidi, Tea Colors и многу други.

Од Skopje City Mall најавуваат дека ќе ги наградат сите потрошувачи кои ќе купат производи во вредност над 1.500,00 денари, ќе добијат професионална семејна фотографија, на која ќе бидат облечени во костими (избор од 60 различни костими), а за професионален изглед ќе се погрижат театарски шминкер и фризер.

Сите кои сакаат да бидат дел од настан кој измамува насмевки и буди моменти на вистинска среќа, се добредојдени викендов да го посетат Skopje City Mall. Целосната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.com/saemzadeca .

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Помош за бебето Најден кое го малтретираа ...
Бебето, кое пред неколку дена го најдоа фрлено во двор во Арачиново, со пресечен јазик и ѕверски мачено, покрена лавина ...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2