|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ризична бременост? Еве како да го исполните денот

Редакција Рингераја, 26.8.2019
Докторот ви рекол дека мора да мирувате, а вие не сте научени да бидете на едно место? Нема проблем. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но ако убаво и квалитетно го исполните времето, мирувањето воопшто не мора да биде здодевно

image
/11


Без разлика дали мора строго или делумно да мирувате, ви претставуваме креативни и забавни идеи кои сигурно ќе ви ја ублажат досадата.

Читајте

Сега е вистинско време да ги прочитате сите оние книги за кои сте немале време пред бременоста. Наместете ја удобно перницата, покријте се и уживајте.

Гледајте филмови

Ако во изминатите години многу сте работеле, освен што не сте стигнале да ги прочитате книгите кои сте сакале, сигурно сте немале време да ги погледнете и најновите филмови... или можеби пак отсекогаш сте сакале да ги изгледате сите класици. Токму сега е вистинското време за тоа!

Направете маникир

Иако не може да одите до салон и да им се препуштите на вештите раце на козметичарките, сега можете сами да експериментирате и да се забавувате украсувајќи ги ноктите. Прво убаво изманикирајте ги, па потоа играјте си со бои, шари, можеби и некои апликации.

Пишувајте

Земете некоја убава ламба и пишувајте сè што ќе ви падне напамет, без разлика дали повеќе сакате проза или поезија. На крајот на краиштата, напишете им писмо на други луѓе, бидејќи, освен што ќе уживате, сигурно и нив ќе ги вратите во минатото, кога писмата беа она што денеска се chat-от и email-от. Ако повеќе сакате куцање на тастатура, можеби вистинско време е да отворите блог на кој ќе ги споделувате сите свои мисли, идеи и соништа.

Занимавајте се со уметност

Имате некое хоби кое неправедно сте го запоставиле? Сега е вистинско време да му се вратите. Занимавајте се со цртање, сликање, создавање... само вклучете го мозокот и рацете.

Направете споменар

Сигурно отсекогаш сте сакале да направите споменар, а не сте имале време за тоа. Има безброј идеи. Можете да направите споменар за бебето во кој ќе ги лепите сите спомени пред неговото раѓање или кои се однесуваат на љубовта помеѓу вас и вашиот драг. Тоа би бил споменар кој потоа со години ќе го отворате и ќе се сеќавате на убавите моменти.

Учете

Да, сега имате време да го обновите знаењето на странскиот јазик или можеби да научите некој нов. Можете да се пријавите на некој онлајн курс или пак да ја замолите бабата или мајката да ве научат да штиркате. Секоја нова вештина добро ќе ви дојде, а притоа и квалитетно ќе го искористите своето време. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Народен лек против ешерихија коли
Рецепт од чесна сестра од Посушје, кој доста се користи во Хрватска и Босна и Херцеговина. Рингераја.мк го споделува со ...
3
Супер храна за трудници! Што мора да јадете?
За ваше здравје и за здравјето на вашето бебе, вклучете ги овие намирници во вашата исхрана
3
Јога вежби за опуштање на грбот
Следниве две јога-вежби за кратко време, поради самата поставеност на телото, ја штедат енергијата, ја опуштаат мускулат...
3
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?