|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ризница на витамини, минерали, диетални влакна

Александра Олјеска, 11.3.2011
Свежо јаболко се препорачува да се јаде половина час предходно или неколку часа по оброкот. Јаболкото содржи голем процент вода, во која се стопени хранливите состојки и брзо се апсорбира

image
/11


Веќе знаеме дека едно јаболко на ден го држи лекарот подалеку од нас. Уште во стариот век била добро позната големата вредност на јаболкото и неговото употребување во лековити цели. Карло Велики наредил садење јаболка во германските земји околу 800-та година, а околу 1600-та година  биле познати речиси 200 сорти јаболка. Од времето на стариот Рим потекнува изреката „од јајце се до јаболко“.  Тогаш било вообичаено  да се почне оброкот со јајце а да се заврши со јаболко.

Стеблото на јаболкницата најчесто е најкултивирано стебло на светот, а како диво во Европа датира уште од предисториското време. Питомото стебло по потекло е од јужен Сибир и од Азија.

И ПРОТИВ ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО

Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки кои позитивно влијаат врз нашиот организам. Во зависност од сортата 100грама јаболка содржи околу 85 грама вода, 10,9 грама јаглеродни хидрати и 3 грама диетални влакна. Во јаболката има и околу 40 милиграма  витамин Ц, потоа витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Тие содржат и минерали, многу калиум (100-180 милиграми) и калциум, фосфор, магнезиум и железо.  Јаболката го поттикнуваат имунолошкиот систем на организмот и многу се ефективни во борбата против вирусите, бактериите и разорното влијание на слободните радикали. Така, јаболката одлично штитат од настинка, а докажано е дека штитат и од појава на тумори, пред се, на дебелото црево.

Јаболката се одлични кај проблеми со варењето, пред се, кај опстипација. Понатаму, спречуваат насобирање на штетни елементи  во  крвта, го намалуваат зголемениот холестерол и спречуваат затнување на крвните садови, па така го намалуваат ризикот од појава на тромбоза и на артериосклероза, а позитивно дејствуваат и врз работата на срцето.

Свежо јаболко се препорачува да се јаде половина час  претходно  или  неколку часа по оброкот. Јаболкото содржи  голем процент на вода, во која се стопени хранливите состојки и минува низ желудникот во рок од 15 до 20 минути, па бргу се апсорбира.

УШТЕ НЕКОИ БЛАГОДЕТИ

За слабеење – ова овошје е богато со калиум, па така поттикнува излачување течности  при што го стимулира слабеењето.Освен тоа, богато е со влакна, па затоа во желудникот создава чувство на ситост.

За чистење на организмот – свежото јаболко содржи големи количества пектин, кој во организмот апсорбира  вода и отрови, па затоа стручњаците препорачуваат барем еден ден  во текот на месецот да се јадат само  јаболка, да се пие само сок од јаболка за да се исфрлат сите отрови од организмот кои се насобираат со консумирање на храна од животинско потекло.

За здрави заби – јаболката се многу важни и за нега за  забите, а исто така се добро средство за освежување на здивот. Поради многу калциум и фосфор позитивно влијаат врз изградбата на коските и на забите, а бидејки се богати со флуор, го спречуваат кариесот, ги јакнат и ги штитат забното месо и усната флора. Со лесно џвакање на јаболкото се чистат забите и се уништуваат штетните бактерии во усната шуплина. Интересно е дека со миењето уништуваме 60% од бактериите во устата, а со јадењето на јаболка дури 90 отсто.

Против умор – јаболката имаат многу јаглеродни хидрати, па го обезбедуваат телото  со  енергија и го спречуваат уморот. Состојката серотинон одлично го крева расположението.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Патот до дете...
Исповед на една жена, која со години се обидува да стане мајка...
3
Откриена тајната на забременувањето
Дали сте знаеле дека човечката јајце клетка всушност го ‘’фаќа’’ сперматозоидот со цел да биде оплодена?
3
Повеќе сонце = поголема плодност!
Ви треба причина за да излезете надвор на сонце? Имаме една за Вас! Поминувањето време на сонце може да биде поттикнувач...
3
Лажни митови за плодноста
Одредени секс-пози ги зголемуваат шансите за забременување, првото дете е гаранција за плодноста и скапите витамини ја з...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?