Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На сите ни доаѓа понекогаш да побегнеме од дома, кога децата ќе започнат со своите барања. Од друга страна пак, околината зборува дека треба да се ужива во времето поминато со децата, бидејќи пребрзо ќе пораснат. Овој татко размислува на глас на оваа тема. Прочитајте!
Се наоѓам во период од животот во кој секоја коска на телото ми е уморна. Бушав сум во косата и очите ми се уморни во стилот “Како ќе издржам до крајот на денот?”
Имам три сина помали од пет години. Не дека се жалам! Всушност, можеби малку. Но знам дека постојат луѓе кои би дале се' за куќа полна со смеа и хаос. И јас бев една од тие личности, години и години. Болката која ја носи неплодноста е разочарувачка и константна. Се сеќавам како на моменти премногу се надевав, а потоа ќе се срушев. И така од месец во месец, седум години...
Сега, во мојот живот имам три сина помали од 5 години. Во многу моменти тие се потполно прекрасни...Но има и многу моменти кога немам претстава како ќе преживеам додека не заспијат. Константните барања, потреби и расправии се како гребење со нокти по таблата секој ден.
Едно од моите деца сигурно ќе биде следниот Стив Џобс. Сега имам неизмерна емпатија спрема неговите родители. Тој има прецизна визија што сака – само тоа и ништо повеќе. Неговата чинија треба да е центрирана според столицата, чорапите треба да стојат како што тој замислил и розевиот делфин треба да има среќни очи, а не тажни. Тој не е задоволен со ништо што не е совршено.
Мора да признаам дека понекогаш звукот на неговото вриштење ме тера да се сокријам во шпајзот. И нема ниту да потврдам ниту да негирам дека, додека сум таму, компулсивно јадам чипс и/или црно чоколадо.
Постојат луѓе кои ми велат.
“Треба да уживаш во секој момент! Децата растат многу брзо!”
Јас обично ќе им се насмеам и ќе испуштам некаков звук, но потајно сакам да ги пикнам малку под вода. Само на една минута, не повеќе. Малку да се испаничат.
Знам дека е точно тоа дека децата брзо ќе пораснат. Но чувството дека морам да уживам во секој момент, баш и не е некој добар совет, бидејќи е невозможно. Не е секој момент во родителството уживање. Ниту за вас ниту за мене. Само вие кои имате тинејџери очигледно сте заборавиле. Ако уште еднаш ми кажете да уживам во секој момент, ќе престанам да се гледам со вас.
Ако сте родител на мало дете, знаете дека постојат моменти на фантастично уживање и не можете да верувате дека токму вам ви е дадена таа привилегија да бидете со тие мали луѓе. Еве, јас ќе бидам тој кој ќе ги каже следните работи на глас:
Вие сте само реален родител кој има граници. Не можете се' да постигнете. Сите мораме да признаеме дека имаме неверојатно високи стандарди на родителството и се чувствуваме ужасно кога на децата ќе им дадеме смоки, ли ќе им пуштиме да гледаат цртан филм.
Една од причините што сме толку исцрпени е тоа што сме презаситени со информации за тоа какви родители треба да бидеме.
Па, можеби е време да престанеме да читаме блогови кои не учат како да го воспитаме следниот претседател на државата кој знае да чита на три години и не само што јаде зеленчук, туку и сам си го подготвува. Можеби е време да бидеме родител кој вели извини, откако ќе се развика. Кој ќе си посвети време и себеси. Кој се моли да биде што подобра верзија на себе, а не на идеално замислениот родител.
Затоа, кога следнот пат ќе видите пријател кој има мали деца, со замаглен и очаен поглед, нарачајте му пица и пијалок на ваша сметка. Предложете му да ги прошетате неговите деца макар на еден час, за да може на мир да води љубов со својата сопруга, ве молам. Ставете рака на неговото рамо, погледнете го во очи и кажете му дека одлично си ја врши работата. Само немојте да се уплашите ако почне неконтролирано да плаче. Поголемиот дел од времето чувствуваме како да крпиме се' што правиме и мислиме дека децата ќе ни пораснат во грозни криминалци кои ќе не мразат и нема да сакаат да не видат кога ќе пораснат.
Секоја коска ви е уморна. Не сум сигурен кога ќе биде подобро. Денес можеби ќе биде подобар ден, или баш денес толку многу ќе полудите што и сами себе ќе се изненадите.
Вдишете. Издишете.
Не сте сами.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...