|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Растење на плодот по недели, 3. тромесечје

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни што се случува во вас и како вашиот плод се развива во третото тромесечје.

image
/11


XXXII недела
Вашето дете би требало да е долго околу 41 см, а тешко околу 1600 гр. Детето сега веќе изгледа како новороденче но и понатаму е слабо и телото мора уште да му се развива. Неговиот мозок многу брзо расте, така што и главата станува се поголема. Во матката има се помалку место, па веројатноста да се сврти со главата надолу е голема. 

 

XXXIV недела
Детето сега е долго околу 44 см, а тешко околу 2000 гр. Тоа разликува светло од мрак, па кога спие очите му се затворени, а кога е будно очите му се отворени. Сите органи воглавно се развиени.

 

XXXVI недела
Вашето дете во овој период е долго околу 46 см, а тешко околу 2500 гр. Неговата глава е веќе спуштена во карлицата, подготвувајќи се за породување. Ноктите на рацете и нозете се пораснати до врвовите на прстите. Кај машките деца во овој период би требало тестисите да се спуштат. Детето има потполно развиена коса, трепки и веѓи. Во следните неколку недели детето ќе ја зголемува својата тежина за околу 28 гр. дневно.

 

XXXVIII недела
Детето сега би требало да е долго околу 49 см, а тешко околу 3000 гр. Во неговите црева се собира мекониум, првата столица кај новороденчето. Плодовата вода која поради излупените клетки и маснотии е бела, значи дека на бебето сеуште му е добро во стомакот на мајката. Може да се случи, бебето и да се искака во стомакот на мајката, а тогаш докторите одлучуваат дали тоа има добри услови за живот во стомакот.

 

XXXX недела
Вашето дете би требало да е долго околу 51 см, а тешко околу 3400 гр. Повеќето влакненца би требало да ги нема, иако би можело да се случи да останат по рамениците, рацете и нозете. Детето и понатаму може да биде покриено со верникс и движењата на детето се ограничени.

 Возраст на плодот

 Проценета должина*

 Проценета тежина*

 XXXII

 41 см

 1600 гр.

 XXXIV

 44 см

 2000 гр.

XXVI

 46 см

 2500 гр.

 XXXVIII

 49 см

 3000 гр.

 XXXX

 51 см

 3400 гр

* податоците се разликуваат од извор до извор поради различниот начин на мерења

Ве интересира како се разива и расте плодот, што се случува со трудницата и за што размислува идниот татко?  Календарот на бременост на Рингераја, ве води од недела во недела низ бременоста.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Во живо: Принцезата почна да се породува!
Следете ги настаните во живо!
5
Мислела дека носи едно дете, а родила шест
Авганистанка родила шесторка, а не знаела дека носи повеќе од едно бебе, објави BBC
5
Храна која треба да се избегнува во бремен...
Водете грижа што внесувате во организмот во текот на бременоста. Некои прехранбени продукти можат да бидат штетни за Ваш...
3
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?