|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Редовно го дојам бебето, но не добива на тежина!?

Редакција Рингераја, 23.4.2021
Погледнете што е нормална појава кај новороденче, и кога навистина треба да се грижите! Постојат јасни индикации за тоа дали бебето се развива добро или не

image
/11


 

 

Кога ќе се вратите од болница со вашето бебе, во глава ќе ви останат тежината и сантиметрите што ви ги кажаа кога заминавте од родилиште. Сепак, првото мерење кај педијатарот може да биде загрижувачко за вас.
Што се случува со телесната тежина на вашето бебе по раѓањето? 
Кога мајката ќе се одлучи за доење како единствена варијанта на хранење на новороденчето, пред неа има многу сомнежи, особено ако станува збор за првото дете, што понекогаш може да биде обесхрабрувачко. Една од најчестите грижи е како да знаете дека бебето добива доволно млеко, како да знаете дека е сито, особено ако слабее. 
Се разбира, иако зголемувањето на телесната тежина е, на долг рок, најдобар доказ дека бебето добива доволно млеко, можните мали отстапувања од просечните вредности не мора секогаш да бидат знак на тревога. 

Како да препознаете дека детето примало доволно хранливи материи? 

Кожа!

Кожата на новороденчето е мека, еластична и влажна. Направете тест: притиснете ја кожата со прстот, па ако веднаш се врати во розова боја, бебето сигурно не е дехидрирано. Исто така, ако кожата околу очите и устата е розова и влажна, новороденчето прима доволно течности. 
Број на влажни пелени!

Едно новороденче старо 3-4 дена, треба да има најмалку 6 влажни пелени дневно. Сепак, откако ќе излезе целиот мекониум и столицата ќе стане со боја на сенф, се очекуваат најмалку 3-4 пелени со измет на ден (со големина од најмалку 2,5 см). По 6-тата недела од животот, некои деца многу поретко какаат, што е исто така сосема нормално. Ако по петтиот ден од животот детето нема доволно влажни и валкани пелени, треба да се консултирате со лекар.

Активност! 
Детето се смета за активно ако во текот на денот има период во кој воспоставува контакт со очите со своите родители, следи што прават, се интересира за околината и ги имитира изразите на лицето. 
Плачење! 

Една од заблудите на многу мајки е дека бебето не добива доволно млеко ако е немирно и плаче. Меѓутоа, кога станува збор за доење, тоа во никој случај не е показател, особено во почетокот, бидејќи бебињата обезбедуваат почести доења со плачење. 
Како да препознаете проблеми за кои е потребен медицински надзор? 
Ако бебето стане летаргично, неговиот плач е ослабен, ако на кожата не и се врати во розова боја кога ќе ја притиснете , ако устата и очите се суви, ако фонтанелата е потоната, консултирајте се со доктор, бидејќи сите овие знаци укажуваат на дехидрираност. 
Што треба да знаете за добивањето тежина? 

Без оглед на тоа дали се доени или не, децата губат телесната тежина во првите 3-4 дена по раѓањето поради губење на течност од ткивата и поради ослободување на мекониум. Се смета за нормално ако детето изгуби 5-7% од родилната тежина, а слабеењето до 10% сè уште се смета за нормално, иако лекарот во тој случај ќе препорача помош за доење. 
Во рок од 10 -14 дена, повеќето деца ја враќаат својата родилна тежина, а зголемувањето на телесната тежина се мери од најниската тежина по раѓањето. Се разбира, колку повеќе бебе изгуби тежина, толку подолго ќе  треба за да ја врати својата родила тежина. 
Што ако вашето дете отстапува од просекот? 
Можни се отстапувања што сè уште се сметаат за нормални (под услов општата состојба на детето да е добра и да има доволен број влажни пелени). Имено, децата се разликуваат во градба, метаболизам, темперамент, мајките ги дојат со различна фреквенција и со тоа согоруваат калории на различни начини. Долгите и витки бебиња (т.н. банана тип) согоруваат калории побрзо од пократките и буцките, па растат побрзо во должина, па затоа се над просекот на висините и под просекот на кривините на тежината. 
Чаби-бебињата (т.н. тип јаболко) добиваат на тежина побрзо, но растат побавно во висина. 
Кога зборуваме за темпераментот на бебето, таканаречените "добри бебиња" согоруваат помалку калории, па дури и побрзо се дебелеат. Активните бебиња согоруваат повеќе калории и имаат предиспозиција да бидат послаби. 
Што се однесува до доењето, новороденчињата кои ги имаат на располагање цело време градите, кои спијат со своите мајки во кревет,  побрзо добиваат на тежина. 
Доенчињата што родителите ги хранат според распоред послабо напредуваат во телесната тежина. Ова не се должи само на временскиот интервал помеѓу хранењето, туку и млекото на мајка која поретко дои е помалку калорично.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска храна во микробранова печка?
Можеби штеди време и дава можност да се стопли храна која инаку е невозможно или тешко да се стопли, но не треба да се з...
5
Оброк од житарки
Идеални за почеток на прихранувањето! Содржи пробиотици – корисни бифидобактерии кои го штитат организмот и го зајакнува...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Не ги притискајте мајките да дојат. Опасно е!
Јас сум советник за доење. И додека некои можеби ќе имаат срце - трогателна приказна за тоа колку се успешни во доењето,...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?