|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со авторката Ивана Ризаов

Марина Кљајиќ Петковски, 27.7.2021
Имам 32 години, родена сум во Кочани, а живеам и работам во Скопје. По професија сум дипломиран преведувач од англиски и германски на македонски јазик а обратно, а неколку години работев како Менаџер на два реномирани скопски хотели

image
/11


Во моментот работам како текстописец /креатор на содржини и активно работам на неколку нови книги. Пишувам од најрана возраст и имам добиено бројни награди и признанија на литературни конкурси, а и денес учествувам на конкурси кога ќе најдам време. По природа сум љубопитна и сестрана личност и се трудам да се испробам на секое поле. „Писма извајани од љубов " е моја прва книга." - вели за себе Ивана Ризаов, нашата денешна гостинка во рубриката "На кафе со" 

Рингераја: Кажи ни нешто за твоите почетоци? Кога стана свесна за твојот талент?
Ивана: Научив да читам и пишувам уште како мала, пред да тргнам во училиште. Се сеќавам дека кон крајот на второто полугодие во прво одделение учителката ни даде задача да напишеме песничка за водата што ја пиеме. „Чиста вода " е првата моја творба, песна во две строфи од по четири стиха која наиде на воодушевување од соучениците и учителката. Следните години почнав активно да учествувам на литературни конкурси каде добивав награди и ме снимаа од локалната телевизија. Сето тоа беше уште поголема мотивација да продолжам да го правам она во што и онака веќе уживав- пишувањето.
Рингераја: Како сфати дека сакаш да бидеш писател? 
Ивана: Отсекогаш знаев дека еден ден ќе издадам книга/и. Уште во четврто одделение во една тетратка напишав роман кој беше насловен „Сиси – разнобојниот папагал ". Тетратката за жал не ја чувам, ама она што уште тогаш си го ветив го исполнив. Е сега, ми требаше малку повеќе време, ама иако правев кратки паузи, во текот на годините никогаш не престанав да пишувам. Упорноста се исплатеше и мојот сон да моите зборови допрат да повеќе луѓе конечно се исполни.
Рингераја: Кога започна со пишување и како увиде  дека тука 'лежи' книга? 
Ивана: „Писма извајани од љубов " е пишувана во текот на повеќе години и некои делови имаа среќа да стигнат да читатели уште пред да биде издадена. Бидејќи наиде на бројни комплименти и воодушевувања, решив сите тие кратки текстови пишувани од срце да ги соберам во едно издание што ќе си го најде патот до младите срце кои сакаат да читаат книги со љубовна тематика. И не само за млади, туку и за оние постарите кои сакаат да прочитаат нешто поразлично од мотивационите книги и популарни романи со кои денес се преплавени книжарниците. Книгата влезе во наградените прозни книги за младина на меѓународната манифестација Планетопија 2020.
1
Рингераја: Колку долго трае процесот на пишување една книга? Од каде инспирација? Кое ти е омилено време за пишување? 
Ивана: Колку трае самиот процес на пишување на една книга не би можела со сигурност да кажам, посебно бидејќи јас не сум човек што работи само на еден проект, туку терам по неколку истовремено. Се инспирирам од се? околу себе, почнувајќи од природата, лични и туѓи искуства па се до филмови, историски настани и настани што се плод на мојата бујна фантазија. Интересно е што отсекогаш сум била ноќна птица и најпродуктивна во доцните ноќни часови, но последните неколку години најмногу уживам да пишувам рано наутро. 
Рингераја: Каде може да се купи „Писма извајани од љубов " и колку си задоволна од фидбекот од читателите? 
Ивана: Моето прво дело решив да го издадам повеќе како за своја душа и да бидам искрена не очекував некој голем фидбек. Сепак сум презадоволна од впечатоците на вљубениците во Писмата (како што скратено ја викаат читателите). Нема поубаво чувство од тоа кога ќе добијам порака од некој нов читател кој успеал да се пронајде во одредена страница, пасус, реченица. Сите пораки ги чувам и ми значат се на светот. Од почеток книгата ја има на купикнига.мк и може да се нарача дома и во странство, а сега веќе и во книжарница Литература на ул. Македонија и Сити Мол во Скопје. Прилепчани може да ја побараат во книжарница Михаела, а Кочанчани да ја позајмат од градска библиотека Искра. Наскоро се надевам ќе може да се купи и во други градови во Македонија.
Рингераја: Какво е твоето гледиште  - какви читатели се Македонците? Се читаат и ценат  македонските автори? Имаш ли некој омилен македонски автор? 
Ивана: Според мене, кај нас има луѓе кои се страствени читатели и такви кои воопшто не читаат. Ме радува фактот што се повеќе луѓе читаат и купуваат книги и сметам дека знаат да препознаат квалитет. Сепак, мислам дека повеќе се преферираат надворешни автори, а на нашите се гледа со доза недоверба. Јас сум активен поддржувач  на македонската книжевност и не само што читам македонски автори, туку и најчесто купувам книги од македонски автори. Немам конкретно омилен македонски автор, но се повеќе сум изненадена од младите таленти кои творат кај нас. Позитивно, секако. 
Рингераја: Дали и колку читаш? Кој жанр го преферираш? Кој е твој омилен автор?
Ивана: Читам многу, се од печатени книги и аудио книги, до статии на интернет и списанија. Обожавам и проза и поезија. Знам да се опуштам со некое романче на Гијом Мисо пред спиење, но и да се задлабочам во некоја психолошка книга на Фројд.  Има многу автори на кои им се восхитувам, а посебно сум вљубена во рускиот книжевен реализам од 19 век, па би ги издвоила Достоевски, Гогољ и Толстој. 
Рингераја: Што според тебе ја прави една книга добра? 
Ивана: Секогаш сум велела дека нема лоша книга и уште стојам зад тоа. Јас досега не сум прочитала книга од која не можеш да дознаеш нешто ново, да се воодушевиш на некој лик, да не потцрташ мисла што те погодила или пак цел пасус. Секоја книга е парче душа на авторот во која тој дал се од себе да ги преточи своите мисли и фантазии во зборови најдобро што знае и умее и за мене секое едно дело е еден вид ремек дело. 
2
Рингераја: Што би им порачала на сите оние писатели во обид кои негуваат желба за пишување, но се плашат да издадат свое дело? 
Ивана: Стравот е кочница за сите убави нешта во животот и во истиот момент кога човек ќе го препознае треба да се соочи со него. Има, секако, различни стравови. Ако се плашат дали ќе биде книгата прифатена од публиката, би им препорачала воопшто да не размислуваат на тоа, таа сама ќе си го најде патот до вистинските читатели. Ако се плашат дали ќе им се исплати финансиски, тоа се веќе реални стравови, за жал, во Македонија.
Рингераја: Кога да очекуваме нешто ново од тебе? 
Ивана: Се надевам брзо. Веќе имам готови неколку дела, роман кој е при крај, збирка поезија, а на пат е и детска книга кога ќе ги весели најмалите и нивните родители. Која книга прва ќе се појави во печатено издание ќе биде изненадување, дури и за мене. 
Веруваме дека уживавте во овој разговор :)
? благодариме на Ивана за издвоеното време и ? посакуваме уште многу тиражи и нови дела во иднина.
Доколку с? уште не сте ги прочитале „Писмата” - се надеваме добивте инспирација да го сторите тоа сега.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
5
Што треба да знаеме кога купуваме суплементи
При купување на суплементи, есенцијално е да го разбереме значењето на нивниот состав и начинот на производство. Составо...
4
Новогодишни кекси (Gingerbread cookies)
Рингераја Ви го открива рецептот за светски познатите Новогодишни кекси Gingerbread cookies
4
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мајка. Сите три сме со различни професии, економист, ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?