|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Реакции за “Величествениот” во Турција

Редакција Рингераја, 14.3.2012
“Muhtesem Yuzyil” или “Величествениот век”, е раскошна сапунска опера за животот на Сулејман Величествениот и Хурем, робинката која стана негова моќна сопруга, обожувана и навредливо критикувана од светот

image
/11


 

 

Сулејман беше на чело на Отоманската империја од 1520 – 1566 година, во врвот на својата слава и се уште е почитуван како Kanuni, или Законодавецот.

Серијата предизвика бран на протести од гневните гледачи, па дури и од владини претставници. Критичарите изјавија дека Султанот во серијата е омаловажен, бидејќи е покажан во алкохолозирана состојба, што е забрането и блудничи со конкубините во харемот. Тие, исто така, се пожалаа дека сценаристите на серијата си земаат слобода за извитоперување на историските настани и претставата за кралскиот живот.

Сепак и покрај предупредувањата на Владата и советот на медиуми, или токму заради нивните реакции, рејтингот на серијата се воздигна до небото и расте со секое следно, колоритно поглавје од историјата на отоманскиот владетел.

Дури и премиерот Реџеп Ердоган се вмеша нарекувајќи ја серијата срамна и обид да се покаже историјата во негативно светло на помладите генерации.

“Предизвик е да се знае вистината за Отоманската империја” според Лесли Пирс, професор на Отоманските студии во Универзитетот во Њујорк.

"Во Отоманската ера, рече тој за време на интервјуто, “учтивото” општество не зборуваше за жените и скоро ништо не е напишано за нив. Ние немаме извори кои ќе ни разјаснат како функционирал харемот. Овие приказни ги добивме од Европејците. Некои од нив се добро информирани, особено венецијанците".

"Има многу нешта кои не ги знаеме за Хурем и за другите конкубини во харемот, така што моравме да направиме слика, според она што го имавме како информација".

Според извештаите на венецијанските дипломати Хурем, во Европа позната како Рокселана, била една умна дама, рече Др. Пирs, автор на книгата “Кралскиот харем, жените и сувереноста на Османлиската империја”.

"Таа си играше со политиката, но од мајките на кнезовите се очекува да го направат тоа".

Хурем се стекна со јавна политичка улога,  која ниедна жена пред неа не ја имала. Таа е модел за кралица мајка и султанка и пример за сите кои доаѓаат по неа.

Регулаторот на медиуми во Турција RTUK  е добро познат по забраните за емитување или одложување на емитувањето. Серијата “Величествениот век”, го преживеа почетниот бес на власта, но ги скрати и уреди сцените со бакнување и ги измени последните епизоди.

Meral Okay, сценаристот на серијата, рече дека гледачите биле налутени заради описот на ликовите, сплетките и внатрешното работење на великиот суд.

“Кажавме неколку пати од почетокот – ова е фикција инспирирана од историјата”. Минатиот месец Ројтерс ја цитираше изјавата на Okay: ”Со влегувањето во харемот ние ги направивме сите недопирливи, а почитувани ликови од нашата историја, поблиски до нас. Ги отсликавме како луѓе, со сите свои стравови, лутина, страсти”.

Продуцентската куќа на оваа серија, TIMS продукција изјави дека серијата раководи со “клучните настани” на чувствителен начин. “Веруваме дека кога луѓето ќе ја гледаат серијата, жалбите ќе се намалат. Обвинувањата дека Отоманското кралство е претставено погрешно, се неправедни”. Тој додава “Со декорот, облеката, визуелните ефекти, Величествениот век е една од најамбициозните ТВ серии во турската телевизиска историја”.

Во меѓувреме, рејтингот на серијата постави рекорд во Турција, бидејќи наводно заработил 50.000.000 $ минатата година од извозна продажба на оваа сапунска серија, со повеќе од 70 емитувања во 20 земји, на Блискиот исток и Балканот.

Со светкавиот накит, раскошните фустани, обидите за труење и сочните интриги во палатата, серијата предизвика оживување на интересот за сите нешта кои потекнуваат од Турција, од калиграфијата до турската кујна. Посетите на Топкапи Палатата, домот на Султанот, нагло се зголемија, откако почна да се емитува серијата.

Симпатичниот и лукав султан, 10-от Владетел на Отоманската империја, кој го игра Halit Ergenc, ветеран во турските сапуници, наводно добивал пошта со заканувачка и навредлива содржина. Но шоутo ја направи славна малку познатата германска актерка, која ја игра Хурем, пламенокосата христијанка киднапирана од татковата црква, од местото каде денес се наоѓа Украина.

27-годишната актерка Meryem Uzerli, која е родена во Берлин и има мала сличност со Drew Barrymore, за магазинот Темпо во сторијата за насловна страна изјави “Модерните жени би можеле да научат многу нешта од Хурем. Најважна е стратегијата. Ако поседувате вештини, кои ги поседува Хурем, може да добиете се што ќе посакате”.

Едно лице, претставено под името Nagayec, на веб сајтот на креаторите на серијата напиша: “Вие имате право да го мразите исламот, но немате право на лажете за историјата на овој врвен индивидуалец”.

Спротивно на тоа пишува едно лице, претставено под името “Yabanci: “Тоа е сапунска опера, за забавни цели. Живејте го сопствениот живот!”

 

Извор: The New York Times

 

Какви и да се реакциите, имаме можност да гледаме прекрасно направена серија, која во поширока смисла и на многу колоритен начин ја опишува турската традиција, обичаи и дел од историјата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
5
Кои секс пози треба да ги избегнувате во б...
Иако, особено во напредните фази на бременоста, доста е незгодно да имате секс, желбата сепак постои. За да бидете сигур...
3
Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
3
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?