|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Разводот е стресна ситуација за родителите и децата подеднакво.

image
/11


Иако реакцијата ќе зависи од возраста на детето, темпераментот и околностите заради кои доаѓа до развод, многу деца се чувствуваат тажни, фрустрирани, лути, вознемирени и анксиозни - што не е чудно, со оглед на чувствата кои ги имаат.

За среќа, родителите можат да им помогнат на своите деца за време на разводот. Со минимизирање на напнатоста на новонастанатата ситуација, со смиреност, отвореност  и искрен разговор можете да им помогнете на децата да го надминат ова тешко време.

Од суштимнско значење за детето е способноста на родителите и после разводот да останат во добри меѓучовечки односи. Конфликтот помеѓу родителите, независно од тоа дали се заедно или разделени – предизвикува големи фрустрации кај децата кои можат да траат не само во детството.

Кажете му на детето дека се разведувате

Штом веќе сте одлучиле, кажете му ја на детето вашата одлука дека планирате да живеете одделно. Иако не е лесно да се соопштат овие вести, пожелно е обата родители да бидат присутни во овој момент. Најважно е да ги оттргнете сомнежите на вина од детската глава.

Иако дискусијата за развод треба да биде прилагодена на возраста на детето, на неговата зрелост и темперамент, треба да пренесете една основна порака: Се што се случува е меѓу мама и тато и тоа нема да има негативни ефекти врз односот со децата. Повеќето деца ќе се чувствуваат виновни иако родителите ги убедуваат дека не се. Од витално значење за родителите е да го успокојат детето.

Дајте им на децата доволно информации за да ги подготвите за претстојните промени во нивниот живот. Запомнете дека децата не треба да го знаат секој детаљ – доволно е само јасно да знаат како нивниот живот ќе се смени. Со најмалите деца постапката е полесна, можете да им кажете нешто како:”Мама и тато ќе живеат во различни куќи, па нема да се караат толку многу, но обајцата те сакаме и ќе се обидеме тебе да ти биде убаво”

Постарите децата можат повеќе да бидат во тек со она низ што родителите минуваат и да бидат пољубопитни околу тешките прашања. Ако децата се многу вознемирени, кажете им дека ги препознавате и се грижите за нивните чувства и убедете ги дека нивната вознемиреност е разбирлива. Можете да кажете: ”Знаеме дека ова е многу вознемирувачки за вас. Можеме ли нешто да направиме за да се чувствувате подобро? И двајцата ве сакаме и ни е жал што мораме да живееме одделно”

Сите деца не реагираат веднаш. Кажете им дека ќе разговарате кога тие ќе посакаат. Некои деца се обидуваат да ги задоволат родителите глумејќи дека се е во ред и се обидуваат да ги избегнат тешките чувства преку потиснување на лутината и тагата.

Без оглед на итноста на реакцијата на детето, важно е да сте подготвени за одговор на следните прашања:

  • Со кого ќе живеам?
  • Дали ќе се движам слободно?
  • Каде ќе живее мама, а каде тато?
  • Ќе можам ли да се гледам со моите другари?
  • Ќе одам ли во друго училиште?
  • Ќе може ли ова лето да одам на одмор?
  • Можам ли сеуште да ги правам омилените активности?

Бидете што поискрени во одговорите и убедете го детето дека мама и тато ќе поминат низ оваа криза, иако тоа може да потрае некое време.

Помогнете му на детето да ја надмине ситуацијата

Разводот за детето носи реална загуба. Многу деца тагуваат заради распадот на семејната идила која ја посакуваа и посебно им недостасува среќата на семејниот живот. Затоа е многу природно децата да се надеваат дека нивните родители еден ден повторно ќе живеат заедно – дури и по конечната одлука за развод. Оплакувањето на загубата на семејството е нормална, но со тек на време вашето дете ќе ја прифати новонастанатата ситуација.

  • Поттикнете ја искреноста – Децата треба да знаат дека нивните чувства се важни и дека ќе бидат земени сериозно
  • Помогнете им на децата да ги опишат чувствата – Потиснувањето на чувствата кај децата може да предизвика тага и гнев. Изразувањето на сопствените чувства ќе им помогне да ги препознаат и надминат. Можете да кажете “Се чини како да се чувствуваш тажно токму сега. Дали знаеш што те прави тажен/на?” Бидете добар слушател, иако и вас ви е премногу тешко.
  • Дајте им легитимитет на чувствата – велејќи “Знам дека се чувствуваш тажно” или “Знам дека татко ти/мајка ти ти недостасува”. Ова им овозможува на децата да знаат дека нивните чувства се валидни и оправдани. 
  • Понудете им поддршка – Прашајте “Што ќе ти помогне да се чувствуваш подобро?” Можеби нема да бидат во можност да ви кажат, но вие предложете им неколку идеи, седење во ваша прегратка, разговор, шетање...Помалите деца можеби ќе сакаат и да го слушнат татко им по телефон, дозволете им го тоа. 
  • Чувајте го здравјето – И за возрасните исто така разводот е стресна ситуација. Тој притисок може да биде засилен со затвореноста дома и финансиските проблеми. Изнаоѓањето начини за управување со сопствената фрустрација е од суштинско значење за вас и вашето семејство. Држете се себеси, што е можно повеќе, емоционално здрави бидејќи така ќе си помогнете во борбата против последиците од стресот. Со фактот дека се грижите за себе, на најдобар можен начин се грижите и за вашето семејство.
  • Зачувајте ги деталите за себе – Погрижете се да обезбедите приватност кога разговарате со пријателите или семејството. Обидете се да одржите нормални човечки односи со екс сопругот/ата, посебно кога сте заедно со децата. Не обвинувајте, не барајте одговорност, посебно НЕ пред вашите деца. Ова особено е важно ако бракот се растурил заради неверство.
  • Побарајте помош – Не можете низ ова да минете сами. Најдете група за поддршка, разговарајте со луѓе кои минале низ тоа, користете ресурси од интернет, или консултирајте се со вашиот лекар. Ако си помогнете себеси ќе им помогнете и на децата да се прилагодат на оваа голема промена. Помош од советник, терапевт, или пријател, може да ве одржува прибрани. Многу е важно децата да видат дека има на кого да се потпрат. Постарите деца можат да се почувствуваат подобро ако имаат рамо за плачење – бидете тоа!
  • Посматрајте го детското однесување – Природна е загриженоста на децата заради новонастанатата ситуација. Најдобро што можете е да се потпирате на инстинктите и на детските навики. Запрашајте се дали детето се однесува поинаку? Дали го цица палецот, седи подолго време замислено, гледа во празно, депресивно е, има слаби оценки во училиште, проверете дали детето користи цигари, алкохол, дрога, дали хронично има негативен став кон се? Ваквата состојба сигнализира дека детето има проблеми. Тинејџерите можат да имаат и проблеми во однесувањето, да крадат, да бегаат од дома или да дојдат во судир со законот. Без оглед дали овие проблеми се поврзани со разводот укажуваат на потребата за стручна помош.

Насилство пред децата

И покрај тоа што повремената расправија меѓу родителите се очекува и во здраво семејство, живеењето во бојно поле и во постојано непријателство и нерешени конфликти  меѓу родителите, е тежок товар за секое дете. Викањето, расправиите и насилството ги прави децата исплашени и загрижени. Сведоштвото за конфликтот меѓу родителите гради несоодветен модел на партнерски односи кај детето. Децата чии родители живеат во непријателство имаат продолжено емоционално однесување и потешкотии кои тешко се надминуваат.

 

 

Развод - втор дел

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
5
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?