Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мит 1 - Одредени пијалоци и храна звучат здраво, па најверојатно се здрави.
Не бидете изиграни - Овошен сок (дури и ако е 100% сок), спортски пијалоци, витаминска вода, овошни конзерви, пастеризирани сокчиња, како и енергетски мусли...имаат премногу шеќер.
Овие производи се буквално како десерти - не само што го креваат внесувањето на шеќер кај децата, исто така ја засенуваат единствената течност од која телото навистина има основна потреба...водата!
Совет - Наместо да им дадете сок, послужете вистинско овошје како закуска бидејќи има влакна и други потребни состојки кои сокот ги нема. Ако сокот не може да го избегнете, ограничете ја количината на внесување.
Мит 2 - Моето дете треба да ја изеде цела чинија.
Погрешно. Детето е родено со природен регулатор на глад, па ако го охрабрувате да посвети внимание на него, ќе ви каже дали е гладно или се најало.
Запомнете, кога сте добар пример за вашите деца, тоа е најдобар начин како да внесете здрави навики. Тоа значи дека децата треба да ве гледаат како и вие јадете овошје и зеленчук!
Совет - Сакате детето да проба нова храна? Нудете ја постојано, после некое време детето сигурно ќе ја проба.
Мит 3 - Премногу е ладно/топло за моите деца да играат надвор.
Погрешно. Играњето надвор е одличен начин да се крене активноста, да се бори со бактериите, дури и да се крене расположението. Исто така е добра форма на вежбање, што е всушност точно тоа што го препорачува докторот.
Вистината за ладното време: Ниските температури не ве прават болни… бацилите ве прават. Само облечете го вашето дете во слоеви за да му биде топло и тоа е подготвено за надворешна активност!
Вистината за топлото време: Потењето е природен систем на климатизација, не е сигнал дека е прежешко да се игра. Само осигурајте се вашето дете да има доволно крема за сончање и давајте му доста вода.
Мит 4 - Откако моите деца ќе ја завршат домашната работа, може да гледаат телевизија колку сакаат.
Лош план. Малку време пред телевизор е лизгаво поле. Не само што времето пред монитор ја потиснува активноста кај децата и ги стимулира повеќе да јадат, мозокот е веќе ограбен од добар сон. Исто така има ризик од лоши оцени и негативен став кон училиштето.
Совет - Исполнете го слободното време со други активности, а времето пред телевизор да е сведено на минимум.
Бонус мит - Моите деца нема да приметат ако мама и тато не се хранат добро или не се активни.
Апсолутно погрешно - Верувале или не, вашите деца внимателно ве следат како се грижите за вашето тело и суптилно го повторуваат тоа што го правите. Ако сакаме нашите деца да имаат здрави промени, сега е времето да се преземе нешто и да се скршат старите митови на родителството.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?