|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговараме со нутриционист Ирина Георгиева

Марина Кљајиќ Петковски, 2.3.2022
Дебелината е еден од почестите проблеми со кои се соочуваме. Таа сама по себе е непријатна, а не ретко повлекува сериозни последици како врз физичкото така и врз менталното здравје

image
/11


 

Иако денес имаме лесно достапни информации за здрава храна, правилната примена може да биде тежок предизвик. 

Исто така, со само два клика на интернет може да најдеме безброј диети и менија, но дефинитивно не е правилно да ги следиме слепо,туку секогаш е препорачливо да се консултираме со нутриционист. 

На наше и ваше задоволство, овој пат разговараме со дипломиран инженер технолог - нутриционист Ирина Георгиева.

Ирина има 27 фодини и долгогодишно искуство во свијата професија.

Студирала на Технолошко технички факултет во Велес, каде во 2017та се здобила со назив Дипломиран инженер технолог- нутриционист.

До денес има работно искуство над 6 години, а почнала да изработува програми за исхрана уште додека била на факултет, поточно од 2015 година, најчесто за семејството, пошироката фамилија и познаниците.

По завршување со студиите се посветила на професионално надоградување со стручна литература и предавања/ семинари од областа на нутриционизмот и диететиката и ја доусовршила претходно создадената програма за исхрана која дава резултати без гладување и без притоа клиентите да се чувствуваат како да се “на диета”.

Рингераја: Живееме во време кога една од најзастапените болести е дебелината. Дали се согласувате дека таа е болест ? Како дебелината влијае врз нашето здравје пред с?, а и на квалитетот на животот?

Ирина: Не знам дали постои некој кој не би се согласил дека обезноста (дебелината) е најчеста болест на денешницата. Иако може да е предизвикана од генетски, психолошки, метаболички или хормонски фактори, сепак станува збор за медицински проблем кој значително го зголемува ризикот за срцеви удари, дијабет, висок притисок, канцер и како таков мора да се третира од страна на стручно лице. Освен тоа што влијае врз здравјето кое патем е најважно, влијае и врз социјалниот живот како и врз самодовербата, што значи дека дефинитивно го намалува квалитетот на животот.

Рингераја: Она што најмногу загрижува е фактот што возрасната граница на луѓето кои страдаат од дебелина е с? помала. Притоа, се поголем број деца страдаат бројни болести како алергии, дијабет и сл.

На што се должи ова?

Ирина: Многу често се среќавам со различни возрасни групи на клиенти, а во последно време се почесто работам и со деца. Она што го спомнувам секогаш е дека не сите деца кои имаат неколку килограми плус се сметаат за обезни. Важно е да се знае дека градбата на телото е онаа која дефинира што е идеално за функционирање на организмот. Децата вообичаено имаат варијации во количината на масно ткиво во различни фази од развојот, затоа не се знае дали едно дете се смета за обезно, се додека не ги направиме потребните мерења и анализи за да се открие дали има потенцијални здравствени ризици. Ако сте загрижени дека детето зголемува тежина многу брзо, потребно е да се консултирате со стручно лице, а не веднаш да се посегнува по популарните диети. Кога се работи за деца секогаш се земаат во предвид генетските фактори на родителите, висината и тежината и фазата од развојот во кое се наоѓа детето.

Во случаи кога анализите потврдуваат дека се работи за обезност, тогаш најчест причинител е начинот на живот, односно малата физичка активнот и зголемениот внес на празни калории од брза храна, кондиторски производи и вештачки сокови, но не се мали и случаите каде зголемената тежина е последица на генетски и хормонски фактори или пак како последица на прејадување при стресни состојби или поради фармаколошки терапии.

Алергиите може да му се случат на секој без разлика на возраста и полот, но почести се кај децата и се должат на изменет, невообичаен и несоодветен одговор на организмот кон различни материи. Во нормални услови, имунолошкиот систем не чува од вируси и бактерии, но се случува да реагира и кон прашини, мувла, полен или одредени хранливи намирници за кои телото “вклучува аларм” и ги таргетира како опасни, па создава голема количина на антитела и во текот на алергиската реакција се ослободува хистамин и други хемиски супстанци – медијатори, кои предизвикуваат иритација на носната шуплина и очите или кожата, а во некои случаеви доаѓа и до засилено кивање, кашлица па и гушење и анафилактичен шок. Основен принцип при лекување на нутритивните алергии е исфрлање на конкретниот хранлив продукт од исхраната.

Рингераја:Најчесто самиот поим „диета" се поистоветува со анален бнес на калории, отфрлање на одреден вид на храна, прескокнување оброци, гладување.

Сето ова е погрешно?

Ирина: Постојано кога зборувам за програма за исхрана го избегнувам терминот “диета” од причина што самиот поим лично мене ме асоцира на листа на забранети намирници и нешто што “мора да се издржи, па макар и да се гладува” за да се намали тежината.

Она што треба да се знае е дека оптималниот однос помеѓу енергетскиот внес и енергетската потрошувачка овозможува нормално функционирање на организмот со одржување на телесната тежина во дозволените физиолошки граници.

Одржувањето на овој однос во оптималните граници е доста сложено, но не значи дека е потребно исклучување на одреден тип на храна, скокање оброци и гладување бидејќи ако целта е слабеење со ваквите диети единствено што ќе се постигне е недостаток на макронутриенти, витамини и минерали, намалена енергија, ослабнат имунитет, ризок од појава на анемија, а потоа си доаѓа и јојо ефектот. Затоа пред да се одлучите за слабеење со популарните диети консултирајте стручно лице кое според вашите параметри, начинот на живеење и анализите ќе создаде програма за исхрана која е прилагодена на индивидуалните потреби.

Единствени намирници кои јас ги исклучувам од програмите за исхрана се оние за кои имаме медицинска индикација дека треба да се исклучат и кога клиентот не сака да ги има од причини што не му се допаѓаат на вкус, бидејќи секој оброк треба да причинува задоволство. На овој начин постигнуваме здраво и одржливо слабеење без гладување чии резултати се долгорочни.

Рингераја: Денес на Интернет лесно можеме да дојдеме до голем број информации за слабеење, "магични" чаеви и пилули, како и инстант диети со мени како протеинска диета, УН диета, Диета 8 часа и слични.

Кое е вашето професионално мислење за нив ?

Ирина: Една програма за исхрана не може да функционира за сите од едноставна причина што сите имаме различен организам, различни здравствени состојби, различни параметри и различен стил на живот, така што популарните “диети” не се ништо освен изгладнување на телото со еднолична исхрана и немаат никаков баланс во внесот на нутриенти. Со самото тоа што гладувате, секако дека ќе има резултат, но прашање е колку ваквиот начин на слабеење е здрав. Под здраво слабеење се подразбира губење од 0.5 до 2кг неделно со балансирани оброци без гладување. Потребно е да јадете квалитетно, а не количински помалку.

Високо протеинските диети не само што на долг рок може да направат здравствени проблеми, туку и не се препорачливи за сите категории на лица така што е многу ризично да се држат на своја рака без претходно стручно лице да ја разгледа целата здравствена историја на клиентот.

Не постои такво нешто како “магични” таблети, чаеви или шејкови за слабеење кои на здрав начин ќе овозможат намалување на тежината.Сите овие производи се продаваат како заменски оброк, што значи скокаме еден главен оброк, и намалуваме внес на природни намирници, во замена за вештачки создадени производи. Овие производи штом не се продаваат во аптеки, туку од страна на дистрибутери, не треба да се земаат на своја рака бидејќи големи се шансите дека тој препарат не е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство, што значи дека не е безбеден.

Рингераја: За ефикасно намалување на килограмите, дали е доволна само правилна исхрана или неопходна е и физичка активност?

Ирина: Доколку сакаме да водиме здрав живот, физичката активност е незбежна. Не мора тоа да значи дека треба да посетувате редовно теретана или да вежбате дома, доволно е и да пешачите барем половина час дневно за да си го подобрите здравјето, а килограмите паралелно со здравиот начин на исхрана сами по себе ќе се намалуваат.

Рингераја: Која е улогата на нутриционистите?

Кога треба да се обратиме на нутриционист?

Ирина: Нутриционистот е стручно лице кое преку направени анализи, може да ви помогне да третирате здравствени состоби кои се поврзани со исхраната, да ви помогне да намалите тежина или зголемите тежина на здрав начин.

Нутриционистите помагаат да се организира исхраната, односно однапред да се испланираат оброците и може да ви помогне да ги одберете намирнциите зависно од вашите нутритивни потреби, а на тој начин да се подобри квалитетот на вашиот живот и да се ужива во балансираната исхрана

Паралелно нутриционистите имаат улога и да ве едуцираат како да развиете здрав однос кон храната.

Ако не сакате да експериментирате со своето здравје, кога имате здравствени проблеми со исхраната, физичкиот изглед, тежината, кога веќе самите сте утврдиле дека моменталниот начин на исхрана не ви е соодветен или имате друг проблем поврзан со исхраната, следниот чекор треба да ви биде да се охрабрите и да контактирате нутриционист.

Рингераја: Кои се вашите клиенти? Која е оптималната возраст кога треба да се консултира нутриционист?

Ирина: Работам со најразличен тип на клиенти кои имаат здравствени проблеми како хипо/хипертиреоидизам, анемија, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, цревни заболувања, полицистични јајници, покачен холестерол, трудници и доилки,спортисти, клиенти кои имаат потреба да намалат или да зголемат тежина. Не постои такво нешто како оптимална возраст за да консултирате нутриционист. Веднаш штом се идентификува некаков проблем поврзан со исхраната може да направите бесплатна консултација и да утврдиме заеднички како и дали може да се реши со исхраната.

Рингераја: Се поголем број млади парови се соочуваат со брачна неплодност. Има ли квалитетот на исхраната влијание врз тоа?

Ирина: Врз плодноста влијаат многу фактори, меѓу кои нормално и начинот на исхрана. Кога се работи на третирање на неплодност, третманот секогаш треба да вклучува и разговор со нутриционист за да се испитаат моменталните навики во исхраната и да се направи програма за исхрана која ќе има позитивен ефект врз плодноста, преку внесот на намирници богати со изофлавоноиди, фолна киселина, витамин б12, омега 3 масни киселини, здрав начин на исхрана и намалување на внесот на заситени или трансмасти.

Рингераја: Каква исхрана треба да имаат трудниците и доилките?

Ирина: Заедничко за трудниците и доилките е дека треба да посветат особено внимание на исхраната и заради сопственото, но и за здравјето на бебето.

Правилната исхрана кај трудниците не треба да вклучува “јадење за двајца”, доволни се дополнителен внес на 300 калории за да ги задоволите зголемените потреби за енергија и макронутриенти. намирници кои се богати со омега 3, калциум, витамин Ц, железо, цинк, хранливи влакна, протеини, јод и да се суплементира витамин Д, како и да се избегнува внес на алкохол, зголемени количества на кофеин и риба и морски плодови кога потеклото не е познато.

Кај доилките потребно е зголемување на внесот на калории за 300-400 калории, и да се одбере храна со доволна количина на нутриенти, да се зголеми внесот на течности, а да се намали внес на газирани пијалоци, шеќери, алкохол и кофеин, како и да се избегнува риба и морски плодови кога потеклото не е познато.

Рингераја: Нешто што се занемарува е внесот на вода. Често слушаме дека се препорачуваат 8 чаши вода дневно. Колку оваа информација "држи вода"?

Ирина: Внесот на доволна количина на вода игра важна улога во одржување на електролитна рамнотежа и одржување на крвниот притисок, зачувување на здравјето на зглобовите, регулирање на телесната температура и зачувување на здравјето на клатките. Водата треба да се пие во текот на целиот ден дури и кога не чувствуваме жед, бидејќи кога веќе ќе се појави чувството на жед значи дека веќе има умерен степен на дехидратација. Количината на вода која е потребна за функционирање зависи од многу фактори како што е вашето здравје, физичката активност која ја имате на дневно ниво. Советот да се пие 8 чаши вода на ден е лесен за памтење и е применлив и за некои лица ова функционира, додека за некого 8 чаши вода се премалку и имаат потреба од поголем внес на вода. Доколку вежбате, живеете во средина во која преовладува топла клима, сте бремена или доите потребно е да се внесуваат поголеми количини на вода. Затоа секогаш препорачувам да не се држиме до бројка на испиени чаши, туку да се пие вода што почесто во текот на денот.

Рингераја: Во последно време многу популарни се протеинските прашоци. Кое е вашето мислење за нив? На што да се обрне внимание при користење на истите?

Ирина: Протеинот е еден од најважните макронутриенти кои помагаат во градење на мускулната маса и е есенцијален бидејќи има улога и во одржување на хормоните. Протеинските прашоци се диететски додаток во исхраната кои најчесто се користат од страна на спортисти за да се зголеми физичкиот перформанс и да се помогне при градба на мускулната маса. Со помош на протеинот може да зголемите мускулна маса, но внесот на ваквиот суплемент не смее да биде на своја рака и мора паралелно со конзумирањето на протеинот да се воведе физичка активност (вежби дома или во теретана) со цел истиот правилно да се искористи од мускулите и да не создаде бубрежни проблеми. При користење на протеин како суплемент, секогаш треба да се внимава на количината, бидејќи прекумерена доза на протеин на дневно ниво, на подолг временски период може да создаде проблеми со варењето на храната, проблеми со коските и бубрезите. При избор на протеински прашок барајте квалитетни и безбедни производи кои не содржат додадени вештачки засладувачи, канцерогени или генетски модифицирани додатоци и добро истражете ги состојките наведени во составот означен на етикетата. Доколку во вашата исхрана сте вклучиле доволно пилешко месо, мисиркино месо, туна, мешунки, грчки јогурт, бадеми и слично, немате потреба да суплементирате со протеински прашок.Имајте на ум дека секогаш кога користите протеин во прав како додаток во исхраната, треба да се зголеми и внесот на вода.

Рингераја: Не помалку актуелно е и користењето на колагенот. Кој е вашиот став?

Ирина: Колагенот е природен протеин, познат и како протеин на младоста, кој во телото е примарна структурна компонента на сврзното ткиво и кожата. Постојат најмалку 30 видови на колаген, секој со различна аминокиселинска структура и сите тие влијаат врз хидратација, еластичност на кожата, здрави заби, тетиви и очи, го намалуваат ризикот од остеопороза и појава на целулит, го забрзуваат на растот на косата и ги зајакнуваат ноктите, ги штити крвните садови и нервите, ги обвива мускулите и мускулните групи.

После 20тата година телото ја намалува количината на колаген кое природно ја создава, така што добро е да се суплементира со цел да се намали ризик од предвремено стареење на кожата и трошење на рскавиците.

Рингераја: Кафето е една од омилените пијалоци. Која е дневната оптимална доза на кафе?

Ирина: Умереното конзумирање на кафе има позитивно влијание врз организмот, но само кога се пие 20-30 минути после првиот оброк.

Оптималната дневна доза на кафе зависи од здравствената состојба, но не се препорачува повеќе од 400мг кофеин на дневно ниво. Децата, лица кои земаат лекови за анксиозност , бремени жени и доилки како и лица со кардиоваскуларни заболувања треба да избегнуваат внес на кафе.

? благодариме на Ирина за издвоеното време и за исцрпните одговори. Веруваме дека дадовме корисни информации. Ирина ви стои на располагање за с? што дополнително ве интересира.

Контактирајте ја на нејзиниот Инстаграм профил 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нови Beauty одлуки
Признајте дека не ги исполнувате ветувањата кои сами на себе сте ги дале, дека не ги цените сопствените одлуки и дека ч...
3
Насмевката - ефикасен лек за душата и телото
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, б...
3
Која е новата љубов на Тони Цетински?
По пријателскиот развод од Ивана Нобило, хрватскиот крал на поп музиката има нова љубов
3
Фотографии од свадбата на Филип Миркуловски
Ракометарот на Металург Филип Миркуловски се ожени со долгогодишната девојка Благица, ќерка на претседателот на Уставнио...
3




Анкета

koe ime da go izberam
gricko

koe ime e poubavo

maksim (35%)

mateo (39%)

gregori (26%)


Број на сите гласови: 119

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!