|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Педагогот Јелена Холцер подели со нас листа на родителски ветувања и заклетви, кои сите родители би требало да ги отпечатат, потпишат и исполнуваат секојдневно и доживотно

image
/11


 

Свечено ветувам дека:

-          Ќе мислам на себе како родител. Јас не сум само нечиј пријател, работник, нечие дете. Јас сум и родител. Тоа е можеби и најважната улога која ја имам.

-          Ќе се обидам своето дете да го разберам и поддржам. Тоа нема никого освен мене. Дури подоцна врсниците ќе бидат значајни во неговиот живот, но дури и тогаш, јас ќе бидам негов родител. Други мајка и татко нема никогаш да најде.

-          Ќе ги контролирам своите амбиции и ќе ги негувам неговите. Моето дете не треба и не мора да биде исто како мене. Тоа треба да има сопствени соништа и желби.

-          Ќе разговараме, ќе се договараме, ќе преговараме. Комуникацијата секогаш ќе биде начинот за разбирање и основа за доверба.

-          Ќе го казнувам кога ќе морам. Но само со зборови и без понижувања.

-          Ќе ги извршувам ветувањата кои ги давам. Затоа ќе внимавам што ветувам.

-          Ќе им дозволам право на грешка. Често заборавам дека моето дете е само дете. Тоа се развива и учи на сопствените грешки. Неопходно е за тоа да бидеме свесни.

-          Ќе ја негувам неговата самодоверба. Ќе го пофалам кога ќе можам, не само за постигнатите резултати, туку и за вложениот труд.

-          Ќе го почитувам неговото мислење. И мене во детството ми беше многу важно родителите да ме сослушаат и да го разберат она што сакам да им го кажам. Тоа му е важно и на моето дете.

-          Ќе го запознаам детето со неговите права.  Ќе бидам првата личност која ќе ги почитува тие права. Моето дете заслужува живот со полни права.

-          Во секоја возраст детето освен права ќе има и обврски. Тие ќе го поттикнуваат неговиот понатамошен развој.

-          Постојано ќе го потсетувам колку го сакам. Иако верувам дека тоа го знае, важно е тоа да му го покажувам. Така ќе го негувам нашиот однос, а тоа ќе расте со уверување дека има поддршка.

-          Ќе се обидам на своето дете да му обезбедам и корен и крила. Така ќе се научи да се бори, да победува и да губи...бидејќи има каде да се врати...во безбедноста на домот и семејството.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Се сеќавате на вашето детство, нели?
Нашите игралишта беа градилишта, исполнети со кал, гуштери и желки кои беа наши миленичиња. Се качувавме на дрва, преско...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?