|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Рота вирус инфекции и нивно спречување

Редакција Рингераја, 19.7.2012
Овој вирус е одговорен за 30% од инфекциите на гастроинтестиналниот систем кај бебињата и малите деца. Не постои лек кој ќе го совлада овој вирус, но денес веќе постои вакцина против најтешките облици на болеста

image
/11


 

 

Рота вирус инфекциите се болест на доенчињата и малите деца. Најчесто заболуваат доенчињата на возраст од 6 месеци и децата до 5 години. Инфекциите предизвикани од овој вирус се честа причина за хоспитализација на доенчињата, бидејќи предизвикуваат тешки проливи и повраќања, проследени со висока температура, па сето тоа заедно може да доведе до дехидрација. Вакцината која стои на располагање кај некои деца комплетно ќе ја спречи болеста, а кај некои вакцинирани деца болеста ќе се јави во помал облик.

 

Како се пренесува заразата?

Заразата се пренесува лесно и не е чудно што повеќе од 30% од цревните инфекции се предизвикани од рота вирус, бидејќи се работи за многу заразни микроорганизми. Разликата меѓу овој и другите стомачни вируси е во начинот на нивното пренесување. Рота вирусот влегува во организмот на два начини:

- Орално фекален пат, односно детето ќе го внесе вирусот во уста со рацете  или со играчка контаминирана  со фецес.

- Преку капки – вирусот се наоѓа во мали капки на плунката на заразеното лице и се шири преку говор низ воздухот.

Токму заради ваквиот начин на ширење, рота вирусот може да предизвика епидемија, обично на детските одделенија или во градинките, ако има барем едно заразено дете со рота вирус.

Вирусот кружи  во воздухот од декември до април. По влегувањето во организмот брзо се размножува и по 12 часа се манифестира со силно повраќање и висока температура а по 24 часа почнува пролив кој трае 6-7 дена.

Никакви антибиотици ниту лекови против пролив нема да имаат успех. Внесувањето на течности и минерали е единствениот начин на лечење, бидејќи на тој начин се врши надополнување на изгубеното. Не постојат специфични лекови откако ќе настапи заразата. Како и кај секоја друга инфекција, организмот стапува во акција во одбрана од напаѓачот и во напад испраќа лимфоцити и бели крвни клетки кои имаат за задача да ги отстранат патогените микроорганизми. Организмот се ослободува од рота вирусот на многу едноставен начин: клетките на цревата се обновуваат заедно со кожата и слузницата. Во тек на три дена заразените клетки ќе се отстранат од организмот преку регенерација. Затоа внимавајте! Запирањето на проливот не оди во прилог на лечење на болеста, ниту антибиотиците кои ги уништуваат корисните цревни бактерии.

Штом ќе се појават првите знаци на болеста, кои упатуваат на губење на течности, да му се даде на детето орален рехидрациски раствор ORS познат како орална рехидрациска солуција, која се набавува во аптека. Со повраќањето и проливот организмот ги губи минералите кои треба да се надополнат за да се спречи дехидрација. Во едно пакување се наоѓа оптимална количина на гликоза и минерални соли. Количината од вреќичката се раствора во точно одредена количина на вода а растворот се дава разладен, лажиче по лажиче. Бидејќи е со лош вкус, одберете некоја од солите за рехидрација со арома. Ако детето губи течности по проливот и повраќањето, не мокри, бледо е, плаче со слаб глас, а реакцијата на дразби е намалена, ставува збор за дехидрација.

Објективна проценка за дехидрација се прави со мерење на детето: ако изгубило повеќе од 7% од тежината која ја имало пред болеста, значи дека се работи за силна дехидрација и потребна му е брза помош. На пример ако доенче од 4 килограми изгуби 280 грама тежина, значи дека е во опасност и потребно му е болничко лекување.

 

Превентива

Општите превентивни мерки е тешко да се спроведат на детските одделенија бидејќи вирусот се шири преку ситни капки во воздухот така што е неминовна мала епидемија меѓу децата.

Вакцината против рота вирус  делува превентивно бидејќи ја јакне одбранбената моќ на организмот создавајќи специфични антитела против вирусот.

За доенчињата помали од 6 недели  може да се каже дека се природно заштитени од рота вирус. Клетките на цревата во тој период се уште немаат рецептори на кои може да се прицврсти вирусот. Но најмногу од се' новороденчето е заштитено со антителата кои ги добива од мајката преку постелката. Со доењето таа одбранбена моќ постојано се зголемува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
4
Маџун – лек за целиот организам
Маџунот уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци, како по својот оригинален вкус и арома,...
4
Пет лесни и вкусни бебешки кашички
Подготовката на бебешки каши е лесна задача и не бара посебни кулинарски вештини. Рецепти има многу. Овде ќе најдете пет...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?