|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Роденден на директорот

Непознат автор, 9.3.2012
Зошто и дадов отказ на секретарката!?

image
/11


 

 

Пред две недели наполнив 38 години. Утрото, на својот роденден, се разбудив прилично нерасположен, бидејќи годините го прават своето.

Отидов во кујната уверен дека жена ми ќе ме освежи со “Добро утро и среќен роденден, маженце мое златно”. А веројатно и ќе ме изненади со некој подарок. Ништо. Не кажа ни добро утро, а камоли нешто друго на што се надевав! Добро, помислив, со текот на годините стануваат такви, но децата, тие сигурно ќе се сетат на мојот роденден. Децата, исто така, не рекоа ништо.

Длабоко разочаран отидов на работа. Штом влегов во канцеларијата ме дочека мојата секретарка. Со насмевка на лицето Лидија рече:”Добро утро директоре и се најубаво за Вашиот роденден!” Веднаш се почувствував подобро. Сепак некој се сетил дека денес ми е роденден.

Се задлабочив во работата и работев до попладнето. Тогаш на вратата затропа Лидија:

“Знаете директоре, денес е толку убав ден, а и роденден Ви е, па Ве повикувам на ручек!” Тоа е најубавата работа која денес сум ја слушнал”, возвратив. “Одиме?”

Отидовме на ручек во еден одличен мал, интимен  ресторан на периферијата, си дозволивме неколку мартини и бескрајно уживавме во одличната храна. Кога се враќавме назад, Лидија рече: “Знаете директоре, денес е толку посебен ден, зошто да се враќаме во канцеларија?”

“Навистина сте во право”, реков, како и секој добар директор задоволен од својата секретарка. “Тогаш ве повикувам кај себе на чаша вино!”

Се сместив во удобниот кауч. Лидија ни тури вино и кога наздравивме, рече:

“Само момент директоре, да облечам нешто поудобно!”.

“Секако, само напред!”, одговорив видно возбуден и со треперлив глас. Отиде во спалната соба и се врати по пет минути. Во рацете носеше голема торта, а зад неа одеа мојата жена, моите деца, пријателите и некои колеги од работа. Сите пееја “Happy birthday to you…”

 

А јас седев на каучот гол-пиштол, како од мајка роден...

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Интервју: Др. Митка Тренчева
Со посебно задоволство и почит ја претставуваме Др.Митка Тренчева, докторка - педијатар.
4
Татковците се прават дека спијат кога бебе...
Како најчест изговор мажите го користат заморот и фактот дека наутро треба рано да станат, бидејќи одат на работа. Исто ...
4
Типови на луѓе кои ќе ги мразите по породу...
Помните ли кога бевте во третиот триместар и сите ваши блиски пријатели и роднини почнуваат да зборуваат за тоа како ќе ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?