|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Риновирусни инфекции кај децата

www.zazdravje.com.mk, 25.9.2012
Симптомите се познатите при настинката: болно грло, секрет од носот, покачена температура, инфекции на увото и синусите. Најмногу подложни на риновирусни инфекции се децата до 2-годишна возраст.

image
/11


 

За овој период секое дете може да прележи околу 9 риновирусни инфекции, а преносот се врши главно при престој и игра на неколку деца во заеднички простории.

Зголемување на фреквенцијата на риновирусните инфекции кај децата се забележува во есен и пролет, иако нивната појава не е исклучена и во останатото време од годината. Постојат неколку типа на пренос на риновирусните инфекции. Детето со настинка го допира својот нос, а потоа и играчките кои се разменуваат меѓу децата. Вирусите доаѓаат во контакт со другите деца, со истите предмети или преку загадените раце. Вирусите се пренесуваат и по воздушен-капков пат - при дишење, кивање или кашлање.

Инкубациониот период за докажување на инфекцијата е краток, до 2-3 дена. Болеста кај детето сепак продолжува во наредните недела-две.

Типичен симптом за риновирусна инфекција е "носот, кој никако не престанува да тече". По некое време воденестиот и прозирен секрет станува густ, добива зеленикава, сивкава или кафеава нијанса што е показател за влошување на состојбата на детето. Присутно е често кивање. Можно е и детето да кашла, не само поради акумулација на секрети во грлото, туку и поради болното грло. Детето може да страда од главоболка и болка во мускулите. Апетитот е намален. Можно е зголемување на телесната температура, типична е меѓу 38 - 39 ° C.

При влошувањето на состојбата кај децата, потребна е почеста консултација со лекар. Кај децата, риновирусните инфекции лесно би можеле да доведат до компликации како бронхиолит или пневмонија, иако во многу голем дел од случаите поминуваат лесно. Налепите на крајниците покажуваат друга инфекција - со стрептококи, која може да ја влоши болеста на детето.

 

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Рецепт за најубави балони од сапуница
Децата обожаваат да си играат со величествените балони од сапуница. Еве неколку рецепти за течност со која се прават нај...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?