Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Родителот кој вика не изгледа добро и не се чувствува добро. Дали е можно да се промени ваквата навика?
Дерењето и викањето стануваат многу чести од различни причини, а пред се од фрустрации и недоволна контрола на бесот. Иако никој не сака да вика на своето дете, во одредени ситуации дерењето е единствено решение, пред се затоа што родителите се убедени дека е побезболно од удирањето. Меѓутоа стручњаците ги изедначуваат овие методи на воспитување и го свртуваат вниманието на тоа дека во двата случаи се работи за проблеми со комуникацијата. Како што удирањето нема да го научи детето да биде добро, ни викањето нема да помогне во воспитувањето. Напротив, може да има сосема спротивен ефект и да биде пример за децата дека со лутина и викање се решаваат конфликтите и дека тоа е единствен начин за изразување на негативните емоции.
Сигурно може да се препознаете во некои од типичните ситуации во кои родителите вриштат:
Детски расправии
Дали може нешто повеќе да ги излуди родителите отколку бесмислена расправија на децата? И како тоа да не е доволно, па на него се н адоврзува бесмисленото викање на мама. Која е целта? Сите да вриштиме заедно?
Неред кој прераснал во хаос
Како ќе реагира една мајка откако го поминала цел ден во чистење и потоа видела како сето тоа е затрупано со играчки. Веројатно во овие ситуации моќта на гласните жици е на максимум.
Нешто не оди по планот
Замислете дека сте испланирале убава вечера, но детето не сака ни да го вкуси она што сте го подготвиле. Дали би се развикале?
И секако уште многу што. Толку многу што се поставува прашањето дали е можно да се избегнат вакви реакции и како?
Што наместо дерење?
Ако мислите дека премногу викање не води никаде веројатно сте во право. Имено ако претерате и се дерете за секој најмал прекршок децата нема да Ве сфатат сериозно туку ќе станат имуни на Вашето викање. А Вие ќе забележите дека зборувате се погласно и погласно. Ако сметате дека сте ја стекнале оваа навика, пред да се издерете следниот пат добро размислете и кога не е неопходно да викате само малку оддалечете се и вратете се откако ќе бидете подготвени смирено да разговарате со детето.
Во принцип ако целта е дисциплинирање на детето, најдобро е да разговарате со него и тоа со цврст низок тон. Притоа е важно да се концентрирате на неговото однесување, односно постапка, а не на него како личност.
Кога викањето е оправдано?
Во некои моменти викањето може да биде единствена реакција. Некои од типичните ситуации на подигнување на тонот се пред се оние во кои е загрозена безбедноста на детето (истрчување на улица, наведнување преку прозорец, приближување до шпоретот и сл.) Викањето овде е сосема нормално, дури и нужно. Целта на дерењето во в аквите моменти е привлекување на вниманието на детето, за да спречите тоа да се повреди на било каков начин. Детето тогаш сигурно ќе се вознемири, но таа реакција е само одговор на стравот од Вашиот глас, што не значи дека сте биле премногу строги. По тоа задолжително прегрнете го детето и објаснете му дека многу сте се исплашиле. Казни не се потребни, бидејќи самата ситуација е доволна лекција.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?