|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

РХ негативна крвна група и бременост

Редакција Рингераја, 11.6.2015
РХ факторот, наречен уште и резус фактор, е протеин кој се наоѓа на површината на црвените крвни клетки. Што ќе се случи за време на бременост доколку имате различен РХ фактор со партнерот?

image
/11


 

Ако вие и вашиот партнер двајцата имате негативен резус фактор, тогаш нема за што да се грижите бидејќи ќе имате РХ негативно бебе. Ако пак вие имате Рх негатив крвна група, а вашиот партнер Рх позитив, во тој случај вашето бебе ќе биде или позитив или негатив. Во тој случај можат да се јават потенцијални опасности за плодот, за кои за среќа во современата медицина постои решение. 

 

Што е крвна група?

Вашата крвна група ви кажува за маркерите на површината на вашите црвени крвни зрнца. Црвените крвни зрнца можат да бидат А, Б, АБ или 0. Црвените крвни зрнца исто така имаат протеин кој се вика РХ. Вашата крв може да биде РХ позитив што значи дека имате РХ протеин, или РХ негатив, што значи дека немате. Буквата од крвната група + РХ факторот = вашата крвна група. Во болницата каде треба да родите, при првата пренатална посета се прави тест со кој треба да се утврди вашата крвна група.

Зошто е важна крвната група?

Ако некогаш ви треба крвна трансфузија, вам треба да ви дадат крв од иста крвна група. Ризично е да примате крв од друга крвна група, освен ако не е 0.


Што ако сте бремени и имате РХ негативна крвна група?

РХ негатив се однесува на фактот дека немате РХ протеини во вашите црвени крвни зрнца. Ако вашето бебе е РХ позитив, а вие примате мала количина од крвта на детето во циркулацијата кога сте бремени или кога се пораѓате, вашето тело може да створи антитела кои ги убиваат црвените крвни зрнца кои се РХ позитив. Најголема веројатност постои да бидете изложени на крвта на вашето бебе кога го раѓате. Токму затоа РХ негативноста нема да му штети на детето во првата бременост. Но, во наредната бременост антителата кои се создале при првата бременост може да ја преминат плацентата и да ги нападнат РХ позитивните црвени крвни зрнца, ако вашето наредно дете има РХ позитив. Ова се вика РХ сензитизација. РХ сензитизацијата може да предизвика анемија кај фетусот (мало количество на железо во крвта), спонтан абортус, раѓање на мртвороденче, или сериозна болест која се вика хемолитска болест кај новороденчето. РХ сензитизацијата е многу ретка затоа што жените кои се РХ негатив примаат инјекции кои го сопираат телото да произведува антитела за РХ позитивната крв.

Што е Рхо-имуноглобулин?

Рхо-имуноглобулин е лек кој го стопира процесот во крвта кој произведува антитела што ги напаѓаат РХ позитивните крвни клетки. Рхо-имуноглобулин е стерилизирано решение направено од човечка крв што содржи мала количина РХ позитивни протеини. Овие протеини го штитат имуниот систем од правење постојани антитела за РХ позитивната крв. Тие нема да го повредат вашето бебе. Рхо-гам се дава преку инјекција.

 

Кога треба да примите Рхо-гам?

Иако шансите вашата крв и крвта на бебето да се измешаат за време на раѓањето се многу мали, тоа може да се случи и во последното тримесечје од бременоста, кога вашата плацента расте и мембраните кои ја одделуваат вашата крв од онаа на бебето се многу тенки. Заради оваа причини Рхо-имуноглобулин се дава во 28мата недела од бременоста, со цел да се заштити плодот во остатокот од бременоста. Рхо-имуноглобулин делува 13 недели.

Набргу по раѓањето, вашето бебе ќе биде тестирано за РХ. Ако вашето бебе има РХ позитивна група, вие ќе добиете уште една доза Рхо-имуноглобулин 72 часа откако ќе го родите детето. Ако вашето дете има РХ негативна крвна група, вам нема да ви треба уште една доза Рхо-гам.

Дали другпат би требало да примите Рхо-гам?

Рхо-гам треба да се прима секогаш кога вашата крв би можела да стапи во контакт со РХ позитивни крвни клетки како на пример:

Вагинално крварење за време на бременост

Спонтан абортус

Повреда на абдоменот за време на бременост

Ако сте РХ негативни и нешто од горенаведените работи ви се случи треба да го исконтактирате својот лекар веднаш, кој ќе ви даде Рхо-имуноглобулин инјекција во наредните 72 часа.

Дали Рхо-имуноглобулин е безбедно решение?

Рхо-гам е многу безбедно решение. Се препорачува за сите бремени жени со РХ негативна група. Многу се мали шансите да добиете инфекција како ХИВ или хепатитис од Рхо-имуноглобулин, толку мали што до сега нема докази дека се случило. Исто така многу се мали шансите да добиете алергиска реакција од Рхо-имуноглобулин. Важно е да знаете дека ризикот од РХ сензитизација е многу повисок од ризикот од проблеми при инјектирање Рхо-гам. Ако тоа се случи, сите наредни бремености се ризик ако бебето е РХ позитивно.

Што ако одлучите да не примите Рхо-имуноглобулин?

Една од 5 жени кои не примале Рхо-имуноглобулин веројатно ќе добие РХ сензитизација, која нема да може да се поправи ако веќе се случи. Ако не примате Рхо-имуноглобулин за време на бременоста, треба да си ја проверувате крвта често во последното тримесечје за да видите дали имате предизвикано РХ сензитизација. Ако да, треба да се тестирате како вашето дете се справува со проблемот. Ако бебето има сериозен проблем, може да се предизвика порано раѓање на истото.

Вообичаени прегледи и анализи во бременоста
Пред Вас е список на вообичаени прегледи и анализи во бременоста, како и приближниот период кога треба да се направат.
4
Дали треба да се разделите со мачката во б...
Кога ќе се појават среќните две цртички на тестот за бременост, веднаш одиме кај гинекологот за потврда. И многу често, ...
4
Суровата вистина за царскиот рез
Замислете да ве испратат на некоја обична операција и по излегувањето од сала да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат...
4
Бременоста и летните горештини
Горештините не се воопшто пријатни за повеќето луѓе и особено за бремените жени. Еве неколку совети, кои ќе им помогнат ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali ste?
Jana9

Dali ste ljubitel na visoki potpetici?

Da (67%)

Ne (33%)

Da i gi imam vo golem broj (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!